Многу слаб прв дел со релативно ослабениот Пролет.
Ептен шкрипиме на бековска линија. Некако Тале не е во ланската форма, а од друга страна Карапалевски ни е единствен среден бек. Дутра прави многу грешки, ниту е бек шутер, ниту е брз и пробивен. Можеби претходно бил попробивен, ама се гледа дека по повредите игра со "тешки нозе". Јагуриновски се труди, игра бескомпромисно од срце, но нема квалитет за напад. Моралес повторно не е во состав или можеби е закован на клупа.
Јагуриновски заработи некоја повреда, има чалма на глава. Па мораше Мишковски да покрива како десен бек, што беше трагикомично за гледање.
Ќосевски топка не пипна, а Чувара се изнадава голови, ама од пенал.
За крај, Боре е тотално ауууут од форма, дно проби со головите кои ги прими. Нека поигра малку Гогов...