Нема што лага, тука милион пати сме зборувале за заптивање на прозорците. Тоа е основа.Најголемата лага која успеаа да ви ја продадат е да ставите клими во куќи градени пред/по 1980 година со прозори кои дишат како Кошава кога поминува, никаква изолација на кров и на ѕидови, за темели не ни спомнувам.
Се улетавте сите како прлиња пред магаре, нормално 97% од луѓето во Македонија појма немаат ни од брендови ни од начин на работа на клима ниту пак ги интересира, највеќе што ги интересира е да е најефтино што може и нормално да нема дрва да се мачи да цепи и слично малце модерно да се живее, гаси пали на даљинско.
Па дури потоа е изолација на кров.
Па дууууури после тоа, изолација на ѕидови.
А климата си грее колку што има загуби.