Пак во мк имаш повеќе легално оружје по глава на жител него ли САД. 99% од убиствата во светот се со нелегално оружје. Безпредметна расправа е ова.
Погрешна е темава, ама ајде.
Проблемот е колку лесно може да стасаш до оружје.
Нема нешто по ретардирано од тоа секој да може да стигне до полуавтоматска пушка како да оди до продавница да купи сладолед.
Нема полесен начин за некој што сака да се самоубие и со себе да земи што е можно повеќе луѓе (или ред други психолошки проблеми) отколку да си појди и да купи неколку пиштоли, полуавтоматски пушки или снајпери итн.
Право на самоодбрана и поседување на оружје е ок. Секој да стигни до оружје како да е сладолед воопшто не е ок.
Патем, ова се т.н. mass shootings, што е комплетно различно од терористички напади.
Позади терористичките напади најчесто постои некоја идеологија, најчесто за остварување одредени политички/воени цели.