Premier League - 2021/2023

Кои 2 екипи нема да завршат во топ 4?


  • Вкупно гласачи
    91
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
8 септември 2008
Мислења
11.831
Поени од реакции
10.144
Се врати Дајш се вратија кошмарите за Арсенал, дваесет години не научија како да играат против копачки екипи
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
42.809
Поени од реакции
83.986
Шон Дајч е еден од најпотценетите менаџери на сите времиња.

Озбилен сум.

На прсти се бројат менаџери во светот што би успеале со оној тим на Барнли да завршат седмо место во лига каде сите екипи трошеа милиони и милиони. Во лига со Сити, Ливерпул, Јунајтед, Челзи, Арсенал, Тотенхем... да бидеш седми? Па и Лестер беа добри таа година, две години после титулата. Плус стандард, тука има и екипи од рангот на Евертон..
Ептен голем успех беше тоа.

Нема многу тренери што би можеле со таков тим да извадат таков резултат во таква лига.

Дефинитивно еден од подобрите Англиски менаџери евр.

И не, не мислам добар од ранг на Алардајс или Мекарти или некои такви фаци што се добри за да спасат екипа што се бори за опстанок.
Подобар е од сите тие фаци.

И сите што викаат дека дефанзивниот 4-4-2 фудбал е стар и не пали, ама истите што тоа го викаат ова сега, први ќе се расправаат со копиљаана за 25 години од сега за тоа дали "тики-така е срање тактика можда функционирала у 2006 против твитерџии и тиктокери, ама сеа се нови времиња не пали тој мртов фудбaл" или е стварно нешто легитимно.
Слично ко и сега што луѓе велат дека Мурињо, Попович во НБА и Беличик во НФЛ никад не биле добри тренери, само им се поклопиле коцките со јаки играчи (да бидам јасен, не викам дека Дајч е на елитно ниво, само е еден од најпотценетите, а не еден од најдобрите на сите времиња)

Евертон е катастрофално воден тим, има можда една-две екипи у лигава што се полошо водени, ама ова со Дајш им е прав потег.

Иако, не знам до кога ќе можат вака да се крпат. Еве, и да се спасат оваа сезона? Следната? Пак ќе се спасат? Потоа? Мора тој тим да добие нови газди и некаков ресет да направи, па макар и тој ресет да значи паѓање во Чемпионшип.
Ајде, некои екипи можеби имаат финансиски проблеми или што ти знам, ама ова што се случува со Евертон е едноставно лошо водење на екипа. Не можат да се вадат на ништо друго.

Се надевам ќе останат пошто е сепак екипа со историја, и имаат некои добри ликови во екипа, ама реално гледано ова е неверојатен пад на Евертон и ќе треба дооолго време да се вратат како една од екипите што се борат за влез во Европа (освен ако не ги купи некој арап или слично)



Арсенал..... Арсенал....

Ајде, очекувано е дека ќе има киксови до душа, не значи ништо резултатов, ќе видиме дали има криза во екипата за некоја недела или не. А само што го баталив скептицизмот дека го смениле менталитетот и ова е нова екипа со нови играчи и еве, доаѓа резултатов.
Ништо не е, се додека не заборават да победуваат у следниве недели не е проблем.

Мислам дека Сити ќе освои титула, и ако Арсенал не ја освои титулата не би го сметал за некој огромен чоук или лош резултат, ама реално, имаат предобра шанса годинава. Можеби за нив најдобро би било сезонава да не се замараат ептен за ЛЕ, па да биде "што биде нека биде" таму, а да одат ол ин во ПЛ.
 

Ska Maniac

Бараба
Член од
2 октомври 2013
Мислења
9.072
Поени од реакции
21.947
@Ska Maniac уште во подфорум Фудбал немаше изедено корпа од @Corvus. :ROFLMAO:
Не, него се најде дежурна нешто да објаснува за перцепцијата над only fans работничките и како тоа не требало тие да се третираат како продадени души и тела туку мажите како принудувачи, а овдека да не и се чита колку е лесно со пари да се замолчи женско без разлика на кривицата на мажот.

А тоа за корпите не знам од каде е муабетот но како и да е ми прија на ништо непраење да ме поврзуваат со некоја. Освен ако неколку тагови се индиција за такво нешто, тогаш Давор и Ставро се во брачна врска.
 

GavolRulz

hippopotomonstrosesquipedaliophobia
Член од
23 март 2008
Мислења
12.602
Поени од реакции
11.144
Технички, се уште може да купува. Само играчот мора да е free agent.
Од бирача нема јебача - мото на трансфер политиката на Челзи.
Купуваат и шуто и рогато, така да сигурно ќе легнат уште 6-7 играчи во наредните месеци.
 
Член од
29 јануари 2015
Мислења
7.278
Поени од реакции
20.260
Мудрик со денешното издание ми личи дека е вистински фан на Арсенал и дека целта му е да го уништи финансиски Челзи.
Жоргињо со денешното издание ми личи дека е вистински фан на Челзи и дека целта му е финансиски да го уништи Арсенал. А и нивните трофејни сништа.



Колку е ова добро...
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom