Ќе не биде, ваква енергија и атмосфера ја не памтат да имало во Вардар, и салата иако не е исполнета ја личи вака со транспаренти, со црвено-црни бои.
Полека и екипата фаќа залет.
Дава знаци на живот Дутра, ќе го биде. Може некој да објасни зошто на Комити им беше забрането да бидат на долниот дел од трибината и мораа да се преместат горе?
Ваков Велко ни треба за со шурите и рк федерација… Дутра се подобар и подобар, плус и тимот делува воиграно, а тек е почеток на полусезона, ќе бидеме уште подобри.
Дава знаци на живот Дутра, ќе го биде. Може некој да објасни зошто на Комити им беше забрането да бидат на долниот дел од трибината и мораа да се преместат горе?
Не ни беше забрането. Го потценивме бројот на навивачи пошто сите доаѓаат во 5 за 12. Два такви дела ќе наполневме како долниот
Срце ми се полни со атмосферава на трибини, ни сам не очекував толку добро навивање во петок вечер.
Денес изигравме топ, иако има уште многу работа.
Атмосферата во клубот е чиста 10ка, штета што решавачките утакмици се малку подалеку на распоредот.

Нема вардарец на кого не му се полни срце кога гледа ваква атмосфера, заедништво и емоција покрај Вардар.
13години одржувам две страници за Вардар, сум пишувал за легенди, за љубовта кон Вардар, за тоа што значи Вардар.. се со цел да го доближам Вардар повеќе до нас.. и сега кога гледам вакво заедништво, едноставно срце и душа ми се полни.
Едноставно ваков Вардар у моментов е се што ни треба и на нас како народ, затоа и после не знам колку години мислам дека ќе не биде!
А може е и редно да се собереме екипа форум на утакмица.
Момент на натпреварот беше кога Мишевски ја бркаше топката во контра од наша половина до противнички гол, му се маваше од една друга рака, ко да брка кокошка. На крај ја зашутна со нога и му избега. Цела сала умре од смеа.
Порано на запад одеа (заедно одевме) бар 15 - тина членови од форумов и беа активни константно. Нашето познанство се начна од форумов, а се задруживме на трибина, иако сите претходно си одеа со други екипи паралелно.
Сега (после 12-13 години) сме константни 3-6 души, ако се изземат членови на групата кои во поново време направија акаунти и кои си постираат во навивачките теми.
Дел од нас дружат и надвор од трибина, благодарение на познанството од западот, али првично иницирано со познанство од форумов.
Пред некоја година извадивме и знаме на трибина, чисто да се одбележи екипата, а повремено го носиме колку да се отпоздрави на крај на утакмица
За тие што се фанови, а не се навивачи, може на некоја домашна утакмица да појадеме гомна од страна, порано така ги користевме утакмиците на ЖРК и домашните на ракомет за зближување и заебанции
Од тие што пишуваат на форумов на темиве на Вардар сигурно над 40 луѓе сум запознал, пола може да се соберат со сигурност за дружба.
Оваа страница користи колачиња за персонализирање на содржината. Со продолжување на користењето, се согласувате со нашата политика за користење колачиња.