Ми смета, затоа и ти реплицирам, затоа што заобиколуваш факти како новопечено осознаен татар.
Комити немаат графити во Аеродром, ама имаа еден куп натписи по згради, како и најави за утакмици (дел од нив направени со шаблони). Да не се правиме мутави, без никаква провокација во организирана акција ИШКРТАВТЕ СЕ' КАДЕ ШТО ПИШУВАШЕ ВАРДАР, особено најавите на ЛФ за годишнината.
Без никој да ве испровоцира (затоа што караванот беше по година дена), а салата по 3 години, под најавата за прослагата на ЛФ на една од зградите на главниот булевар, пишавте НЕМА МЕСТО ЗА ВАРДАР ВО АЕРОДРОМ.
Сликата од натписот и слоганот беше постиран на вашата ОФИЦИЈАЛНА СТРАНА ЗА ПРОДАЖБА НА РЕКВИЗИТИ, која патем ви беше единствено гласило, затоа што имавте забрана за пишување по ФБ и форуми.
Дополнително, провокацијата која од ваши членови беше испишана во Центар, ден после прославата на титулата на ФК Вардар.
Носењето ваше знаме на натпревар на друга екипа против Вардар, помина без одговор од наша страна. Што ги натера членовите на ФА да извадат знаме на трибина на Пирати во 2009 ГОДИНА против Вардар? Патем истото знаме сега ви стои на ограда покрај главното, значи не е некоја небитна работа.
За случката со тепањето на член на Комбат, изгледа не ја знаеш дека си бил мал тогаш. Меѓу најстарите Комбат и она наше појавување во 2008, некаде во 2006 година, други помлади членови на Комити навиваа за КК Вардар како Комбат. Имаше пар гостувања, меѓу кои и едно во Свети Николе. МЗТ и Вардар се бореа за опстанок, па дури мислам дека имаше и некој бараж меѓусебен дуел кој се играше во Куманово и беа присутно двете групи. Не одев тогаш на кошарка, но активно следев што се случува, може грешам нешто со годините. КК Вардар немаше сала и играше како домаќин во Аеродром и во еден таков меѓусебен дуел, дојде до закачка меѓу членови на Комбат и ваши членови, па после утакмица еден од нашите (К****), беше крвнички претепан. Али тепање до посерување, завршија на операција.
Нормално, за мир во куќа и на ова немаше одговор, се заврши со пружање рака.
Во тие години ЦПБ повеќе провоцираа, пееја дури и Пуши Вардар. Со нив имавме мало ривалство ради тоа што дел од нив навиваа на ФК работнички со кој бевме ривали. И овде подбуцнувањата ги имаа направено екс членови на Комити, како свињата Винце. Замислете, ишкртаа натписи на ККВ во Кисела Вода и пак смируваа постари членови на Комити.
Значи, закачки секогаш имало и на крај наши постари членови смирувале. Нормално, тоа резултирало со фактот што немаме членови од Аеродром и ЦПБ. Заканувај му се на некое дете да не оди со Комити, тоа нема поддршка од постарото комитско членство и која трибина ќе ја избере, кога низ маало мора да седи со вас (и за двете групи)?
Така да не глумете многу невини