Не знам што очекуваат повеќето од Арсенал. Прво се прелимитирани во составот, замените се треторазредни играчи. Види го овој Фабио Виеира како игра, дрвар невиден. И првата постава на хартија не е ни во топ 4 во лигата, така што во моментов што се прво место е светско чудо. Не може да се очекува дека ќе газат ко Сити, затоа што Сити има играчи за два состави појаки од Арсенал да склопи.
Константно напаѓаат денес, лош сплет на околности што Рамсдејл ги пресече со грешка за првиот гол кој падна уште во 20-та секунда. Немаат класичен напаѓач, Габриел Жесус е солиден годинава, ама и тој се враќа од повреда. Џабе напаѓаат, нема кој да даде гол. Имаа пех во одбрана со повредата на Салиба, Холдинг и Габриел се многу лош тандем и тука треба да се бара вината за тоа што се нестабилни во последниве кола. Реално Холдинг е штопер за тим ко Борнмут, а Габриел покрај него личи ко за во втора македонска лига да игра.
Прават некои аматерски грешки. На пример Парти откако се врати во игра, се изнаправи клучни грешки кои водеа до голови.
Додатно на тоа, изгубија бодови ради судии. Кој што сака нека каже, многу очајни одлуки имаше против клубот. Да не коментирам што кога послаб противник поведува против нив, судиите константно толерираат задржување време. Види го голманов на Саутемптон, задржува време на секое рогање од гол аут, лежат по терен цело второ полувреме.