Навивачки групи во Македонија!

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
11 декември 2013
Мислења
1.404
Поени од реакции
3.314
Ривалство моментално не постои. Односот помеѓу активното членство на ФА и Комити е сосем коректно. Постојат долгогодишни познанства, бидејќи денешната генерација на Комити и на ФА заедно растеа за време на најголемиот подем на тифо сцената.

Тука за жал се сведе се на лични превирања и контрирања кои настанаа од бркање вештерки. Па на крај се спомна и прославата на Комити..

Крв плукаа членовите за се да испадне како што треба. Од срам и почит кон клубот, не контриравме и не посочивме со прст кон најнеспособната управа!

35 години постоиме. Наши членови се вработени по фирми, дел имаат фирми. Разни изградени внатрешни мрежи на гтупата помогнаа во ова. но ова е најмалиот процент. За прославата почнавме да се спремаме пред точно 1 година. Ние го договоривме Железничар, ние го договоривме Градски, ние ја водевме кампањата и ги донесовме луѓето на стадион...за спектаклот на запад се работеше 6-7 месеци претходно. Логистика, маркетинг, поставеност, идеја, акции за мобилизација, се.

Јавно тврдам дека Комити не се ничија продолжена рака, не се профитери, и не се цицачи кои чекаат од некого нешто. Не спорам дека порано постоеле такви ликови, но денес тврдам дека сето тоа е минато на запад. Се изгради здрава и едуцирана група која раководи. Греота е да се плука по се, да се бара минус, кога при околностите, групата вади повеќе од максимум
Автоматски споено мислење:

Инаку, апсолутно сум сложен дека во однос на бугарското доаѓање на гробот треба да има одговор од страна на сите гтупи. Постои ривалство, замерување, омраза. Но мора да постои свест за некои работи!

Постојат повеќе начини, еден е секако заедничкото доаѓање на гробот. Тоа според мене би одекнало многу, и би поставило ново ниво на мак тифо сцената.
И јас мислам дека сега и оваа екипа која ја води Комити не е партиски обоена и дека не зависи од нечии пари. Истото го мислам и тврдам и за тогашната за ФА.
Лична корист на поединци може да има, но 99% од групата иде со чиста совест.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.813
Поени од реакции
72.142
Од се што изнапиша само едно ќе ти кажам, истава ситуација е и со членови бивши и сегашни на ФА. Од вашата арогантност и провокации во сред Аеродром со караваните и застанување во Бисер со песната "сите сте за Вардар" од ништо и никого испровоцирани, со салата, ситењето за бојата на столчињата и многу многу други работи и тие што го сакале ФК Вардар и го прателе веќе не го пратат. Стави се во истата ситуација само во обратен правец и ќе разбереш зошто настанале сите тие провокации и омраза.
Тоа е акција-реакција, другар.
Хронолошки вие почнавте со провокации.

1. Бирањето со ФА или Комити беше 2008 или 2009
2. Шкртањето натписи, објавата на ФБ беше пред 2010-2011.
3. Вадењето на хиената на Металург-Вардар беше септември 2009.

Од друга страна, караванот е некаде во 2011/12, а тоа со столчињата е послр 2014.

Нашето беше само контра на вашите постапки.

Такви "вардарци" на кои им сметало што сме правеле караван низ Аеродром и сме провоцирале, а не им сметале работиве од ваша страна, не ни се ни потребни.
Така што и драго ми е што престанале да доаѓаат на утакмици.

Јас немам мислење во поглед на тоа што е правилно, што не, веќе излишно е да се збори за ривалство, со моменталниве бројки на групите и перспективата која ја имаме како народ.
За мене е смешно една група да навива само во сала, а не и на фудбал (три некогаш големи групи ко вас, ЦПБ и Кумани), ама тоа си е ваш избор. Исто така, во поглед на мојата група, држењето неутрален однос со вашите две групи ни ноеи само минимална бројка на членови од вашите населби.

Нешто за кое се сложувам е дека групата доживува целосен распад поради сплетот од погрешни одлуки на тогашните раководства на Комити и огромниот пад на Вардар. Се' после 2008 е креирање на една нова група, со многу поразлично членство од претходно и во начин на размислување и во начин на дејствување.
 
Последно уредено:
Член од
12 март 2022
Мислења
132
Поени од реакции
957
И додека решавате што се случувало во 90те и сте заглавени пропалици во тоа време, прашајте ги помладите членови што ви ја водат групата какво мислење имаат за Комити и колку пати сме делувале заедно против заедничкиот непријател последниве 2 години!

За разлика од вас што во најкаките изданија на групата сте наметнувале став анти Вардар и влијаење врз членството да се ствара вештачко ривалство што нема основа да постои!
 
Член од
11 декември 2013
Мислења
1.404
Поени од реакции
3.314
Тоа е акција-реакција, другар.
Хронолошки вие почнавте со провокации.

1. Бирањето со ФА или Комити беше 2008 или 2009
2. Шкртањето натписи, објавата на ФБ беше пред 2010-2011.
3. Вадењето на хиената на Металург-Вардар беше септември 2009.

Од друга страна, караванот е некаде во 2011/12, а тоа со столчињата е послр 2014.

Нашето беше само контра на вашите постапки.

Такви "вардарци" на кои им сметало што сме правеле караван низ Аеродром и сме провоцирале, а не им сметале работиве од ваша страна, не ни се ни потребни.
Така што и драго ми е што престанале да доаѓаат на утакмици.

Јас немам мислење во поглед на тоа што е правилно, што не, веќе излишно е да се збори за ривалство, со моменталниве бројки на групите и перспективата која ја имаме како народ.
За мене е смешно една група да навива само во сала, а не и на фудбал (три некогаш големи групи ко вас, ЦПБ и Кумани), ама тоа си е ваш избор. Исто така, во поглед на мојата група, држењето неутрален однос со вашите две групи ни ноеи само минимална бројка на членови од вашите населби.
Ако ти е мило што не доаѓаат такви Вардарци, тогаш зошто 3 пати пиша дека ти смета и го сметаш за провокација одлуката да изберат трибина?

Однесувањето на Комити према другите скопски групи, конкретно према ФА е исто како Бугарија према Македонија во моментов. Додека те негираат и ти викаат ти си Бугар ние се поголема омраза имаме према нив. Кој разбра, разбра.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.813
Поени од реакции
72.142
Ако ти е мило што не доаѓаат такви Вардарци, тогаш зошто 3 пати пиша дека ти смета и го сметаш за провокација одлуката да изберат трибина?

Однесувањето на Комити према другите скопски групи, конкретно према ФА е исто како Бугарија према Македонија во моментов. Додека те негираат и ти викаат ти си Бугар ние се поголема омраза имаме према нив. Кој разбра, разбра.
Ми сметало тогаш и во тој момент било причина да се развие омраза кај мене, затоа што дел од луѓето кои оделе со мене во тој период биле деца од Аеродром. Од сегашна перспектива, гајле ми е.

За второто, секој со своите заслуги.
Умешно ми ги избегна 6-те точки, со кое однесување на Комити ве предизвикавме ПРВИ да провоцирате? Или мислевте дека вечно ќе бидете јаки и константни, а не само 5 години? :)
 
Член од
26 март 2022
Мислења
550
Поени од реакции
5.063
И јас мислам дека сега и оваа екипа која ја води Комити не е партиски обоена и дека не зависи од нечии пари. Истото го мислам и тврдам и за тогашната за ФА.
Лична корист на поединци може да има, но 99% од групата иде со чиста совест.
Разликата е во тоа што јас не се бунам. Не пишувам дека сте партиски пиуни, дека сте финансирани. Додека ваши членови тука прозиваат без било какви аргументи. Тоа создава револт. Али се разбравме, како и да е.
 
Член од
11 декември 2013
Мислења
1.404
Поени од реакции
3.314
Ми сметало тогаш и во тој момент било причина да се развие омраза кај мене, затоа што дел од луѓето кои оделе со мене во тој период биле деца од Аеродром. Од сегашна перспектива, гајле ми е.

За второто, секој со своите заслуги.
Умешно ми ги избегна 6-те точки, со кое однесување на Комити ве предизвикавме ПРВИ да провоцирате? Или мислевте дека вечно ќе бидете јаки и константни, а не само 5 години? :)
Абе кои точки црни, се степале некој со некого од Комбат низ Аеродром и ишкртале пази НАТПИС на некоја зграда Вардар кај што пишува.
Ти одговори ми дали ти смета денешната политика на Бугарија према Македонците?
Автоматски споено мислење:

Разликата е во тоа што јас не се бунам. Не пишувам дека сте партиски пиуни, дека сте финансирани. Додека ваши членови тука прозиваат без било какви аргументи. Тоа создава револт. Али се разбравме, како и да е.
Целиот муабет почна со прашањето на Инкогнито за навивањето на Рк Вардар,
а индијанци за палење има од сите групи.
Ние сите тука убаво се разбираме само што сите си фаќаат своја страна.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.813
Поени од реакции
72.142
Абе кои точки црни, се степале некој со некого од Комбат низ Аеродром и ишкртале пази НАТПИС на некоја зграда Вардар кај што пишува.
Ти одговори ми дали ти смета денешната политика на Бугарија према Македонците?
Ми смета, затоа и ти реплицирам, затоа што заобиколуваш факти како новопечено осознаен татар.

Комити немаат графити во Аеродром, ама имаа еден куп натписи по згради, како и најави за утакмици (дел од нив направени со шаблони). Да не се правиме мутави, без никаква провокација во организирана акција ИШКРТАВТЕ СЕ' КАДЕ ШТО ПИШУВАШЕ ВАРДАР, особено најавите на ЛФ за годишнината.
Без никој да ве испровоцира (затоа што караванот беше по година дена), а салата по 3 години, под најавата за прослагата на ЛФ на една од зградите на главниот булевар, пишавте НЕМА МЕСТО ЗА ВАРДАР ВО АЕРОДРОМ.

Сликата од натписот и слоганот беше постиран на вашата ОФИЦИЈАЛНА СТРАНА ЗА ПРОДАЖБА НА РЕКВИЗИТИ, која патем ви беше единствено гласило, затоа што имавте забрана за пишување по ФБ и форуми.
Дополнително, провокацијата која од ваши членови беше испишана во Центар, ден после прославата на титулата на ФК Вардар.

Носењето ваше знаме на натпревар на друга екипа против Вардар, помина без одговор од наша страна. Што ги натера членовите на ФА да извадат знаме на трибина на Пирати во 2009 ГОДИНА против Вардар? Патем истото знаме сега ви стои на ограда покрај главното, значи не е некоја небитна работа.

За случката со тепањето на член на Комбат, изгледа не ја знаеш дека си бил мал тогаш. Меѓу најстарите Комбат и она наше појавување во 2008, некаде во 2006 година, други помлади членови на Комити навиваа за КК Вардар како Комбат. Имаше пар гостувања, меѓу кои и едно во Свети Николе. МЗТ и Вардар се бореа за опстанок, па дури мислам дека имаше и некој бараж меѓусебен дуел кој се играше во Куманово и беа присутно двете групи. Не одев тогаш на кошарка, но активно следев што се случува, може грешам нешто со годините. КК Вардар немаше сала и играше како домаќин во Аеродром и во еден таков меѓусебен дуел, дојде до закачка меѓу членови на Комбат и ваши членови, па после утакмица еден од нашите (К****), беше крвнички претепан. Али тепање до посерување, завршија на операција.
Нормално, за мир во куќа и на ова немаше одговор, се заврши со пружање рака.

Во тие години ЦПБ повеќе провоцираа, пееја дури и Пуши Вардар. Со нив имавме мало ривалство ради тоа што дел од нив навиваа на ФК работнички со кој бевме ривали. И овде подбуцнувањата ги имаа направено екс членови на Комити, како свињата Винце. Замислете, ишкртаа натписи на ККВ во Кисела Вода и пак смируваа постари членови на Комити.

Значи, закачки секогаш имало и на крај наши постари членови смирувале. Нормално, тоа резултирало со фактот што немаме членови од Аеродром и ЦПБ. Заканувај му се на некое дете да не оди со Комити, тоа нема поддршка од постарото комитско членство и која трибина ќе ја избере, кога низ маало мора да седи со вас (и за двете групи)?

Така да не глумете многу невини ;)
 
B

BigMac

Гостин

@Saber Rider не му реплецирај кога незнае ништо да ти одговори се го врти на друго муабет.Едноставно дечкото треба да се прешкрта и да не де влага со него во никаква дискусија.
 
И пак све во круг, сигурен си дека членови на ФА го тепаа тој од Комбат низ Аеродром или Аеродромци само?
Пак за натписи на зграда и итн. Провокациите почнаа од ваша страна кога се стави ултиматум да изберат трибина тие што ги посетувале 2 те, а понатака сите знаат што се случувало.
Можеш како и секогаш реферати да изнапишеш со небитни муабети како некој стар натпис на зграда, ама нема да одговориш дали ти смета денешното однесување на Бугарија према Македонците?
Стави се на 1 минута во таа ситуација, немора да напишеш овде ништо. Све ќе ти се разјасни иако веќе знаеш ама пусто его..
Значи ако отидеш сега на 4 ти на гробот на Гоце Делчев е провокација за Бугарите така?
Исто како некој од Аеродром што во своја населба сакал повеќе за МЗТ да пишува него ли за Вардар.
 
Чекај брат, во однос на "бугарското" прашање:

Како група секоја година одиме организирано на гробот на Делчев. Како група секоја година одиме организирано во Мелник, на гробот на Сандански. Наши членови го запалија бугарскиот клуб во Скопје. На панихидата за Мара Бунева неколку пати имаме закачувано пароли, неколку пати била кршена спомен плочата, а неколку пати има и приведени наши членови.

Понатаму, активно одржуваме пријателство со навивачи од Пирин. На пролсвата беа дојдени и донесоа поклон. За хуманитарни акции не сакам да зборам, зошто не сакам со тоа да се фалам. Не само за бугарското прашање, туку и за Македонците во Грција и Албанија. Колку пати во Пустец имаме одено организирано, со настани со чуда. Во Егејска Македонија дури наши членови неколку пати биле апсени. За се ова постојат извештаи, слики и видеа.

Па затоа, прашањето мислам дека треба да биде: Им смета ли на ФА, ЦПБ, Чкембари и на сите останати групи, бугарската секојдневна провокација?

Повелете, кажете што низ годиниве имате направено за ова прашање, па потоа прашајте ги Комити. Е за ова зборев сабајлево. Погледни во својот двор прво. Јас барем така правам секогаш.

Морам да ги пофалам Војводи од Тетово, како и припадни на ЦПБ кои учествувале во неколку заеднички посети на гробот на Делчев.

Доколку грешам, извинете!
 
Можеби не грешиш, но не е тоа темата на муабетот.
Само компарација со негација на постоење и идентитет, самоопределување.
 
Член од
26 март 2022
Мислења
550
Поени од реакции
5.063
Можеби не грешиш, но не е тоа темата на муабетот.
Само компарација со негација на постоење и идентитет, самоопределување.
Ми ја разбираш поентата. Мислам дека баш тоа е муабетот. Дел од групите зборот "патриотизам" се уште го земаат здраво за готово, надевајќи се и знаејќи дека некој друг на дело ќе покаже.

Искрено, еве, се претставувате како Јанева чета, без разлика дека во однос на вас тоа доаѓа од моментот на името на салата, од моментот на главниот булевар во Аеродром. ФА имаа јасни патритски насоки и не знам што ве спречува да одите на гробот на Сандански? Исто мислам и за другите групи.

Знам дека сега Чкембари ќе ми пишат "А ние кога ги палевме дуќаните и сл" или вие можете да пишете за Националното будење пред неколку години, кое ете имаше барем еден период позитивен ефект.

Но, ова е долгорочна битка. Мора секоја горина, одново и одново да се бориме. Ова не е полигон каде што ќе испееме патриотски песни, ќе кажеме колку ја сакаме Македонија и ќе си заминеме дома. Ова е кауза на која работеле нашите дедовци, прадедовци и голем број генерации пред нас.

Затоа, мислам дека сите групи треба мнпгу поактивно и многу посериозно да се однесуваат кон ова прашање. Прв тест е еве сега за брзо. Понатаму, следи годишнината на Мелник, собирот на Македонците во Грција кој се одржува секоја година, Пустец како место во кое живеат голем број Македонци. Времето нека покаже кој и што ќе направи, а јас лично се надевам дека тоа ќе биде направено од сите, заедно!
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom