Работа на брод

  • Креатор на темата Креатор на темата Dzings
  • Време на започнување Време на започнување
Tonchie А телефонска картичка? ја користиш таа од МК, или си купуваш таму?
Додека бродот беше низ Европа користев шпанска сим картичка од Оринџ. Сега на карибите ми треба различна симка за секоја земја, така што си ја користам македонската, имам магента од телеком и имам 500МБ месечно за 0 денари. Сосема доволно за гугл мапс.
 
Има некој искуство со оваа понуда за брод низ Европа?
Претпоставувам дека за речен брод се работи:

здраво

Дали има некој искуство со оваа агениција
Daycare Macedonia ?
 
ги најдов на фацакнига, имаат 3 слики... веб страна не видов, само мејл.... kinda sus.

да ги има на фејс
Веб немаат
Хм…

Можеби некој знае повеќе,некој има некое искуство за работа преку нив па да ни раскаже ,м ?
 
Имам пишано порано на темава... Речен брод, не благодарам.
Си има предности, си има и маани, а овие ДејКе'р изгледа се нови, скроз нови у бизнисов. Не ги знам.
 
Тенкс
А за прекуокеански брод дали примаат со МКД пасош? Прашувам оти немам баш поима како идат работите
 
Со прекуокеански примаат на брод повеќе од 20 години веќе. Моментално единствена забрана за македонците мислам дека има само на Дизни. Сите други компании се отворени за работа.
 
се прашувам кој ли бил на Дизни и направил хаОс ;) ;) ;)
Некои велешани уште на времето таму 2000 и некоја.
Јас работев за Имиџ, на компаниите не им е баш гајле за концесионерите, си имаат посебни договори.

Туку тазе објава од Коузон, бараат фотографи за Ројал и Селебрити. Ќе изгуркате договор/два и ќе си направите трансфер у бољи департмент или у боља компанија.
 
некојси Тончи отишол, и летале пердуви, крилца и копани, и сега не можеме поради него :ROFLMAO:

edit: можете* :P јас се пензионирав
Некои велешани уште на времето таму 2000 и некоја.
Јас работев за Имиџ, на компаниите не им е баш гајле за концесионерите, си имаат посебни договори.
 
Некои велешани уште на времето таму 2000 и некоја.
Јас работев за Имиџ, на компаниите не им е баш гајле за концесионерите, си имаат посебни договори.

Туку тазе објава од Коузон, бараат фотографи за Ројал и Селебрити. Ќе изгуркате договор/два и ќе си направите трансфер у бољи департмент или у боља компанија.

Данезнаеш дали има лимит старосна граница за оваа позиција и кога се тргнува?
Претпоставувавам фотограф е меѓу полесните работи на брод?
Фала поздрав
 
Старосна граница не верувам дека има, знам филипинци што имаат 40+ години и уште работат, само што тие се во компанијата веќе 15 години па ги држат. Нема да ти прават проблем се додека си го знаеш занаетот.
Фотограф е една од полабавите позиции, се додека исечеш се што е хумано од тебе. Мислам на да замараш да се сликаат додека проаѓаат (да речеме, од театарот накај ресторанот), да им улетуваш на маса додека јадат, да бидеш брз со фотките ама и културен (пошто има редица луѓе позади тебе што сакаат да се фоткаат). Види го ова колку може да ти помогне. Одамна го напишав, али мислам дека се уште е валидно.
Ако имаш прашања, прашуј.
 
Фала на помош,совети другар
 
Фала на помош,совети другар
ако сакаш да отидеш, ќе отидеш ако не се тегнеш со “еј, утре“, “ај да видам на работава тука како ќе ми оди“, “чекај пролет нека дојде“ и слично. Гасиш се тука, се активираш за себе, резимиња, портфолија таму што бараат сега, не знам, и пичиш. Дали ќе отидеш на еден договор, или на повеќе, тоа ќе си знаеш после првиот договор. Првиот и вториот месец ќе ти биде интересно, нови луѓе, цимери, бар, журки... третиот месец веќе почнуваат да се кршат стварите :D те фаќа носталгија. Четвртиот месец ги мрзиш сите. Петиот месец ги мрзиш сите и себе, а шестиот месец чур ти куе пошто си одиш дома набрзо. Е сега, се враќаш дома, имаш пари у џеб, и или не ти се враќа никогаш повеќе, или си навлечен и ќе се вратиш одма после месец ипол (или колку и да ти е одморот тука).
 
Последно уредено:

од бугарска SAPKO ми бараат seamen’s passport i
STCW Marine certificates
Немам такво нешто
За да ми закажат интервју за овој месец или нареден
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom