Premier League - 2021/2023

Кои 2 екипи нема да завршат во топ 4?


  • Вкупно гласачи
    91
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
5 март 2018
Мислења
15.597
Поени од реакции
17.294
:( Млад си уште, ќе сфатиш има време. Човек се учи додека е жив, така и ти веројатно ќе научиш дека Арсенал е екипа со лузерски менталитет, игра до февруари и толку после иде потоп. Ајде годинава во нивната најдобра сезона у последни 20 години истераа до април ете…
Абе каци ти, го плати интернетот ?
 
Член од
3 декември 2014
Мислења
362
Поени од реакции
285
Неверојатно што нема да прочиташ најслаба сезона во последни 20г а ниеден добар аргумент нема за тоа ако се оспорува со такви аргументи какви што се пишуваат секоја сезона до сега можи да успори дека била слаба поради Х причини.Генерално гледано сезонава е просек на минативе има два претенденти за титулата од кој едниот е Сити а др се менуваат кога Ливерпул кога Челзи кога МЈ и ретко кога некоја ќе му скубне по една во последниве 7,8г.
Муабетот дека Сити е далеку послаб од минатите години не држи поради тоа што генерално освојуваат сличен број на поени скоро секоја сезона а и оваа не е исклучок на тоа.Дали играта им е послаба не би рекол можеби играат подруг систем поради Халанд ама секако се доминантни во играта посебно во ЛШ тоа се приметува како лесно ги мелат и најдобрите како што беше тоа последно со Баерн.Што се однесува до Арсенал да не заборавиме дека на почеток од сезона ретко беше спомнуван и како топ 4 а не пак борба за трофејот и таму се благоданерие на одличната игра до сега а не на некаков склоп на околности и нормално со последниве два резултати си ги намалија шансите за трофејот ама не се изгубени сеуште како и Сити и тие ако ги победат сите утакмици до крај а мејгусебната сега за сега им одговара и нерешено ќе бидат шампиони.Муабетите дека оваа сезона е бити ил небити за Арсенал не би се сложил моменталниов состав на Арсенал е еден од најмладите во лигата мислам 2 беа во тој сегмент и освен Џака и Парти кои се по 30 г др се далеку помлади и можат да играат на високо ниво уште барем 7,8 години ако не се продадат со носење на 2,3 добри играчи не гледам како и наредна сезона Арсенал не би бил при самиот врв.
 
Член од
29 април 2015
Мислења
4.109
Поени од реакции
3.933
Колку само паметно сега за сега изигра Гвардиола сезонава. Претходно играше фул состав во 90% од утакмиците во ПЛ и ја решаваше уште во Март или Април, и во клучен дел на ЛШ експерементираше и отпаѓаше.
Сезонава темпира за ЛШ, а со тоа и ја подобрува формата во лигата во најбитниот период.
Од друга страна Артета и Арсенал со неискуството и од преголемата желба за титула, ја направи истата грешка како Пеп во минатото.
 

Toma

Корона стронг
Член од
22 април 2014
Мислења
4.098
Поени од реакции
3.294
Колку ли ќе ми биде мило Арсенал да исчуре, 20 години како не ги сакам Арсенал и Манчестер Јунајтед, 99 ли Манчестер освои титула во последната секунда и уште од основно еден школски навиваше за нив, друг па за Арсенал и нонстоп се расправаа кој бил подобар и си продолжија расправиите и во средно,
и сега попрво утепаниот Челзи да освои одколку некој од овие.
 
Член од
21 март 2023
Мислења
166
Поени од реакции
369
Ft7quSKXgAAdwrJ.jpeg


Која комедија. :lolzz::lolzz::lolzz:
Нема место за Де Геа и Бруно во номинациите за тимот на сезоната, плус и други играчи од другите клубови кои заслужуваат да се тука, битно тука е Бентанкур. Да ви се испосерам во критериумите.
 
Член од
22 декември 2011
Мислења
2.173
Поени од реакции
4.753
Алисон. Кепа и Лено ни самите не знаат како се номинирани. И срамота што го нема Де Геа, со Попот главни фаворити треба да се.

Хавертц, Нунез. :pos: Каква е оваа дупешка? Тони и Митрович ги нема, а слепциве ги ставиле. Па Жезус пола сезона беше повреден има подобра статистика од овие.

Според мене:

Голман >Pope
Одбрана > Трипие - Салиба- Ботман - Шо
Средина > Касемиро - Де Брујне - Одегард
Напад > Сака - Халанд - Рашфорд.

МВП - Халанд
Тренер- Артета
 
Член од
12 јануари 2015
Мислења
2.236
Поени од реакции
3.781
Алисон. Кепа и Лено ни самите не знаат како се номинирани. И срамота што го нема Де Геа, со Попот главни фаворити треба да се.
Рамсдејл, Де Геа/Поуп :D

Ако освои Арсенал, тогаш Артета, инаку Еди Хау треба да биде тренер на сезоната.
 
Член од
8 септември 2008
Мислења
11.841
Поени од реакции
10.209
Ова е една причина ради која веројатно Арсенал ќе изгуби титула, втората е поради лошо менаџирање после водство, особено во вторите полувремиња. Не ја гледав денес, ама пример против Ливерпул беа криминал во второ полувреме, не викам дека на водство од 0-2 или 1-2 на Енфилд да напаѓаат како да нема утре, ама не можеш бункер да играш и да избиваш топки како тим што се бори за опстанок. Ваљда и денес правеле такви глупости, а паничење и прерано повлекување скоро секогаш резултира со примање голови.

Голема маана за Арсенал е што немаат клупа, имаат 13-14 добри играчи и другото е се просек или испод просек. Од друга страна Сити има 20 добри играчи и простор за бесконечни ротации.
Апсолутно ништо не е сменето во големи утакмици, Артета ја има наследено најголемата негатвина особина од Венгер од која страдаше Арсенал, тврдоглавост до пропаст. Не менува апсолутно ништо до 80та минута, редовно касни си замените, психички не се спремни за одиграат 90 минути во клучни утакмици, посебно против големиве клубови. Таа со Ливерпул и вчера беше тотален флешбек на Арсенал од последниве 20 години
 

Scirea

ZARDOZ
Член од
4 август 2010
Мислења
27.086
Поени од реакции
85.051
И да ја свртат сега, не верувам дека ќе освојат ПЛ...се гледа дека ги јаде притисокот, и ја немаат онаа течна игра која ја тераа цела сезона. Јебига, колку и да се добри сепак премногу млад тим се, се гледа неискуството како да ја завршат сезоната. Нема да ме чуди ако доживеат дебакл оваа Среда од Сити... :toe:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom