Тоа се вика whataboutism, значи едно зло не го прави другото зло да биде исправно. Америчките срања од СРЈ, Панама, Ирак, Афганистан и кој све не, тие се големо зло, но за жал не постои земја која може да застане и да каже доста беше. Порано бил СССР денес нема никој.
Нема селективна емпатија, имам пишувано и на други теми но тие се слабо читани, пример Јемен и геноцидниот сауди режим кој има крв на раце до лакти, срамен дел од овој 21-ви век каде нема никакви санкции за агресорот т.е. приватниот ранч на инцестуозната ал-Сауд фамилија.
Да кажеме Сирија, мислам дека РФ одигра многу подобро него УСА, се позиционира подобро и ја одбра страната која би била помало зло така да кажеме, Башар. Америте пропагираа некакви пропалитети од екс-терористи до психопати и кољачи.
Но темава е за Украјина и како таква тука пишуваме за збиднувањата во таа земја.
Па како поинаку? Јас ги градам своите ставови повеќе во ИРЛ него што ќе видам на нет. Ништо не може да се мери со искуството. Мака ми е што нема да можам да одам повторно.
Не е само тоа, фактите се едноставни. Земја А изврши оружена агресија рз земја Б, да не заборавиме, земјата А ја има признаено земјата Б во нејзините пред-2014 граници уште таму 1992 и подоцна 1994 со договорот за предавање на нуклеарниот арсенал на земјата Б кој бил прилично голем, земјата А презела на себе гаранција за неповредување на териториалниот интегритет на земјата Б.
По сите стандарди земјата А е агресор и окупатор, тоа се несобориви факти, нема што тука да се каже.
Значи треба да тргнеме од некоја заедничка појдовна точка прво, да видиме која е реалноста пред 24.2.2022, кои се причините за агресијата.
За другите теми кои си ги навел или има или тек треба да се отворат теми, не може све да се стави во оваа тема, од Никарагва до Конго-Киншаса.