Фудбалски/трансфер дискусии

Член од
26 февруари 2016
Мислења
5.419
Поени од реакции
13.591
Добро бе, стварно кој е мотивот да го ангажираш Мартинез за селектор? Човек кој со златна генерација на Белгија не освои апсолутно ништо, дури ни една Лига на нации барем... Кој потенцијал го видоа во него еден Господ знае... Да ангажираа некој млад португалски тренер за кој немаме ни чуено ќе ми беше пологично од ова.
 

ob1

Член од
7 март 2010
Мислења
9.116
Поени од реакции
25.180
Не го разбирам моментов со продолжување на договорот за уште една година со Атлетико Мадрид.

 
Член од
5 март 2018
Мислења
16.613
Поени од реакции
18.863
Не го разбирам моментов со продолжување на договорот за уште една година со Атлетико Мадрид.

Едноставно е, сакаат да му ја кренат клаузулата, само под тој услов го пуштија на позајмица на сред сезона и Феликс прифати. Сега постојат две опции, или да си оди Чоло на лето и да се врати Феликс под нов тренер, ако не се деси тоа ионака ќе се залета некој друг клуб и ќе направат перманентен трансфер. Како и да е ова е профит за Хил мафијата, Атлетико како клуб губи многу со трансферот, поготово шо му заминува играч на сред сезона а овие водат мртва трка за 4 место.
Автоматски споено мислење:

А да и заборавив да спомнам, проблемот е и високиот договор кој го има Чоло, од управата најверојатно сакаат да го натераат Чоло сам да си замини за да не мора оштета да му плаќаат, све на така ми мириса.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: ob1
Член од
29 јануари 2015
Мислења
7.278
Поени од реакции
20.260
Не го разбирам моментов со продолжување на договорот за уште една година со Атлетико Мадрид.


Ова Стефи што го пишала е една од варијантите. Имаше и нешто поврзано со амортизација и даноци, од финансиска точка.
Челзи знам, кого и да даваше на позајмица, непосредно пред тоа му продолжуваше договор. Од Бачуаји до Миазга. Не е нужно поврзано тоа со потенцијалното останување во матичниот клуб.

Ковачиќ и Одегард ако не се лажам беа на суви позајмици, па потоа беа откупени. Доколку има желба кај сите страни, неформално сигурно постои некој договор за предност.

Што не значи дека 11-те милиони за нецели пет месеци и покривање комплетно на платата, не се бизарни. Импулсивно решение.
Ама ајде, подобро Феликс на овој начин, одошто да удрат 100 милиони за Мудрук. Кога веќе...
 
Член од
23 август 2010
Мислења
39.481
Поени од реакции
114.411
Овде Атлетико се обезбедува од секој можен аспект. Продолжен договор на Феликс, позајмица у Челзи без право на откуп со целосна отплата на плата од страна на Челзи, па до јули ќе чекаат да видат што ќе биде со Чоло, ако си оди он тогаш Феликс можно е да се врати во Атлетико, а ако остане Чоло тогаш Феликс веројатно ќе прави трансфер. Што знам, да беше класичен шпиц ќе разберев, вака имаат сличен калибар играчи веќе и пак кубурат со напаѓачи. Секако, Феликс е топ играч и талент и секако дека тоа ќе е големо појачување за нив.
 
Член од
5 март 2018
Мислења
16.613
Поени од реакции
18.863
Феликс е несомнено голем талент, премногу, тоа сите го знаат ама карактерно не е созреан уште. Не можи на тие години да се понаша како небаре све има освоено и е Кристијано Роналдо, се лигави оти го вадат на сред игра, па Гризман ќе го земам за пример кога направи трансфер во Атлетико грееше клупа на почетокот дури да се вклопи во тимот и не зуцна ни буква,овој де преку женската, де преку брат му пушташе провокации до Чоло и остали, шутираше шишиња на клупа кога ќе беше заменет и слично.
Во Атлетико никогаш не ги оправда тие пари фрлени за него, дали тоа е заради стилот на игра кој го практикува Симеоне не знаеме, ќе го видиме во Челзи. Многу неконстантност покажа во Атлетико, два натпревари ќе искинеше третиот лежерно си трчкареше на терен.
Не е тип на играч за Чоло факт, на Чоло му требаат играчи кои ќе ораат на терен и дефанзивно и офанзивно, Феликс е мекуш, едвај чекам да видам во Премиер како ќе се снајде кога треба против киклопи да се турка, со плачење со првиот авион ќе сака да избега во Мадрид, макар било и позајмица во Рајо Мајадахонда :ROFLMAO:
 
Член од
26 февруари 2016
Мислења
5.419
Поени од реакции
13.591
Не беше и Арсенал заинтересиран за позајмица на Феликс или тоа беа само голи муабети? Стварно не ја пратев ситуацијата со него... Малку ми е нелогично ако има слична понуда некој во моментот да го избере Челзи пред Арсенал.
 
Член од
30 мај 2009
Мислења
10.155
Поени од реакции
23.299
Не беше и Арсенал заинтересиран за позајмица на Феликс или тоа беа само голи муабети? Стварно не ја пратев ситуацијата со него... Малку ми е нелогично ако има слична понуда некој во моментот да го избере Челзи пред Арсенал.
Demek skapa mu bila pozajmicata na arsenal i utd.
 
Член од
29 јануари 2015
Мислења
7.278
Поени од реакции
20.260
Не беше и Арсенал заинтересиран за позајмица на Феликс или тоа беа само голи муабети? Стварно не ја пратев ситуацијата со него... Малку ми е нелогично ако има слична понуда некој во моментот да го избере Челзи пред Арсенал.
Летото играчи со здрав памет потпишуваа за клуб кој нема пари да ги исплати и го издава стадионот за свадби, крштевки и сунети.

Штом тогаш го избираа тој клуб, нема гајле и за Челзи сега, уживај.
 
Член од
26 февруари 2016
Мислења
5.419
Поени од реакции
13.591
Летото играчи со здрав памет потпишуваа за клуб кој нема пари да ги исплати и го издава стадионот за свадби, крштевки и сунети.

Штом тогаш го избираа тој клуб, нема гајле и за Челзи сега, уживај.
Тие играчи сега се лидери во една од најсилните лиги во светот, така да ептен здрав памет имале. ;)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom