- Член од
- 11 декември 2013
- Мислења
- 1.404
- Поени од реакции
- 3.314
И јас мислам дека сега и оваа екипа која ја води Комити не е партиски обоена и дека не зависи од нечии пари. Истото го мислам и тврдам и за тогашната за ФА.Ривалство моментално не постои. Односот помеѓу активното членство на ФА и Комити е сосем коректно. Постојат долгогодишни познанства, бидејќи денешната генерација на Комити и на ФА заедно растеа за време на најголемиот подем на тифо сцената.
Тука за жал се сведе се на лични превирања и контрирања кои настанаа од бркање вештерки. Па на крај се спомна и прославата на Комити..
Крв плукаа членовите за се да испадне како што треба. Од срам и почит кон клубот, не контриравме и не посочивме со прст кон најнеспособната управа!
35 години постоиме. Наши членови се вработени по фирми, дел имаат фирми. Разни изградени внатрешни мрежи на гтупата помогнаа во ова. но ова е најмалиот процент. За прославата почнавме да се спремаме пред точно 1 година. Ние го договоривме Железничар, ние го договоривме Градски, ние ја водевме кампањата и ги донесовме луѓето на стадион...за спектаклот на запад се работеше 6-7 месеци претходно. Логистика, маркетинг, поставеност, идеја, акции за мобилизација, се.
Јавно тврдам дека Комити не се ничија продолжена рака, не се профитери, и не се цицачи кои чекаат од некого нешто. Не спорам дека порано постоеле такви ликови, но денес тврдам дека сето тоа е минато на запад. Се изгради здрава и едуцирана група која раководи. Греота е да се плука по се, да се бара минус, кога при околностите, групата вади повеќе од максимум
Автоматски споено мислење:
Инаку, апсолутно сум сложен дека во однос на бугарското доаѓање на гробот треба да има одговор од страна на сите гтупи. Постои ривалство, замерување, омраза. Но мора да постои свест за некои работи!
Постојат повеќе начини, еден е секако заедничкото доаѓање на гробот. Тоа според мене би одекнало многу, и би поставило ново ниво на мак тифо сцената.
Лична корист на поединци може да има, но 99% од групата иде со чиста совест.