Исчезнати лица

Член од
13 јули 2006
Мислења
15.167
Поени од реакции
17.964
Па да ама по некоја логика ако извршуваш самоубиство треба да ти е гајле дали ќе те најдат или не. Т.е ваљда никој не би сакал телото да му заврши негде рандом и да му скапува под отворено небо, да го јадат кучиња и гаврани. А и на крај краева какво е тоа самоубиство да никој никогаш не може да те најде.

Ова со убиствата држи вода, лихвари едно друго, криминал, само што некако профиливе на луѓево не ми делуваат дека се дел од такви кругови.

Мене највеќе ми запнува за око податокот што искачаат од дома без ништо во нив. Јас речиси и да не познавам човек што искача од дома без мобилен телефон, на мочање ги носиме мобилните ебате.

Сериски убијци и мене некако ми немаат логика. Премало место сме за такво нешто, секој со секого се знае а и не тоа баш така `лесно` као што гледаме во филмовите.
Ова со киднапирања ради органи мене највеќе ми држи вода. Да не се праиме наивни како да не знаеме што се дешава у Косово а и во нашиве албански села.
Имавме сериски убиец во Кичево. Мислам дека беше новинар и беше главен осомничен за убиствата на жени и што потоа се удави во кофа вода во затвор.
Не се сеќаваш на тоа?
 
Член од
10 септември 2016
Мислења
8.895
Поени од реакции
17.516
Имавме сериски убиец во Кичево. Мислам дека беше новинар и беше главен осомничен за убиствата на жени и што потоа се удави во кофа вода во затвор.
Не се сеќаваш на тоа?
Да ама тој го дознаа, тоа е сепак реткост за Македонија, плус ако има сериски убиец ќе се наоѓаат тела. И мене како на Џонтра само кон Косово и органи ми врти паметот. Реално иако не изгледа баш лесно, сигурно се следени жртвите некое време и се киднапирани, позавајќи систем и момнтална влада, гарант е тоа се поврзано или во најмала рака се промлчува, државата е бетер од Косово и тоа со гаранција така да на што друго да ме асоцира работава освен на ова, вака на прва топка.
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.167
Поени од реакции
17.964
Да ама тој го дознаа, тоа е сепак реткост за Македонија, плус ако има сериски убиец ќе се наоѓаат тела. И мене како на Џонтра само кон Косово и органи ми врти паметот. Реално иако не изгледа баш лесно, сигурно се следени жртвите некое време и се киднапирани, позавајќи систем и момнтална влада, гарант е тоа се поврзано или во најмала рака се промлчува, државата е бетер од Косово и тоа со гаранција така да на што друго да ме асоцира работава освен на ова, вака на прва топка.
Абе нема некоја поврзаност или некој патерн меѓу жртвите. Така да и теорија за органи да е, слабо ми изгледа засега.

Многумина се со деменција. Овие што излегуваат без никакви документи и мобилен, се посебен случај.

Само последиов месец еден куп напади на татко / син има со жртви.

Пред некој ден тој ненормалниот си ги отепа мајка му и баба му, појде и чичко му да го тепа.

Не знаеш кој што ум има.
 
Последно уредено:

Џонтра Волта

Qué miras, bobo?
Член од
20 јули 2020
Мислења
8.976
Поени од реакции
55.040
Имавме сериски убиец во Кичево. Мислам дека беше новинар и беше главен осомничен за убиствата на жени и што потоа се удави во кофа вода во затвор.
Не се сеќаваш на тоа?
Се сеќавам ама одамна беше тоа. Друго време.
Башка овие случаеви сега со апсолутно ништо не наведуваат на сериски убиец. На различни места се исчезнувани луѓето. А да посочиш кон сериски убиец, треба да има тела, треба да им најдеш нешто заедничко на жртвите.
Тоа само го спомнав за жените од Драчево пошто беа ист профил, слаби ситни со црвена коса. Отвараше некој минимален сомнеж за такво нешто. Ама ете ја најдоа почината, другата сеуште се води како исчезната.

Најчесто поради семејни скандали, губење пари, домашно насилство или изневера близок може да посегне кон родител, партнер и слично, и самото убиство да го прекрие со изговор - излезе да се шета без ништо. Јас прво би го проверил тоа.
Да, само што тука полицијата треба редовно да ги испитува овие што пријавуваат, да им го следи понашањето, си има стручњаци инспектори што знаат да читаат говор на тело и да приметат ако некој лаже. А не секој може ладнокрвно да одглуми и да сокрие дека убил човек и го закопал негде.

А држи вода ова и тоа како. Без телефон за да не го лоцираат, без документи за после Х години ако некој го најде телото да не може да го идентификува.

Заебани сценарија. И мојот ретардиран мозок со што се занимава у касни саати.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.528
Поени од реакции
34.678
...токму такви личности, непознати, никој кои нема да ги бара или ќе се помират, без истраги....и починатата која е спомната со колку дена отуство од дома, па после пронајдена дали и' е направено обдукција, па местото демек покрај манастир починала, лудаци филмови прават а истите кој знае што им прават на луѓето претходно, без обдукција синот не треба да се помири.
 
Член од
29 септември 2013
Мислења
789
Поени од реакции
1.580
Реално, за луѓево со деменција, мислам дури ни семејството не сака да каже до кој стадиум е влошена состојбата. Најчесто излегуваат и никогаш нема да се вратат бидејќи се губат во просторот. Крушево иако е мало место, има огромна веројатност да заталкал негде по шумите, да паднал во езерото или браната.
 
Член од
8 јануари 2013
Мислења
5.052
Поени од реакции
12.936
Добро се слагам дека најверојатно не е сериски убиец, бидејќи од ниеден напад нема траги ниту пак некој нешто видел. Шансите толку многу случаи да се 100% клинички извршени се речиси невозможни. Но, тој момент на грабнување и напад го имаш и во потенцијалниот случај да е трговија на органи, но и тука некој би чул врескања, извици за помош, особено дека повеќето случаи се во градски околини во населени места. Така да не сум уверен дека е тоа. Самоубиство ама ич нема логика да е, бидејќи кога ќе се самоубиеш ти не си го криеш телото, каде и да е некој ќе ти најде остатоци од него, мала држава сме, да е шума ќе забележи некој планинар, селанец, ловџија, да е река ќе исплови, ете еден случај да е тоа, ама сите не може да се. Теоријата со убиство од страна на семејството и обид да се заташка ми држи најмногу вода, но не знам семејни релации на ниеден случај. Исто така некоја секта да е во прашање кај дел од случаевите е можност. Не мислам дека се поврзани случаевите, премногу различни ми делуваат сите, ама дека ситуацијата е загрижувачка, и тоа како е, уште некој ваков случај и бајги алармантно ќе почне да делува за толку мала земја.
 

Ska Maniac

Бараба
Член од
2 октомври 2013
Мислења
9.229
Поени од реакции
22.413
Кога спомнавте киднапирање не е малку чудно и нереално во сред градска средина како Драчево со 40-50 иљади народ на 2км квадратни никој ништо да не видел и неслушнал ? За човекот во Крушево нели имаше снимка од некоја камера од кафич дека го снимила непосредно пред да исчезне ?

На еден куп изолирани села со 10,50,100 жители нема логика киднапери да собираат луѓе во централни густонаселени подрачја.
За органи доколку се работи, колку што знам од постари луѓе не вадат заради очигледната влошена здравствена состојба.
Инаку деменцијата или некое друго психичко растројство ако се земе како фактор тогаш не би требало да се сомнителни.

Секако дека најсомнителен е фактот што телата не се најдени досега.
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
1.531
Поени од реакции
3.703
Па да ама по некоја логика ако извршуваш самоубиство треба да ти е гајле дали ќе те најдат или не. Т.е ваљда никој не би сакал телото да му заврши негде рандом и да му скапува под отворено небо, да го јадат кучиња и гаврани. А и на крај краева какво е тоа самоубиство да никој никогаш не може да те најде.
Да, да, тешко од тие што се самоубиваат да остане некој непронајден. Самоубиства се најчесто овие што ги пронаоѓаат после неколку дена телата. Кај самоубиства најчесто и не ја кажуваат причината ни во сам билтен на МВР, ќе пишат само пронајдено е телото без знаци на насилство, нити од фамилијата ради муабети како да не пукне брука, поп нема да сака да ги пее и сл. Има 2-3 случаи на самоубиства кои ги знам, а од МВР веста била само пронајдено е тело на 23 годишник во стан, без знаци на насилство и толку.
За овие што не можат да ги најдат после долго време се најчесто другите причини. Или самите се избегани од проблематични ситуации во фамилија и не сакаат да бидат пронајдени или е убиство, најчесто од познаник.

Ова со киднапирања ради органи мене највеќе ми држи вода. Да не се праиме наивни како да не знаеме што се дешава у Косово а и во нашиве албански села.
Многу тешко. Ситуацијата со вадење на органи на Косово е од времето на војната таму, во тој тотален хаос и незаштитено од никој српско цивилно население лесно можеле да се изведат тие работи. Вака, во невоени услови, од добро населени места да грабаш возрасни особи е ептен неверојатна приказна. Имаше некои случаеви каде луѓе се обидуваа да грабаат деца, најчесто од цигански населби, ама уште на вториот обид имаше кренато паника и во населбите и низ медиуми за точно какви коли возеле тие луѓе и имаше дечиња што успеале да ги избегнат и да ги опишат како изгледале. Возрасни луѓе некој да граба неприметно е скоро УФО муабет. На страна што никој од исчезнативе не личи како некој од кого би сакале да вадат органи.
 
Член од
21 мај 2021
Мислења
710
Поени од реакции
1.518
Пред три дена е идентификувано телото што го пронајдоа на Клепа,бил некој 31 годишен велешанец.
На телото немало траги на насилство,ниту пак бил пријавен за исчезнат.
Чуден случај.Пошто ми е сограѓанин кога ќе имам информации како се вика дечково,ќе направам некоја си анализа која е најможната причина за неговата смрт.

Се додека не се откријат телата на исчезнатите и причината за нивната смрт,можеме само да претпоставуваме за што се работи.

Инаку,да,доста исчезнати има во последниве години во државава.Секако дека сите случаеви не се поврзани меѓусебе,едни се сигурно самоубиства,а за останатите претпоставки од типот сериски убиец и трговија со органи,држи вода,ама нема ниту еден доказ сега сега.Така да можеме само да препоставуваме.
 
Член од
7 февруари 2021
Мислења
211
Поени од реакции
621
Нема детали, вака звучи дека се скарале и си заминала па сопругот ја пријавува в полиција. Исто и со младите девојки што заминуваат бегалки кај дечковците, родителите не оправдуваат па пријавуваат в полиција и полицијата е должна да направи настан и новинарите ќе напишат бомбастичен наслов "ИСЧЕЗНА 15 ГОДИШНО ДЕВОЈЧЕ" па коментари киднапирана, за органи за делови.... А таа в топло со дечкото. Другите исчезнувања се или лица со психички пореметувања кои излегуваат од дома и незнаат да се вратат или стари лица (психички здрави) кои не сакаат да умрат дома.
 
Член од
30 мај 2009
Мислења
10.143
Поени од реакции
23.248

Kajgana Shop

На врв Bottom