Тие имаат предност со морето, но и двете се поскапи во однос на Македонија (барем беа).
Да, се согласувам, проблемот на Македонија е што никој не сака да остане таму, и во право се луѓето. Џабе ти се милионите ако треба да се расправаш со глупостите што се случуваат, или да живееш во тоа загадување.
Ако стават таков тип на даноци, и организираат такви развојни зони, верувам дека ќе има многу луѓе кои би сакале да живеат таму, и да ги префрлат своите бизниси. Многу е битно и како се организирани зоните, и што се нуди, на таквите места не се оди само за бегање од даноци, туку и за контакти.
Овде ми раскажуваа дека имало ваква интересна зона во Тајланд, ако ме носи патот натаму сум во план да се проврткам неколку недели и да видам од прва рака што точно прават