@SK-92 добро, ВизЕр е поскап од РајанЕр. Значи имаш избор со РајанЕр, летај со нив.
Малтежани нема да се запнат до Скопје да летаат, тоа се е од гастарбајтери.
Им се може на ВизЕр, штом се единствени на пазарот кај нас. Ако има 2-3 нискобуџетни компании, ќе си стават поконкурентни цени.
Другите опции ти се преку најблиските аеродроми, во соседните држави. И не гледам ништо лошо да леташ од други аеродроми, се додека заштедуваш солидна сума на пари.
Јас многу пати сум заштедил летајќи од/до други аеродроми. Ако ВизЕр ми бил скап, сум се снаоѓал.
На страна парите, Скопје нема што да понуди на турист. Охрид е едина светла точка во МК, иако за угостителите према МК туристи не можам да кажам ништо позитивно.
Другите убави места во МК не се добро развиени, нема што да се прави, т.е изборот е многу мал, а и не се доволно изрекламкрани.
Многу време губиш за да ми докажеш нешто што не е баш релевантно. Си се запнал за една дестинација. Сезона е, одат луѓе и затоа се цените толкави. Ако ти е толку скапо, нема да одиш таму.
Можеш да најдеш евтина рута, и не мора да е преку ВизЕр.