Исчезнати лица во и од Македонија

  • Креатор на темата Креатор на темата apmkd
  • Време на започнување Време на започнување
  • Истакнато
Тажно. Во мај некаде имаше изјава од негов близок пријател дека е виден некаде во планината ослабен со долга коса и брада, по што сите се понадеваа дека е жив.

Нека почива во мир, греота, младо дете. :(
 
Жално.. Како може психа да влијае на човек,особено млад...

Воопшто не се обрнува внимание на психичкото здравје кај младите мажи,кои се под огромен социјален притисок да се успешни,богати,да обезбедат приход итн...
Многу млади дечки се во некој вид на депресија баш поради сите тие притисоци кои ги носат денешниве стандарди за успешен маж..

Мислам дека тоа е и причината кај Миле,баш во тие години е каде социјалниот притисок е огромен на баш овие теми.
 
Потрагата по Миле Тодоров, исчезнатиот неготинчанец официјално заврши трагично. После еден месец потврдено е дека човечките коски кои ги најдоа во Сопот, кавадаречко биле негови.
Прашањето е ако последен пат бил виден во близина на Сопот, како успеале толку време да не го пронајдат трупот?
Нелогично човек да исчезне во област каде што наводно бил последен пат виден, а телото (или остатоци) да не биде најдено со месеци.А можно е одреден дел од тој месец тој да не бил точно на местото каде што подоцна се најдени остатоците, а кај Сопот е густо зеленило може телото да не се гледа особено ако е паднато меѓу камења,дол или слично
 
Жално.. Како може психа да влијае на човек,особено млад...

Воопшто не се обрнува внимание на психичкото здравје кај младите мажи,кои се под огромен социјален притисок да се успешни,богати,да обезбедат приход итн...
Многу млади дечки се во некој вид на депресија баш поради сите тие притисоци кои ги носат денешниве стандарди за успешен маж..

Мислам дека тоа е и причината кај Миле,баш во тие години е каде социјалниот притисок е огромен на баш овие теми.
Дечкото се самоуби односно е пронајден обесен.
Кул дечко, многу забегуваше со муабети последните години, користеше марихуана нон стоп, секојдневно, и уште безбој супстанци...
Нека почива во мир
 
Има ли некое инфо што стана работата со оној од народна банка што го уништил оружјето и другото од ранецот на Палчо? Во притвор ли е, слободен ли е, се откри ли нешто...
 
Има ли некое инфо што стана работата со оној од народна банка што го уништил оружјето и другото од ранецот на Палчо? Во притвор ли е, слободен ли е, се откри ли нешто...
Одма го пуштија, немале доволно докази. Си иде човекот слободно на работа
 
Сеад Јахич од Тузла кој не се појавил на договорената новогодишна прослава на Јахорина и неговата фамилија не можела да стапи во контакт со него од 31 декември 2025. Утринава на патот Тријанга – Јахорина (општина Пале) бил пронајден неговиот автомобил со телото на младичот внатре, узрок на смртта се уште се утврдува
 
Темава е за исчезнати лица во Македонија, не за цела планета. Илјадници души има исчезнати секој ден по светов.
 
Темава е за исчезнати лица во Македонија, не за цела планета. Илјадници души има исчезнати секој ден по светов.
спомнат е само како пример, не како локален случај.
 
Пример за што?
за туристичка агенција за шо, пред некој месец сличен случај имаше во Охрид З.Т беше пријавен и по неколку дена починат, пронајден поранешни оранжерии. Некој кажува го растргале кучиња некој го убиле, истото е и со Сеад(се угушил или го убиле)Сакав да кажам дека се дешаваат често, темава е исчезнати лица не пасоши.
Малку контекст не штети
 
Ја имаш гледано Френдс? Мистер Хекелс кога умира и го наоѓаат со метлата во рака? Па чистачот во зградата вика, и јас вчера метев, можеше и мене тоа да ми се случи.

Тоа е контекстот во твојот пример.

Темава е за исчезнати лица во Македонија, не во Босна, Никарагва и Занзибар. Ако има некаква причина да бидеме засегнати од примерот, тогаш во ред.

Понатаму без оф-топици.
 
Темава е за исчезнати лица во Македонија, не во Босна, Никарагва и Занзибар.
Kако би знаел некој?
Нема таква забелешка ни у наслов, ни у уводен пост.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom