Вие демек од плата живеете.
Како еднаш не ви текна да се побуните за подобри услови на работа, за поквалитетен кадар да се вработува, за исправни и понови апарати.
И да ви покачат плата, ќе порасне струјата и пак малку ќе ти се
...тууу, ме претекна значи,
буквално тоа сакав да напишам, штрајк кој организира Синдикатот за правата на работникот не се состои само од покачување на плата, туку треба да се избори да не се меша политика во здравството, да не се ставаат кадри вчера запослени на директорски и раководни места со тотален погрешен менаџмент на болницата, со вработување на немедицински кадри, врие од економисти, правници, социјални работници, психолози, дактилографки, екологисти, текстилци и туризам професии, све само не со медицинско образование.
...синдикатот треба да ги штити подеднакво сите работници, да се почитува закон за работни односи да СЕКОЈ си ја заслужи платата со дневно 8ч работење, а не да земаат плата бели заштитени мечки седејќи дома, а на обичен смртник да му се каже ,,ако не се јави три дена на работа ќе биде избркан,, а овие другите 20 години не се јавиле на работа,
...Синдикатот треба да завземе став за правилна подеднаква распределба според тежината на здравствени услуги, каде се правата на здравствениот работник да на места каде се дават ,,лесни,, здравствени услуги или вооошто ги нема да ,,работаат,, по 5- 6 медицински сестри и по два хигиеничари, а на места каде има потреба, ноќни дежурства да се по 3-4 медицински сестри да се скинат од работа за иста плата, чист пример за време на пандемија,
... Синдикатот треба да реагира зашто Охрид веќе 3, 4 години нема педијатар и нема ни да има поради несоодветни доделени специјализации, па се оптоварени струшките здравствени работници, неплански земање на специјализации според работното место ал е ,,доходовно,, дал ќе има личен ќар од пациентите, а не од потреба на специјализации на испразнети места.
...Синдикатот треба да се избори за основни работни услови за медицинскиот кадар, не може поединци да имаат канцеларии како апартмани зашто се бели заштитени мечки, а друг здравствен персонал да работи во услови рамно на штала, па после интрахоспитални инфекции, чист пример се сите болници низ МКД, посебно кичевската болница , зграда која е полоша од штала.
...е Синдикатот сето ова треба да го има како цел, а сите здравствени работници ќе го подржат со штрајк, а вака бори се за плата, а работај во штала со неписмени претпоставени на чело со ич работно искуство, ево нааааа излегување само за плата

.