Не знам јас зошто цело време се даваат аргументи од типот дека ќе го носиш за самоодбрана ако те нападне некој,кога како прво и основно Македонија сепак е земја со многу низок степен на насилен криминал.
Да сме земја како Венецуела потполно ќе се сложам,ама за нашава земја...
Тука во Македонија баш доколку биде легализирано оружјето бројот на напади ќе се зголеми за којзнае колку пати од сега.А ако веќе те нападне некој со пиштол,Господ нека ти е на помош,он ќе биде во предност.Во повеќето случаеви џабе ти е оружјето за самоодбрана.
За вооружени разбојништва никој ништо не спомна.Оваа проблематика ќе биде една од најголемите.Џабе е и во тој случај ако касиерката носи пиштол кога напаѓачот ќе биде во огромна предност.
Или улично разбојништво.Колкави шанси ќе имаш да се самоодбраниш ако некој има вперено пиштол во тебе и сака да те ограби?
Наркомани,коцкари и социопати има премногу во оваа земја,не е така лесно тоа.
Да не правам муабет за самиот страв што ќе владее помеѓу населението на едно обично испаѓање во чаршија.
Одиш и наеднаш слушаш неколку истрели во твоја непосредна близина.Веднаш ти станува јасно колку е саатот.Луѓето ќе почнат да се затвораат дома се повеќе и повеќе.
Некои ќе бидат убиени и од заскитани куршуми.
Замисли детето да го прошеташ во град при таква ситуација?
Уште на старт ми текнуваат едно десетина луѓе кои при посед на оружје веднаш ќе почнат да прават проблеми.