Здравството кај нас

Член од
14 ноември 2013
Мислења
7.498
Поени од реакции
23.515
... не знам зошто, ама пак не ми се верува :( , мислам не тебе, туку све мислам дека ќе одложат.

Прегледај го приврзокот 367267

штом си дал денес, значи Битола или Штип, утре Скопје,

Прегледај го приврзокот 367268Прегледај го приврзокот 367269

...ако зелените слободни датуми се на пример за Битола и Штип, зашто пациентот добил термин по две недели?
Тоа е стариот систем, сите тие термини се пуштени и зафатени од пред недела две, новиот систем беше спроведен од вчера.
 
Член од
24 декември 2013
Мислења
470
Поени од реакции
661
Прегледај го приврзокот 367233

... државна болница е поим за кичевска болница, мислам јас би ја нарекла кичевската болница штала или бачило, да не се повторам со фотографии каде ги вакцинираат децата, јас мислев чуваат сено нешто таму.

Прегледај го приврзокот 367237

...ова е вратата каде децата влегуваат и се вакцинираат, овој дел е странично од тој објект во горната фотографија.
Прегледај го приврзокот 367246

... ова им е чекалната пред ординациите.

Прегледај го приврзокот 367247

...чекална пред ординациите. не само изгледот, туку треба мирисот на старо, мувлосано, ужегнато, катакомба мирис.

Прегледај го приврзокот 367248

ова една болничка соба во кичевската болница.

Прегледај го приврзокот 367249

...гледај го електричниот кабелна подот од каде влечат струја и од таков кабел испревртен во ходник каде што сите поминуваат.

Прегледај го приврзокот 367252 Прегледај го приврзокот 367253

...скитници кучиња, на лице место во кичевската болница можат да каснат, да не се мачи пациентот да дојде дур во болница со такси ова она, вака тука е.

Прегледај го приврзокот 367254
Ova e nedopustlivo.A da im gi pratis slikite na stranicata na Ministerstvo za zdravstvo da si vidat.Tunguzija ne ni e ramna.
 
Член од
12 март 2009
Мислења
20.840
Поени од реакции
17.066

може е АЛ-Роунд и доктор и Ветеринар, кучето има термин...
ИЛИ немат пари за ОБЕЗБЕДУВАЊЕ, па со малку Виршли или салама :cool: ете се снаоѓаат...
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
21.804
Поени од реакции
37.809
Ova e nedopustlivo.A da im gi pratis slikite na stranicata na Ministerstvo za zdravstvo da si vidat.Tunguzija ne ni e ramna.
149500358659473-2-1-1.jpg

...па тие направиле неколку посети таму, па одозгора се сликале пред старата зграда, колку полошо толку подобро, тоа е изгледа „мотото“! :facepalm:

07072020_zpvrsm_shekerinska_mz_filipche_poseta_opshta_bolnica_kichevo_1.jpg

...гледај сликани, на исто место пред болницата што личи на штала!

bolnica-kicevo3.jpg
 
Член од
24 декември 2013
Мислења
470
Поени од реакции
661
Auuuu ova sve ludo. I nikogash ne mozam da razberam da bides vo moznost nesto dobro da napravis za narodot I samo da gledas za svoj dgep.Aman veke do koga ke im e dosta.Uste pa se slikas I paradiras.
No nikoj ne izbegal od karmata I od solzite na narodot. Narodot e bolen, gladen, nesreken, ostaren od grizi I maki. Po ulicite gledame nesrekni lugje.Zar moze nekoj da e sreken ako okolu nego drugite se nesrekni?
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
21.804
Поени од реакции
37.809
... туку, јас да напишам што ги чека дијабетичарите кои зависат од инсулин, ако не се превземат СЕГА итни мерки поради вакуум простор во замена на министерот, а административни протоколи не се спроведуваат што значи нема да има ниту инсулин.

... дали треба да ги потпише тие административни документи моменталниот или екс веќе (кој го знае) Министер за здравство Беким Сали, не знам, но сите седат инертно, „еден за сите- сите за никаде“, изгледа новонаградените советници со нови функции што самиот Беким С. им ги додели многу поголеми плати, треба „да одговараат“и да превземаат вонредни итни мерки поради можен куршлус со дијабетичарите поради ненавремено снабдување на населението со инсулини кој живот им значи.

... додека дојде нов Министер и можност за потпишување на дистрибуција на инсулинската терапија тешко на дијабетичарите, час поскоро ако се организираат тие што добиле нови унапредување токму за ваква орговорност, нема да се почувствува тоа, но чисто се сомневам, мнооогу неспособни кадри ни се вртат по одговорни места, а плати астрономски!

... и веднаш да ги лоцираме тие што треба да си го оправадат сопственото покачување, па да се справат со проблемот што највероватно ќе настане со инсулинската терапија на населението ако ИТНО не се превземат мерки (впрочем истите се одговорни за проблемот со лекот за цистична фиброза кој се влече од 2020 год и не се решил, не знам по кој повод се добиле вакви „советнички“ звања со се покачување на платата)? :toe:

ice_screenshot_20230218-162638.jpeg

ice_screenshot_20230218-162702.jpeg

ice_screenshot_20230218-162611.jpeg

ice_screenshot_20230218-162539.jpeg

ice_screenshot_20230218-162502.jpeg

... овие треба под вонредни услови на вакуум простор при менување на Министер за здравство да ја превземат одговорноста за снабдување на населението со инсулинска терапија, на кој начин?
- затоа се и највисок ранг како советници, самите нека кажат како!
 
Последно уредено:

PROROKOT

Ќе ме биде...
Член од
16 февруари 2022
Мислења
5.254
Поени од реакции
5.511
... туку, јас да напишам што ги чека дијабетичарите кои зависат од инсулин, ако не се превземат СЕГА итни мерки поради вакуум простор во замена на министерот, а административни протоколи не се спроведуваат што значи нема да има ниту инсулин.

... дали треба да ги потпише тие административни документи моменталниот или екс веќе (кој го знае) Министер за здравство Беким Сали, не знам, но сите седат инертно, „еден за сите- сите за никаде“, изгледа новонаградените советници со нови функции што самиот Беким С. им ги додели многу поголеми плати, треба „да одговараат“и да превземаат вонредни итни мерки поради можен куршлус со дијабетичарите поради ненавремено снабдување на населението со инсулини кој живот им значи.

... додека дојде нов Министер и можност за потпишување на дистрибуција на инсулинската терапија тешко на дијабетичарите, час поскоро ако се организираат тие што добиле нови унапредување токму за ваква орговорност, нема да се почувствува тоа, но чисто се сомневам, мнооогу неспособни кадри ни се вртат по одговорни места, а плати астрономски!

... и веднаш да ги лоцираме тие што треба да си го оправадат сопственото покачување, па да се справат со проблемот што највероватно ќе настане со инсулинската терапија на населението ако ИТНО не се превземат мерки (впрочем истите се одговорни за проблемот со лекот за цистична фиброза кој се влече од 2020 год и не се решил, не знам по кој повод се добиле вакви „советнички“ звања со се покачување на платата)? :toe:

Прегледај го приврзокот 368060

Прегледај го приврзокот 368059

Прегледај го приврзокот 368058

Прегледај го приврзокот 368057

Прегледај го приврзокот 368056

... овие треба под вонредни услови на вакуум простор при менување на Министер за здравство да ја превземат одговорноста за снабдување на населението со инсулинска терапија, на кој начин?
- затоа се и највисок ранг како советници, самите нека кажат како!
Да поедноставиме: здавството е синоним за корупција.

Утешно е тоа што не е единствен (синоним за корупција) во „севернава„ вукојебина...
 
Kadaif

M.D.
Член од
21 јануари 2008
Мислења
7.282
Поени од реакции
9.067
Да поедноставиме: здавството е синоним за корупција.

Утешно е тоа што не е единствен (синоним за корупција) во „севернава„ вукојебина...
Е кај?

Биџонс вели дека дијаспората фаќала авион од америка за да прави анализи во Македонија и после пак се враќала назад преку барата.
Не заебај сеа :cool:
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
21.804
Поени од реакции
37.809
Е кај?

Биџонс вели дека дијаспората фаќала авион од америка за да прави анализи во Македонија и после пак се враќала назад преку барата.
Не заебај сеа :cool:
... што е вистина, е вистина, еден двајца можеби преку барата, ама ти сега го направи заебанција да сите доаѓале, но ќе пробам да видам дали има статистика колку годишно се дало здравствена услуга токму на дијаспорците општо во МКД!
 
Kadaif

M.D.
Член од
21 јануари 2008
Мислења
7.282
Поени од реакции
9.067

Камшикот кој Заев го најавуваше, каде е?
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
21.804
Поени од реакции
37.809
...денес пуштија плата, даде влада трезорски пари, ама утре пак сите здравствени работници ќе си го подобрат Вит Д со сончање во болнички дворови од 10.00 - 10.30ч :cujte:
 
Kadaif

M.D.
Член од
21 јануари 2008
Мислења
7.282
Поени од реакции
9.067
...денес пуштија плата, даде влада трезорски пари, ама утре пак сите здравствени работници ќе си го подобрат Вит Д со сончање во болнички дворови од 10.00 - 10.30ч :cujte:
Немате гајле вие, од толку прилив на дијаспора и све платено на рука, се наполнивте со пари ко бродови :pos:
 
Член од
3 мај 2019
Мислења
19.501
Поени од реакции
10.401
...денес пуштија плата, даде влада трезорски пари, ама утре пак сите здравствени работници ќе си го подобрат Вит Д со сончање во болнички дворови од 10.00 - 10.30ч :cujte:
Не туку ми паламуди, туку излези и ти малку на протестот, ама не за витамин Д, туку поради тоа што пак мафтаат оние идиотине од влада и нема да имаш покачување на платата.:(
 
Член од
8 февруари 2020
Мислења
5.462
Поени од реакции
7.830
Не туку ми паламуди, туку излези и ти малку на протестот, ама не за витамин Д, туку поради тоа што пак мафтаат оние идиотине од влада и нема да имаш покачување на платата.:(
Вие демек од плата живеете.
Како еднаш не ви текна да се побуните за подобри услови на работа, за поквалитетен кадар да се вработува, за исправни и понови апарати.

И да ви покачат плата, ќе порасне струјата и пак малку ќе ти се :гик:
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
21.804
Поени од реакции
37.809
Вие демек од плата живеете.
Како еднаш не ви текна да се побуните за подобри услови на работа, за поквалитетен кадар да се вработува, за исправни и понови апарати.
И да ви покачат плата, ќе порасне струјата и пак малку ќе ти се :гик:
...тууу, ме претекна значи,
буквално тоа сакав да напишам, штрајк кој организира Синдикатот за правата на работникот не се состои само од покачување на плата, туку треба да се избори да не се меша политика во здравството, да не се ставаат кадри вчера запослени на директорски и раководни места со тотален погрешен менаџмент на болницата, со вработување на немедицински кадри, врие од економисти, правници, социјални работници, психолози, дактилографки, екологисти, текстилци и туризам професии, све само не со медицинско образование.

...синдикатот треба да ги штити подеднакво сите работници, да се почитува закон за работни односи да СЕКОЈ си ја заслужи платата со дневно 8ч работење, а не да земаат плата бели заштитени мечки седејќи дома, а на обичен смртник да му се каже ,,ако не се јави три дена на работа ќе биде избркан,, а овие другите 20 години не се јавиле на работа,

...Синдикатот треба да завземе став за правилна подеднаква распределба според тежината на здравствени услуги, каде се правата на здравствениот работник да на места каде се дават ,,лесни,, здравствени услуги или вооошто ги нема да ,,работаат,, по 5- 6 медицински сестри и по два хигиеничари, а на места каде има потреба, ноќни дежурства да се по 3-4 медицински сестри да се скинат од работа за иста плата, чист пример за време на пандемија,

... Синдикатот треба да реагира зашто Охрид веќе 3, 4 години нема педијатар и нема ни да има поради несоодветни доделени специјализации, па се оптоварени струшките здравствени работници, неплански земање на специјализации според работното место ал е ,,доходовно,, дал ќе има личен ќар од пациентите, а не од потреба на специјализации на испразнети места.

bolnica-kicevo3.jpg

...Синдикатот треба да се избори за основни работни услови за медицинскиот кадар, не може поединци да имаат канцеларии како апартмани зашто се бели заштитени мечки, а друг здравствен персонал да работи во услови рамно на штала, па после интрахоспитални инфекции, чист пример се сите болници низ МКД, посебно кичевската болница , зграда која е полоша од штала.

...е Синдикатот сето ова треба да го има како цел, а сите здравствени работници ќе го подржат со штрајк, а вака бори се за плата, а работај во штала со неписмени претпоставени на чело со ич работно искуство, ево нааааа излегување само за плата :kuracc:.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom