Premier League - 2021/2023

Кои 2 екипи нема да завршат во топ 4?


  • Вкупно гласачи
    91
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.

ManUtdChampions

Lleyton Hewitt
Член од
5 февруари 2009
Мислења
32.566
Поени од реакции
43.098
Сосема очекувано е во фудбалот екипа без искуство да падне под притисок во вакви моменти.

Во овој тим на Арсенал и тие 2ца што се наоѓале во вакви ситуации претходно (Зинченко и Жезус) биле само со споредни улоги во тие моменти. А може и 3ца да се, ако Парти беше дел од тимот на Атлетико што освои Ла Лига пред 2-3 год, да не гуглам сега.

Од друга страна Сити тек се будат, во ненормална форма се последните месец ипол. Едноставно Арсенал (а и никој друг моментално) не се доволно дораснати да се носат со тим што игра на такво ниво.

И нека не ги залажува сезонава, далеку се од комплетен тим и со ЛШ догодина, ако не инвестираат сериозно и паметно на лето, наредна сезона можат многу лесно да се вратат во борба за топ 4.
Аууу, ги вратив во живот :pos:
 
Член од
29 јануари 2015
Мислења
7.278
Поени од реакции
20.260
Ама фантазерот Зинченко кој мисли дека е некаков лидер на тимот, секако без капитенска лента и во филм дека е играчина јака, на 0:2 во 13-та минута ги собира соиграчите и им држи говор. :pos:

20230421_224645.jpg




До коска непријатно. А ликот не го проследи Волкот баш за вториот гол и во продолжение играше очајно, дури и за третиот може да се рече дека има вина.
Инстантно во Бахмут би го испратил со првиот лет.
 
Последно уредено:
Член од
14 април 2012
Мислења
31.900
Поени од реакции
63.775
Сосема очекувано е во фудбалот екипа без искуство да падне под притисок во вакви моменти.
Притисок во 65 секунда од мечот? На домашен терен? Против убедливо најлошиот тим во лигата?

Искрено, очекував дека Арсенал ке има мака кај екипи како Њукасл, ама дека самиве ке си бидат кривци за позицијава каде се наоѓаат, тешко. Џака ја распали публиката на енфилд при водство од 0-2, Парти зеде да го префрла Рајс пред 16 метри пак на 0-2 резултат, па пенал кој ги врати во игра, Рамсдејл денес дава пас во нога на противник во прва минута.

Ова Зинчеково, колку профит од него сезонава, толку и фира. Му ја протна меѓу нозе трент за изедначувачкиот гол, а денес го немаше на позиција за 2 од 3-те примени гола, па уште држи TED TALKS на терен. Жезус да беше пофокусиран да заврши акција, наместо да глуми за пенали, можеби и ке имаше придонес денес. Би го млател по глава да сум му соиграч за промашените шанси.

Како се срушија сите на крајот на мечот, според мене е моментот кога им покажаа на Сити дека ментално се предадени. Очекувам Сити да ги спука прописно.
 

Nik20

Неверификуван член од немаштија
Член од
13 јули 2009
Мислења
5.388
Поени од реакции
6.470
Ќе се самобанирам… со жена дискутирам Премиер лига??? Поздрав другари, одам ја не се враќам на темава…
Имаше порано на форумов кајганџика за манчестер што беше. Повеќе разбираше фудбал од многу тука што коментираат.

Инаку, не е изгубено се за Арсенал. Само треба да го тепаат Сити, со оглед на напнатиот распоред што го има сити на крајов не гледам дека тоа е невозможно.
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
7.538
Поени од реакции
6.204
А нај интересно ми е што навивачите нивни се тешаат демек второ место е премија за нив, пред почеток на сезона очекувале борба за топ 4 и слични муабети. Тој е менталитетот кој владее и во клубот веројатно затоа им се случува овој потоп.
 

ob1

Член од
7 март 2010
Мислења
8.943
Поени од реакции
24.644
Притисок во 65 секунда од мечот? На домашен терен? Против убедливо најлошиот тим во лигата?

Искрено, очекував дека Арсенал ке има мака кај екипи како Њукасл, ама дека самиве ке си бидат кривци за позицијава каде се наоѓаат, тешко. Џака ја распали публиката на енфилд при водство од 0-2, Парти зеде да го префрла Рајс пред 16 метри пак на 0-2 резултат, па пенал кој ги врати во игра, Рамсдејл денес дава пас во нога на противник во прва минута.

Ова Зинчеково, колку профит од него сезонава, толку и фира. Му ја протна меѓу нозе трент за изедначувачкиот гол, а денес го немаше на позиција за 2 од 3-те примени гола, па уште држи TED TALKS на терен. Жезус да беше пофокусиран да заврши акција, наместо да глуми за пенали, можеби и ке имаше придонес денес. Би го млател по глава да сум му соиграч за промашените шанси.

Како се срушија сите на крајот на мечот, според мене е моментот кога им покажаа на Сити дека ментално се предадени. Очекувам Сити да ги спука прописно.
Има логика и изјавава.
Нема полошо од сам кога ќе си ја ставиш сумњата во глава, уште не си почнал да се натпреваруваш а си поразен.

FB_IMG_1682115314210.jpg
 

ManUtdChampions

Lleyton Hewitt
Член од
5 февруари 2009
Мислења
32.566
Поени од реакции
43.098
Притисок во 65 секунда од мечот? На домашен терен? Против убедливо најлошиот тим во лигата?
Добро, тоа беше индивидуален кикс повеќе. Не зборам само за мечов, туку и за загубените поени со Ливерпул и Вест Хем. Со Вест Хем имаа и пенал за 3-1 нели, ама тоа е тоа.
 
Член од
14 април 2012
Мислења
31.900
Поени од реакции
63.775
Имаше порано на форумов кајганџика за манчестер што беше. Повеќе разбираше фудбал од многу тука што коментираат.
Паметно си направи периодов, отиде во тропски краеви. Да не ни ја гледа маката во ЛЕ.
 
Член од
12 декември 2010
Мислења
10.071
Поени од реакции
10.791
А нај интересно ми е што навивачите нивни се тешаат демек второ место е премија за нив, пред почеток на сезона очекувале борба за топ 4 и слични муабети. Тој е менталитетот кој владее и во клубот веројатно затоа им се случува овој потоп.
Пред почеток на сезона ке потпишеа со две раце за второ место ама да имаш толкаво водство и да го губиш со екипи ко Саутемптон нема тешње за губење на титулата
 

Riken

the power of imagination makes us infinite
Член од
9 декември 2008
Мислења
12.333
Поени од реакции
29.469
Колку само паметно сега за сега изигра Гвардиола сезонава. Претходно играше фул состав во 90% од утакмиците во ПЛ и ја решаваше уште во Март или Април, и во клучен дел на ЛШ експерементираше и отпаѓаше.
Сезонава темпира за ЛШ, а со тоа и ја подобрува формата во лигата во најбитниот период.
Од друга страна Артета и Арсенал со неискуството и од преголемата желба за титула, ја направи истата грешка како Пеп во минатото.
Другарче Пеп има два тима у состав Артета има за измена играчи со две леви нозе.
 
Член од
3 декември 2014
Мислења
361
Поени од реакции
285
Навистина штета ќе биде ако не освојат оваа сезона пред се прибидеќи беа во добра прилика ама реалноста и можностите се сосема друго.Арсенал нема ростер за титула сеуште пред се нема клупа ниеден од замените реално не можи да загрози некој од првиот тим да го седни неколку натпревари на клупа или да размрда и освежи кога ќе влези од клупа ова лето треба да се донесат такви играчи што ќе можат да претендираат и за прв тим не само за на клупа.Добро е што има доста играчи што се на излезни врати од кои можи да се соберат 100м плус уште 70,80 можи да се донесат барем 3 добри играчи еден напаѓач два од средина и еден одбрамбен ако се погодат ќе се борат и вгодина за највисок пласман ако не се вложи правилно мах за топ 4.
 
Член од
23 февруари 2015
Мислења
1.119
Поени од реакции
2.021
Na edna strana na klupa se Foden i Mahrez, na drugava se Nelson i Nketiah. Iskreni da bideme Arsenal i mnogu poveke napravi otkolku sto se ocekuvase od tolku neiskusni igraci. Samoto toa sto vo 32 kolo se vo borba za titula e za pocit i nisto drugo od golman pa do trener.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom