Дутра нели е лев бек природно? Зошто мора 60 минути да игра Талески кога може да го одмори малку и да игра со Дутра-Карапалевски постава. Ужасно одигра вчера Тале, како да беше оној стариот што сите го плукаа, ама па и реално душа му зема Бутин со играњево полна минутажа.
Многу евтин начин да се продаде титулата е ова, сам да подариш некому победа. Се што можеше да тргне погрешно вчера, тргна. Катастрофално делење на минутажата од Бутин, посебно со оставањето на Карапалевски повеќе од Дутра на терен, колку и да е слаб овој за Мартин е измислен. Апсолутна неталентирана нула е Карапалевски, ај што не даде ни еден гол па и ептен е предвидлив во играњето, само се залетува кон одбраната и го бара Столе да го проигра, нит крила нит бекови му постојат во главата во тие моменти, во Бутел не би бил првотимец некои во репрезентација го бараа

. Во секој момент кога ќе се доближевме некој дебело усеруваше и ги враќаше во игра. На почеток на второ тоа беше Јагуриновски со три грешки по ред, еднаш кога се плеснаа со Митев со главите, следниот напад контра сам со Трајковски му ја фати, одма после тоа му ја фрли во нозе на Тале. Гоце одзима топка при нивен исклучен играч, со празен гол ни играат, не ја фрла него иде да трча во контра и на пола терен Стојковиќ од позади грб му ја краде

, следен напад пак иста ситуација ја одзема Гоце и не фрла му ја дава на Манасков, овој исто се решава да не фрла директно него трча на нивна половина со лоб да ја фрла, Трајковски стигнува да се врати и на овој лобот од страв над гол му завршува

. Столе со криви очи им игра на најбитен напад на натпреварот и нормално си ја собраа и ни дадоа гол. Последните два напада, со играч повеќе и тоа, се трагикомедија, дефиниција за немање тренер на клупа и влагање вода во уши. Тука мора да се спомене и една апла погрешна одлука на Наче и Николов, кога му поништија гол на Моралес поради пробивање, а Ѓорѓиев беше толку влезен внатре во 6 што мислам дека не ни допираше со прсти на линија. Не сакам да верувам во теории на заговор, али таква одлука на еден разлика на 7-8 минути до крај има огромно влијание на натпреварот.
Алаклоид се инаку многу послаба екипа од нас и битолчани, не верувам дека би си дозволиле во ваква ситуација на табела Еурофарм да кикснат таму. Се што треба е само сериозно да им влезеш од почеток до крај. Ние вчера почнавме да играме одбрана од 13-6 и за 35 минути им дозволивме само 9 гола, како изгубени беа во секој напад во второ полувреме, еден куп грешки правеа при таква игра, цел натпревар така да им играш едвај до 15 гола ќе стигнат. Гледам Серафимов го фалат за вчера, а сиротиот се изнапромашува шутеви во второ, се изнаправи чекори и престапи, еден бековски гол даде и пеналите што ги погоди. Воопшто за македонски таленти и репрезентација некој ако прави муабет вчерашниот натпревар на сите репрезентативци од двата тима е доказ колку сме далеку од сериозен ракомет и зошто јадеме бламажи на првенстава.
Многу лош начин да ја продадеш титулата е да си подобар во меѓусебен дуел од конкурентот и он да слави ради твој кикс со друг тим. Се надевам и на нивен кикс во Автокоманда и на наша победа во Битола ама тоа во ваква ситуација, со овој ростер на играчи е рамно на чудото од Ф4 ЛШ 2019-та.