Фан клуб - РК Вардар

Дојдовме до она дереџе кога гревови као овие Партизан најавуваат дека ќе победат во Скопје
„Очекуваме полна сала во Скопје и победа против Вардар“ - 24 РАКОМЕТ (24rakomet.mk)

Тоа не е толку до нас дека ние сме дојдени толкy до дното колку што тие поима немаaт од ракомет, да најавиш дека ќе го победиш Вардар у Јане(па да играме и ние навивачи) треба да си тешка тиабола и незналица.

Али ете тамн малце мотивација за сите нас.
 
Тоа не е толку до нас дека ние сме дојдени толкy до дното колку што тие поима немаaт од ракомет, да најавиш дека ќе го победиш Вардар у Јане(па да играме и ние навивачи) треба да си тешка тиабола и незналица.

Али ете тамн малце мотивација за сите нас.

Поентата на муабетот ми беше дека порани ни на сон не можеа да изјават ваква глупост, а сеа се дрзнаа да изјават. Небитно, се знае дека вечер мора да ги вратиме во реалноста.
 
На телевизија слабо се слушало ама у сала грми како некогаш
 
Фантастична атмосфера, капа да доле на Комитите. За натпреварот што да се каже, некако на моменти заличуваме на репката, ама тоа е, мора да се прифати реалноста. Штета за Јагуриновски што не е повисок и што нема појак класичен скок шут, има одличен осет за влез и промена на правец, ќе беше одличен десен бек. Денес без Куни цел натпревар, нешо повреден или? Добро е што тепавме денес, искрено очекував подоминантно издание над просечниов Партизан ама со оглед дека игравме без Куни, и имавме многу промашени зицери не е лошо. Мора уште леб да јадеме да се поправа формава. Дутра изглеа ќе биде нов Вујин,некако натака ми иде, ама ај втор натпревар, ќе му дадеме време ако успее да се среди до најважните натпревари за титула.
 
Не му даваат на Дутра шанса, два пати по еден напад и го седнува на клупа, реално е дека ќе му треба време, мислам дека има потенцијал да влезе у форма… Томи изгази денес, и те како ќе ни дојде добро за во плејоф… Куни има мала повреда ништо сериозно… Проблем е десно крило, Џомба е тотално “ван” форма… Али ајде, втор меч е ќе се поправиме…
 
Реално подобро Столе да биде играч-тренер него вака. Бутинот делува ко да нема појма што прави, нит им укажува грешки на играчите, нит идеи, Столе појќе им викаше него он. Општо цел стручен штаб делува многу дезорганозирано, а тоа може да е клучно за дербито у плејоф ...
 
Слаби сме, немаме ротација, а богами ни квалитет. Плус играме без стручен штаб, сигурно никаква анализа на противници немаме, се цепа така на искуство на дел од ракометарите.
Јагуриновски е борбен во одбрана, игра со срце, ама за напад е слаб. Гоце тотално вон форма, а замена немаме. Ќосевски ако не се лажам заработи некоја тешка повреда и подолго време ќе отсутствува.
Без Моралес таа десна страна е непостоечка.
Тале, Манасков и Столе се лидери во тимот. Дутра засега не се снаоѓа, ама не ни добива шанса. Личи како изгубен германец, а и општо странциве ми личи ко да не ги играат многу. Како одметници ми се во составов. Не сум сигурен дека ќе изгради некоја кариера кај нас.

Тешко да издржиме во долго првенство. Гледам првенството тек во средина на април почнува. Wtf???
Пауза од декември до април...
Пелистер е распад систем во моментов во поглед на атмосфера, ама дотогаш ќе се скрпат.
Играчки секако се убедливи фаворити според мене, а шансата беше да ги потепаме во ваква ситуација, на еуфорија и на еден куп повредени игра и лоша атмосфера во нивниот тим.
Не сум многу убеден дека имаме квалитет за да бидеме шампиони на крајот.
 
Гледам првенството тек во средина на април почнува. Wtf???
Првенството започнува сега на 12-ти месецов е првото коло од плејофот, играме како домаќини против Пролет.
 
Првенството започнува сега на 12-ти месецов е првото коло од плејофот, играме како домаќини против Пролет.
Којзнае што сум гледал, затоа ми неше нелогично.
Линк од целиот распоред има на страната на РФМ?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom