Нема да се сложам со некои членови тука дека Бахмут бил неважно гратче... Не може за едно неважно гратче да се водат толку жестоки битки кои траеа колку 8-9 месеци? Факт е дека во Бахмут беа стационирани голем број на украински војници кои беа повеќе од солидно вооружени, на почетокот Зелински и западните лидери/медиуми викаа дека градот не смее да падне...пишав јас пред некоја недела кога веќе се надзираше исходот од оваа битка, тоа што Зелински не сакаше да ги повлече своите војници и ги остави до самиот крај да бидат топовско месо е крајно глуп потег, лика и прилика за човек кој не треба да биде во политиката.
Иако им требаше големо време да дојдат до оваа победа, мислам дека целта ги оправда средствата за Путин. Успеа да го освои градот со група платеници, без воопшто да ја користи својата армија, а од друга страна ова испадна тежок пораз за украинците, повторно изгубија премногу број животи, не успеаа да го одбранат градот и посекако овој факт ќе делува депримирачки за нив во понатамошните борби.
Јас незнам кој друг град украинциве би го бранеле вака жестоко со месеци... Нормално не правам муабет за големите градови како Киев, Лaвов и останатите, туку за овие "помаливе и небитни" како Бахмут.
Во
овој мој пост пишував баш за тоа.
Дополнително, околу загубите... Русите имаат многу поголеми загуби отколку Украинците и во луѓе и во техника (постирав извор во
овој пост).
Има некои муабети (или подобро да се изразам
желби) на про-украинската страна, дека Бахмут може да биде она што беше Сталинград за Германците во WW2, каде што откако влегле во градот, им се случило опколување и морале да се предадат. Со оглед на тоа што последниве 2 недели Украинците завземаа доста позиции надвор од Бахмут што претходно ги држеше Руската војска (flank positions), ако решат да тераат до крај и да го опколат Бахмут, Вагнер ќе немаат избор освен да се предадат.
Искрено не верувам дека ќе дојде до тоа. Пологично ми е дека завземањето на тие позиции било со цел да можат Украинците целосно и безбедно да се повлечат од Бахмут, но ако евентуално се случи тоа што го пишав, ќе биде fail за Русите од невидени размери.
Околу моралот и "тешкиот пораз на Украинците"... Фокусот на Украина одамна е југот на земјата и веројатно и Крим. Главната армија и опрема на Украина воопшто не беше во Бахмут, туку се чува за таа офанзива. Ако успеат да си го повратат тој дел, тоа што загубиле мал град одамна срамнет со земја ќе нема апсолутно никакво значење за нив. Но ќе има огромно за Русите. Зашто ќе испадне се мачеле 9 месеци да завземат мал, ненаселен и стратешки небитен град, потрошиле еден куп луѓе и опрема, за како одговор да изгубат пола територија што ја освоиле од почетокот на војнава.
Всушност, ако го изгубат Крим - очекувам дека тоа ќе биде крај на војнава. На Украина не ѝ треба истокот на земјата каде што веќе не ни има Украинци, па да мора да си го врати тој дел по секоја цена, а Русија ќе нема можност повторно да го завземе Крим.