Почитувај ги татка си и мајка си, за да ти биде добро и долго да поживееш на земјата.
Четвртиот според четвртата заповед (римокатоличка црква, и петта - православна). Кишловски тоа го претставува преку идеалот за светоста на авторитетите, а неговата тема е - семејството како регулатор на идентитетот. Во филмот се работи за една млада девојка, студентка по глума која живее сама со нејзиниот татко. Татко и заминува на пат и таа во една фиока „случајно“ наоѓа писмо на кое пишува „да се отвори по мојата смрт“. Љубопитноста е поголема од се, но со отворањето на писмото се отвора една пандорина кутија на тајни, лаги, и се она врз што бил граден нејзиниот живот до тогаш се урива како кула од карти, а врската со нејзиниот татко се разнишува...
Прекрасен филм! Третиот кој навистина многу ми се допадна. Има некоја топлина тука која фалеше во претходните, каде врските помеѓу ликовите беа условени од нешто друго, не беше тоа чиста родителска љубов како тука. Заборавив да спомнам - во сите делови на Декалогот се појавуваат како cameo ликови од другите делови. Така тука на кратко докторот од Декалог 2 им се придружува во лифтот, а во Декалог 2 го видовме таткото од Декалог 1 како излегува од зградата. Значи не се само десетте божји заповеди тоа што ги спојува сите филмови, туку ликовите во истите делат еден ист простор во кој животите им се преплетуваат со низа случајни средби.
Филм чие дејство се одвива во едно унгарско метро и ја следи приказната на Булшу и неговата група на колеги кондуктери. И други групи на кондуктери. И ништо не сфатив од филмов.
Мрачен трилер, не знам, акција, имдб вика и комедија, некоја доза на мистерија, фантазија. Што кур знам.
Не знам ни што да пишам. Цело време чекав нешто да се деси, дека ова нема да биде обична приказна за кондуктери и нивните секојдневни проблеми, се појавува една девојка облечена у костим на зајак, овој ликов цело време беше некако морничав, спиеше у метрото, имаше некои проблеми у главата, некое бурно минато нешто, поима немам. Имаше еден мистериозен убиец што ги буткаше луѓето под воз ама камерите никако да го фатат. Дали беше реално тоа неам поима.
Ме остави фокусиран до самиот крај, ме мрзи да го размислувам, иам некоја теорија у глаата, али јеби га. Не би го препорачал.
Ваков сличен филм Мартинчо има снимено, се вика Bringing out the dead.
Ова е првиот од двата филма кој го има и во долга верзија, под наслов „A Short Film About Killing“. Ова е најмрачниот од сите филмови до сега! Дури користеле некаков филтер за камерата веројатно, зашто изгледаше ко да е замачкана со нешто црно и тоа не само од страните, туку целосно, и по средината. Приказната е за Јацек, младо момче огорчено по смртта на неговата малечка сестричка, кој еден ден влегува во такси и одлучува без никаква особена причина да го убие таксистот. Случајот му е предаден на младиот адвокат Пјотр кој е против смртната казна, но Јацек е обвинет и осуден на смрт. Прашањето е - дали е неправедно убиството, од било кој вид? Тука Кишловски го прикажува идеалот на животот преку темата за убиството и казната за истото.
Оценката од 4.5 на имдб доволно говори за филмов... а и за мене како лик и појава.
Немаше ништо друго интересно за мене од Казахстан, едвај најдов еден што малце ми се свиѓа ама ене го укочен на торент веќе трет ден. Нема врска.
Казахстанско-бугарски филм, со Дани Трехо и Јана Маринова таа бугарката од Преспав, еве ја десно на сликава. Саат и 20 минути трае и си реков зошто да не, ај да видам какви се овие филмови со вакви безвезни оценки.
Станува збор за некој пост трета светска војна период каде владетели на светот се луѓе-свињи наречени Мазлс. Ситуацијата е обратна, сега луѓето се затворени во кафези и колени за да бидат јадени. И 2-3ца нешо као специјалци се испратени да ги убијат овие, штокурзнам. И се тепаат цело време, натака навака, некој глуп цги, ко што читав демек настаните се одвиваат у Америка а пустото опружение у филмов пука од депресивен Балкан и мртва Бугарија. Кај кур има такви куќи, пластични ролетни и клима закачена на ѕид у Америка бе.
Имаше една девојка со бркови. Таа едната као генерал ли беше поима неам, мислам дека беше облечена у наци униформа. Глумата мизерна. Апсолутно џабе потрошени пари.
Оваа Јана се сексаше гола и добро и изгледаа цицките, и таа другата се рокаше ама со бркови јеботе, као Харис Џиновиќ да го гледам како стенка.
И така, имајте пријатен остаток од денот и ви посакувам се најдобро.
Конечно една филмска велесила! Како и за останатите, и за Франција ќе има резервирани 2 недели.
* До сега 6 француски актери биле номинирани за Оскар за најдобар актер, за 10 филма. Единствениот Оскар го има освоено Жан Дужардан за The Artist (2011)
* До сега само Мак фон Сидоу бил номиниран за Оскар за споредна улога за Extremely Loud and Incredibly Close (2011). Ни еден француски актер не освоил Оскар за споредна улога.
* До сега 15 француски актерки биле номинирани за Оскар за најдобра актерка, за 17 филма. Има 3 освојувачки на Оскар: Клодет Колбер за It Happened One Night (1934), Симон Сињоре за Room at the Top (1959) и Марион Котиљард за La Vie en Rose (2007).
* До сега 6 француски актерки биле номинирани за Оскар за споредна женска улога. 2 имаат освоено Оскар: Лила Кедрова за Zorba the Greek (1964) и Жулиет Бинош за The English Patient (1996)
* Вкупно 8 француски филмови биле номинирани за најдобар анимиран филм. Никој нема освоено Оскар.
* Дури 9 француски документарци имаат освоено Оскари за најдобар документарен филм.
* Ни еден француски филм никогаш не бил номиниран и не освоил Оскар за најдобар филм воопшто, но дури 12 филмови од француски продуценти биле номинирани за Оскар, а 3 од нив освоиле Оскар: The Hurt Locker, The Artist и CODA лани.
Џеф Костело е платен убиец кој по извршувањето на една задача, на лице место ќе биде виден од неколку сведоци. Дел од нив потоа на полицијата ќе и кажат дека тој не е човекот што избега од местото на злосторството. И тука почнува бркотницата помеѓу полицијата, Костело и мафијата односно луѓето што го изнајмиле за да ја изврши задачата. Филм без многу дијалог.
Не е лош филмов, ама некако не ме купи, да не речам мех. Своевремено верувам дека бил хит, у денешно време и не баш. Онака, не е лошо. Алан Делон е фаца.
Незнам од кој да почнам, Франција во сенка го фрла америчкиот филм комплетно, посебно во повоениот период/ко ја креирале унијата. Омилените Бонд девојки, секогаш беа французинки - овие практично ја измислија улогата.
Heartbreaker (2010)
Неделата ми започна во романтичен муд. Понекогаш сѐ што му треба на некој понеделник е еден ромком.
Алекс, професионален растурач на врски, има задача за помалку од десет дена да ја заведе Џулиет. По неколку перипетии ќе ја плати цената за целата негова кариера.
Ванеса Паради, Шопен и мојата идиотска насмевка. Во постојано движење и убава енергија му оддава почит на Френк Капра. 6/10
To Catch a Thief (1955)
Можеби најслаб по квалитет на приказната од она што досега сум гледала на Хичкок ама Грејс Кели во оваа сцена - my goodness!
To Catch a Thief is a 1955 American black comedy romantic thriller film directed by Alfred Hitchcock, from a screenplay by John Michael Hayes based on the 19...
youtu.be
7/10
Bay of Angels (1963)
Млад банкарски службеник од чиста досада се впушта во опсесивна игра со среќата, каде ако не на Азурниот брег. По Лола, Шербурските чадори и една шашава комедија со Мастојани, ова ми е четврти филм на Жак Деми. И покрај тоа што му е само втор долгометражен, се препознава неговиот впечатлив стил. Овојпат минималистички, чист, а ликот на Жана Моро му дава друга димензија. 7/10
Priceless (2006)
Ме прелажа рецензијата на Џонтра, која патем е пет пати подобра. 3/10
Count Dracula (1970)
Колегите дури и некако преблаги со коментари и оценки со оглед на тоа каква смешка беше овој Дракула. 2/10
Многу, многу ми е криво што не стигнав да го гледам Werckmeister Harmonies. Го паузирав на 15та минута со намера да го вратам од почеток наредниот ден и така остана.
On Body and Soul (2017)
Ме врати во минатото, одамна ја немав слушнато what he wrote. Но, ме потсети на Лантимос и веројатно тоа беше причината зошто воопшто не се поврзав ни како интроверт туку напротив, го доживеав некако механички. Како и да е, останува најуникатната љубовна приказна која сум ја сведочела, за магијата на сонот и соништата кои нѐ поврзуваат. 6/10
Mordraud (2013)
Обид во помалку од половина час да се смести филм од 90 минути. Нормално - неуспешен. Средновековен покољ кој повеќе личеше на продолжена реклама отколку на филм.
Blind Chance (1987)
Три сегменти за еден можен живот, секој пократок од претходниот, со навидум незабележителен твист каде предодреденоста на нештата го прави исходот поразличен. Кишловски го испитува моралот преку товарот на изолацијата предизвикан од идеологијата и политичкото. Не е толку познат како Трите бои, кратките филмови и Декалогот, но мислам дека е подеднакво важен. 8/10
Knife in the Water (1962)
Џонтра инфлуенсер! Веќе некое време сакав да прегледам уште нешто од Полански, сижето ми дојде како по нарачка. Отворањето, атмосферата и музиката ми се асоцијација на бугарскиот Dejour за кој нема да се зачудам ако влечел инспирација од тука имајќи предвид дека е снимен неколку години подоцна. Како почна да навлегува во мотивацијата на ликовите така почна и да се врти во круг. 5/10
The Needle (1988)
За да ја оттргне и заштити својата поранешна девојка од пороците, Моро им се спротивставува на луѓето одговорни за нејзината состојба. Виктор, фронтменот на групата Кино, го игра главниот протагонист во Игла, па претпоставувам оттаму е и култот кон него.
За секој филм што го сакам од оваа декада има други три кои едвај сум ги догледала. Овој е од втората група. Постмодернистички техники, бунтовен и динамичен, но понекогаш 77те минути ми се чинеа предолги. 4/10 главно за музиката
јас, 28 февруари: Во март ќе се фокусирам на читање и обврски, нема да гледам многу филмови.
јас, 12 март: Cinema, mon amour!
Eyes Without a Face (1960)
Инспирирал неколку режисери меѓу кои и Алмодовар, а Били Ајдол токму од него го презел насловот за својата балада. Бизарен (психолошки) хорор кој вешто игра со мотивот на луд научник и чувството на сожалување, вина и страв.
На површина испливува телото на девојка за која се верува дека е Кристин, исчезната ќерка на познат почитуван лекар. Лицето ѝ е целосно уништено како последица на сообраќајната несреќа што ја предизвикал татко ѝ. Откако докторот потврдува дека е таа, ја погребуваат и со тоа истрагата се затвора. Секако, нештата не се толку едноставни како што изгледаат. 8/10
The Beat That My Heart Skipped (2005)
Под фасадата на опасен дечко, Томас е сонувач кој ги чува спомените во форма на стари партитури и касети. Растргнат е меѓу желбата да направи нешто со својот талент (наследство од неговата мајка) и околностите кои го спречуваат во намерата (во кои го става татко му). Но, нека не ве залажува моето доживување, воопшто не е вака нежен.
Нео-ноир за бедата на валканиот Париз, а јас избегнувам филмови во ваков стил. И добро што не се сетив да видам на време дека режисер е Жак Одијар. Сигурно не би го пуштила и поради предрасуди би останала покуса за искуство. 7/10
L’Argent (1983)
Последниот филм на Роберт Бресон, снимен по новелата Фалсификуван купон на Толстој, следи синџир кој ќе се разврзе и неминовно ќе предизвика насилство. Лажна банкнота од 500 франци е предавана од човек на човек додека не предизвика трагедија во животот на Ивон. Мотивот на парите како зародиш на злото и заблуда често се среќава низ уметноста, но тука од некоја причина не успеа да допре до мене. Прв пат се среќавам со филмографијата на Бресон, можеби сепак требаше да одам хронолошки. 6/10
Океј, 2+ типкам од телефон, при крај сум со нерви
The Swimming Pool (1969)
Најубавиот човек на сите времиња во slow burn прекраснотија која ме хипнотизира. Не трепнав два часа.
p.s. Сакам лето! 8/10
Le Divorce (2003)
Беше прашање на време кога ќе потфрлам. Уште еден филм впишан во низата things I do for Melvil Poupaud.
Поретко доаѓам до нешто негледано, а достапно, па ми остана да се занимавам со 2.2 рејтинг. Тука глуми кретен кој ја напушта бремената сопруга и тоа е најмалку проблематично во ова нешто што со сигурност влегува во топ 5 глупости кои сум ги гледала. Ром ком без грам харизма. 1/10
Delicacy (2011)
Багажот кој го носиме некогаш знае да стане претежок. По смртта на сопругот, Натали се повлекува од светот и утеха од шокот и болката наоѓа единствено во работните обврски. Поминуваат неколку години, а еден ден неочекувано, како во бунило, таа го пушта Маркус во својот живот.
За осаменоста, закрепнувањето и сомнежот кон себе. Одри Тоту е секогаш преслатка, Франсоа Демиен ми е асоцијација за нежен, внимателен џин. Симпатична романса која веќе ја си го најде местото на листата comfort movies. 7/10
Оваа страница користи колачиња за персонализирање на содржината. Со продолжување на користењето, се согласувате со нашата политика за користење колачиња.