Работа на брод

kazanski

чилакс
Член од
3 октомври 2011
Мислења
493
Поени од реакции
533
од бугарска SAPKO ми бараат seamen’s passport i
STCW Marine certificates
Немам такво нешто
За да ми закажат интервју за овој месец или нареден
прв пат слушам за SARKO, не знам што е тоа. А Seaman's Passport не вадев, немаше потреба за нас од Македонија. (@Tonchie може знае повеќе )
E сега за STCW, кога бев на NCL тие сертификати ми ги дадоа таму, тоа ти е нешто као тренинзи за да бидеш квалификуван за работа на брод. NCL (преку Мајоми) ти ги даваат од нив и ги правиш на почетокот од првиот договор. А за да отидам на MSC (преку Коузон) морав да ги правам во Скопје (во Жан Митрев) и ги платив. Со нив има и практичен дел, во базен се симулираат вежби со чамец, во Жан Митрев се учи противпожарен курс и се околу опремата и на крајот е практичниот дел во Охис (клик клик) каде што се симулира пожар и навигирање во простор во целосна опрема.
Второто (MSC - Коузон) се плаќаше, разликата е што сертификатите од NCL се валидни само на нивната компанија додека STCW од Коузон ти е светски признаено (но после Х години мораш да го преполагаш пак).

Друго нешто што ми текна, лекарското за NCL го правев во Тоспаш (позади Капитол Мол) и беше некои 8-9к, а за MSC успеав да го направам преку матичен, специјалисти, лаборатории и што се не преку државно здравство. Повеќе време ми одзема но не потрошив повеќе од 500 денари.

edit: еј, стварно не знам што е тоа SARKO, нит знам што да гуглам. Али ако е нешто преку што можат да ти извлечат екстра кеш, батали ги. Тоа.. што и да е, кој ти го бара?
 
Член од
6 јануари 2023
Мислења
14
Поени од реакции
4
од SAPKO мејлот што бараат

For all Positions onboard Ocean Going Passenger Ships/ Mega Yachts (offer 6,7,8) you need to have obligatory full package of SCTW Marine Certificates/ Seaman's Passport, etc.

For the rest of the offers for River Passenger Ships you can apply only with International Passport (all non EU candidates after approvement need to apply for German Working VISA D with Documents send from the Company)
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.163
Поени од реакции
10.128

А зошто аплицираш преку бугарска агенција, а не некоја од македонскиве што функционираат?
 
Член од
6 јануари 2023
Мислења
14
Поени од реакции
4
А зошто аплицираш преку бугарска агенција, а не некоја од македонскиве што функционираат?
аплицирав преку сите
Македонски српски бугарски посредници и сам директно преку нивни веб страници
 
Tonchie

BATTERY +
Член од
15 јуни 2005
Мислења
13.479
Поени од реакции
7.949
Шапко се од поодамна агенција од Варна. Ги дознав кога сакав да аплицирам за Дизни, ми излегуваше порака на екран да аплицирам преку нив. Пратив ЦВ ништо не реагираа. До сега немам чуено некој македонец да има заминато на брод преку нив.
Обично за одење на брод имаме три опции, Коузон, Мајоми и/или Директни апликации (јас ги имам искусено сите три :D ). Знам неколку луѓе што имаат заминато преку Астерија кои се локална канцеларија на Сејф Круз од Белград и имам еден другар замина на МСЦ преку една од романските агенции, додека работел за Имиџ запознал некој романец и братот му кажал дојди аплицирај преку агенцијата од Брашов.

Инаку тазе инфо е дека на Royal/Celebrity итно им требаат фотографи. За кај нив Security Awareness се прави онлајн, мислам 90 евра дека беше и медикал ви препорачувам да правите во Подгорица доколку се уште е овластена клиниката таму бидејќи у Белград се пејн ин д ес.
 
Член од
6 јануари 2023
Мислења
14
Поени од реакции
4
Здраво друштво дали бил досега некој поканет преку SAPKO у Бугарија у Варна на разговор за на брод?
 
Член од
30 јануари 2009
Мислења
489
Поени од реакции
434
дали некој бил на позиција front desk или receptionist на Norwegian ?
Не сум бил ама сретнав сретнав еден србин од фронт деск на Нцл пред некој месец у Ст.Томас и дечкото беше задоволен, подобра плата и подобри услови за таа позиција споредено со Принцес 1700 НЦЛ/ 1200/1300 Принцес, рече дека не им фалел персонал, а на Принцес фали во секој департмент 20/30% од персонал, ама за живот не би препорачал ниедна од двете компании, моментално треба да е најдобро на Вирџин,Викинг,Целебрити итн.
 
Член од
22 април 2012
Мислења
11
Поени од реакции
2
Шапко се од поодамна агенција од Варна. Ги дознав кога сакав да аплицирам за Дизни, ми излегуваше порака на екран да аплицирам преку нив. Пратив ЦВ ништо не реагираа. До сега немам чуено некој македонец да има заминато на брод преку нив.
Обично за одење на брод имаме три опции, Коузон, Мајоми и/или Директни апликации (јас ги имам искусено сите три :D ). Знам неколку луѓе што имаат заминато преку Астерија кои се локална канцеларија на Сејф Круз од Белград и имам еден другар замина на МСЦ преку една од романските агенции, додека работел за Имиџ запознал некој романец и братот му кажал дојди аплицирај преку агенцијата од Брашов.

Инаку тазе инфо е дека на Royal/Celebrity итно им требаат фотографи. За кај нив Security Awareness се прави онлајн, мислам 90 евра дека беше и медикал ви препорачувам да правите во Подгорица доколку се уште е овластена клиниката таму бидејќи у Белград се пејн ин д ес.
Здраво,
дали си запознаен ако немам искуство како фотограф можам да аплицирам за оваа позиција?
и која компанија е подобра Royal или Celebrity?
 
Tonchie

BATTERY +
Член од
15 јуни 2005
Мислења
13.479
Поени од реакции
7.949
Здраво,
дали си запознаен ако немам искуство како фотограф можам да аплицирам за оваа позиција?
и која компанија е подобра Royal или Celebrity?
Имаат во Коузон едно брошурче со недела дена ќе научиш се што треба да поминеш интервју за таа позиција. На времето кога имаше пари у фото департмент проаѓаа ликови без изкуство, така да сега би требало да си ОК. Инаку која е подобра, не знам, имам работено само на големите Ројал бродови, на Селебрити не знам како е. На времето фото на Селебрити беше легачење.
 
Член од
14 ноември 2014
Мислења
336
Поени од реакции
255
Дали некој примал Yellow fever вакцина у скоро време кај нас?
 
Член од
6 декември 2022
Мислења
960
Поени од реакции
1.463
Не, ја немаат кај нас.
@StarDrom
На брод ќе ве вакцинираат пред да заминете на трансатлантското крстарење- претпоставувам бродот ќе плови за Бразил, прекрасна дестинација, Рио е чиста егзотика а сепак мегалополис.
 
Член од
3 март 2013
Мислења
348
Поени од реакции
368
Прочитав некоја страна наназад не најдов ништо околу условите за живот додека се работи оваа работа :D само за пари да се праело муабет :ROFLMAO::ROFLMAO::ROFLMAO:
Него ме интересира со колку луѓе се дели кабината доколку сум crew да речиме, дали е вистина дека едно купатило се дели на 4 кабини, колку се има слободно време за шетање додека е закотвен бродот, и како оди исплатата на плата.. Фала
 
Оди на ЈуТјуб и побарај го каналот на Луси, Cruising As Crew, има доволен број на видеа у кои објаснува буквално СЕ за бродски живот. Девојката е повеќе од 10 години на бродови и многу убаво објаснува.

За вакцина против жолта треска, мене од Парк Вест ми рекоа дека морам да ја примам пред да се качам на брод па фатив врски преку другарка од Тирана и таму ја примив
 
Kajgana Shop

На врв Bottom