И викаш не било до парите а?
Чекај сега малку, до утрово приказната беше дека Арсенал не понудил ни приближно пари како Челзи. Испадна дека понудил. Само на Шахтјор не им се допаѓале бонусите, бидејќи сметале дека не се остварливи.
Кои се тие бонуси, неостварливи, оставам на имагинација.
Во сторијата на Атлетик (и пишаната верзија), се вели дека Арсенал со месеци инкогнито се обидувале да го врбуваат Мудрик, да зборуваат со него без дозвола на клубот. Од Зинченко до Еду.
Исто така, во меѓувреме Мудрик разговарал со луѓе од Челзи цели 10 часа. Му претставиле комплетна програма, проект, каде е неговото место и каде ќе се движи клубот. Проект. И човекот не го избрал Арсенал.
Ако мислиш дека за неколку илјади евра, играчот не го избрал Арсенал, а мислиш бидејќи си загорчен што пропадна трансферот и што Челзи за две минути го сруши она што го правевте со месеци, супер. Нека ти биде полесно.
За она од другата тема, да не мислиш дела зајадливо ставам реакции, под дифолт. Не можев да ти одговорам, еве сега.
Не си сериозен, така? Ај вака сега. Челзи што бил руска подружница со Роман (што и да значи тоа), сега со новите газди, директно финансира војна и тоа поминува под радар и не е казнето.
Полека, полека Теша Тешановиќ.
Склон си кон теории на заговор, не е ново тоа, читаме сите како судиите уште во 15-то коло сакаат да го спречат Арсенал кон походот на титула, ама ова оди едно ниво погоре.
Западот (и не само како географска одредница, туку како состојба на ум и систем на вредности), односно сите земји членки на ЕУ и НАТО, од стартот на војната во Украина апсолутно јасно се позиционирани. Голем дел од буџетите на овие држави се наменети, односно нивните финансии, за поддршка на Украина, азовци, Зеленски, отпорот, како и да го нарекуваат. Не се ни кријат, транспарентно, јавно, на сите можни начини ја поддржуваат Украина. И ќе ја поддржуваат додека трае лајново.
Зарем сериозно мислиш дека, Тод Боели индиректно, американскиот газда на Челзи, треба да финансира борби во Мариопол и Доњецк? Мислиш дека преку трансфер политика на клуб од Англија се водат геополитички борби?
Па чекај, Мудрик лесно можеше да заврши во Арсенал. Клуб кој нема никаква историја со руски капитал, за разлика од Челзи. И тогаш? Арсенал ќе финансираше војна во Украина?
Дополнително, Челзи плати одредена сума за играчот. Газдата на Шахтјор самостојно решава што ќе прави со средствата, побогу. Капак, самиот Роман Абрамович го отпиша во мај лани долгот на Челзи и повеќе од две милијарди долари донираше за УКРАИНА.
Да повториме, за Украина.
Што вие пишувате, да сте живи и здрави само.