Какво објаснување имате за овие исчезнувања како типов погоре? Пред некоја година истотака исчезна една девојка од Струмица ми се чини под исти околности, искачаат од дома без ништо во нив и ги снемува така што никогаш не им се наоѓа трагата.
Одат во самоубиство? Ајде да е така, ама да се сокриеш и никогаш никој да не те најде? Да не остаиш ни писмо ни збор за збогум.
Киднапирање е друго. Тука пак ќе спомнам, збориме за луѓе што искачаат од дома без ништо во нив и им се губи трагата.
Жената од Драчево погоре најверојатно добила срцев удар или нешто слично, штом нема траги на насилство, релативно блиску до дома, се пуштила пешки до црква и чао. Мада и тука има доза сомнеж пошто син и вика дека збореле на телефон ама женава не можела убаво да збори и се прекинала врската.
Иако беше многу језиво со оглед на тоа што е ист профил како и претходната драчевчанка која никогаш не ја пронајдоа. Што вика Батерс погоре, заебано делуваше и насочуваше кон сериски убиец јеботе.
Истотака човеков од Крушево е многу сомнително исчезнат, значи за 10 минути него го снемало, буквално како земја да го проголтала. Без разлика што е дементен, нема тоа никаква врска со тоа што апсолутно му се изгубила секаква трага.
Периодов, поточно после жената од Драчево се изначитав вакви статии за изгубени лица.
Ме интересира што мислите вие.