Стегнавме малку одбрана и ги решивме по 40та минута. Влезе Велко, им го покажа филмот

Велко, Лазаревски, Јагуриновски, Мишевски и Ќосевски одлично се поставија во одбрана и од 21-19, им направивме 28-19, воглавно со голови од контри, за период од 10 минути.
Ќосевски и Чувара си изрешетаа во контрите. Гогов исто скина неколку топки.
Дутра беше најопасен во нашите позициони напади.
И покрај добрата разлика која ја направивме, остана евидентно дека сме слаби во позициони напади и недостасува квалитетен разигрувач и десен бек шутер (Моралес не играше).
Што е со Добрковиќ? Ах да го имавме барем уште Додиќ во составов...
На Атанасовски сто топки му паднаа од рака, џабе е толкав, фатен е во рацете. Ако не му ја дадат точно, не може да ја зграби.