Мислам ја изжвакавме убаво оваа тема со вакуумирањето. И што би рекле овие од ТВ, да поентирам (погрешно, мислејќи на давање заклучок или крај) треба вакуумирање, какво такво, другото сушачот ќе доврши, барем во некоја задоволителна/прифатлива мерка.
Туку пред 3-4 страни некој праша, а никој не му одговори, дали е неопходно надворешниот дел да биде пониско од внатрешниот, како што бараат некои инсталатери. Ми се чини дека и тоа е остаток од минатото, на пр. со R22 кои работеле на помал притисок. Во инстал. упатства на Тошиба и Мицубуши наоѓам +/- 10 метри, што ми изгледа голем пресврт во однос на досегашната пракса. И макс. должина на цевки од 15м. кај 2,8 и 3,5-ки, а дури до 20м. кај 5-ки и појаки , со додавање фреон. Што мислите за оваа работа?