Да не навлагам во длабоки дискусии, ќе го цитирам само овој дел, бидејки се прави малку погрешна перцепција. Ниту Феликс, ниту Мудрик беа во ситуација да бираат па го одбраа Челзи пред Арсенал, туку едноставно Арсенал не успеа да се договори со Атлетико и Шахтјор, Челзи испрати повисоки понуди и играчите и немаа баш право на избор, бидејки Челзи беше единствениот со кого клубовите се договорија.
А, кога се споменува дека Арсенал ќе беше подобра опција за двајцата, не се работи за тоа кој е поголем клуб, кој има повеќе простор за титули или ќе игра ЛШ, едноставно Арсенал во моментов делува на многу постабилен проект со јасна визија и дирекција, од друга страна Челзи делува како да се тотално без компас во моментов, нов проект без јасна насока. Мене не ми изгледа дека Челзи знае на што цели на трансфер пазарот, купува квалитет и потенцијал, ама не според потребите на тимот. Барем според мене, не ми изгледа како да имаат некаква визија околу стилот на фудбал, формациската поставеност, па оттука и дел од трансферите делуваат апсолутно непотребни, како Феликс на пример, несомнено добар играч ама сличен тип на Хаверц, Маунт, Зијех во поглед на игра, позиција. Од друга страна пак, не ми делува ни дека Потер им е некое долготрајно решение за тренерската позиција и дека градат тим и пазарат врз основа на неговите желби и потреби.
Јасно де. Туку, изборот на Арсенал пред Челзи, барем на темава, луѓе го оправдуваат преку тој аспект (Арсенал прв, ќе освои трофеј, Челзи во канал). Не го измислив тоа јас.
Само и друга перцепција малку се искривува. Доколку Арсенал е убедливо подобра почва за освојување титули, дури и да се договореле тимовиве со Челзи, играчите би одбиле/почекале минимум до лето.
Имаше случаи со Барселона. Играчи буквално чекаа Барселона да пронајде пари, за да можат да се преселат таму.
Се ставаат на вага Арсенал и Челзи, но на Челзи се гледа како Ковентри.
Постабилен проект/клуб од Челзи во моментов е секој. Што е и сосема нормално, коренита промена значи и дестабилизација, преку ноќ дека ќе се врати клубот во колосек, тешко. Впечатокот е дека се на добар пат. Има индикатори кои го поткрепуваат ова.
Без компас тераа летово, сега откако пристигна Вивел, момците од Брајтон и Стјуарт, почнува малку по малку да се дефинира структура и долгорочна визија. Не е сјајно, Боели изигрува повремено идиот, ама се движиме некаде.
Кај Потер не можеш да забележиш концепт, формација, тактика, точно е. Имај предвид само дека отсуствата/повредите на голем број играчи ептен го условуваат тоа. Не можеш да планираш кога немаш со кого да планираш. Ќе видиме од лето дали е тој човекот. Засега, радува идејата за тренер кој ќе се задржи повеќе од вообичаено. Дали Потер е тренерот, не знам.
Патем, Бадиашиле, Фофана, Сантос и Мудрик - сите доведени во консултација со Потер.