Како прво не ни читам километарските коментари кои сте ги пишале ама дека однапред ја знам тематикава да напишам по милионити пат да се разјаснат некој работи и се надевам дека ќе се научи лекција.
Во Македонија никој не те репресира поради тоа што си навивач, никого не го интересира дали имаш 30 или 500 луѓе во коп се додека ти си само фокусиран на навивање , е кога влегуваш во длабоки води треба да знаеш и со кои последици ќе ти следуваат со тоа.
Ниту една навивачка група во Македонија не била репресирана поради самото навивање, не дека немало ама многу малце, поради пиротехника и инциденти што е и нормално , кај нас најмногу навивачките групи се репресирани тогаш кога влегуваат во политички битки со одредени политчки елити, без да се свесни дека се никој и ништо.
Кога се споредувате со големите навивачки групи, пред се кај нас големата ексју четврока Делије, Гробари, БББ, Торцида Сплит или еве ќе ги додадам дека тука е тема источниот сосед, Сектор Б и Сектор Г, вие пред себе имате институции, луѓе кои имат во себе членови од врвот на власта па се до подземјето, кои делуваат како едно, кои имат голема моќ и уште поважно авторитет во општествените средини, тие се групи кои би можеле да срушат и власт ако погрешно ги настапиш, додека ние сме повеќето обид да бидеме навивачи реално.
Комити целото свое страдање го имат кога делуваат како политичка организација Комити , сите тие случки поради кои се најмногу репресирани и плаќале илјадници и илјадници евра казни се сите од политичка природа, освен Нерези каде е навивачки но со политички елемент поради тоа што имаше меѓуетнички тензии, и настанот од Илинден што се акцентира сега е исто така кога навивачките групи делуваат како политички организации, односно се бутат таму каде што не им е местото.
Еве пример Варвари, група со доста сложена политичка конотација со оглед дека се црногорци-срби и покрај сите тензии немат никакви политички ставови и со самото тоа немат таква репресија, нека мудруваат како нас ги следува истото, тука би ја додал и цела босанска сцена која иако е најполитичка во поглед на етнички табори, омраза, никогаш не се мешат во битки со политичката елита, затоа и гостуваат секаде, додека кај нас ние ќе играме политичари а не сме кадарни сите да направиме една група која ќе издржи 10 години без падови.
Ако некој сака да се бори за Македонија треба да се формира политичка организација која ќе биде со таа намена, која ќе има едукативен центар, која ќе прибира членство, ќе делува на тоа поле постојано 24/365, а не кога е жешко да доаѓа и само да го јаде стапот, кога ќе имаш организација со изградена мрежа, силни финансии од дијаспората со редовни отчети, која ќе има маса не само од навивачи туку од луѓе од сите сфери на општеството е тогаш ќе има промени кај нас, кога ќе имаш маса од 10 000 луѓе кои ќе се водени од иста идеја во сите градови, а не монтипанти циркусот кој ни се случува.
И најважно од се за крај, ако некој оди да оддаде почит на Гоце Делчев не треба тоа да го прави поради Бугари, Турци, Комуњари, Шипци или не ти знам кој противник, туку тоа треба да го прави за самиот Гоце , од првиот повик кога имаше за Гоце прв пат за се навивачко обединување на 04.05 2019 на кој се појавија неколку групи па до сега секогаш 3-4ца од мојава група се редовни таму , но тие одат за Гоце како најголем син на Македонија а не поради некој противник, кога ќе сфатите што се национални вредности и како тие се чуват и бранат тогаш ќе напреднаме како општество, до тогаш само ќе пишуваме километарски постови кои нема да вродат со никаков плод.