Војна во Мексико

smihajlo

Superposition, Relentless
Член од
11 август 2010
Мислења
3.738
Поени од реакции
4.496
Глеј што им се има десено таму каде е легализирано. Како Night of the Living Dead се градовите
Автоматски споено мислење:

Ако илегализираш вода, моркови, тоалетна хартија иста приказна има да иде.
Разликата е што дрогата ги прави зомбиња по гетата
Тоа што дрогата ќе биде легална нема да ја зголеми консумацијата исто како што беше со алкохолот.

Никој не тврди дека дрогата е корисна и дека треба да ја консумираме туку дека криминализацијата прави само штета.

Тие милијарди долари што идат кај картелите ако се легализира дрогата нема да бидат милијарди ама ќе може да се користатат за центри за рехабилитација и други корисни работи.

Освен тоа конкретно Мексико и онака ја извезува дрогата за САД или други западни земји со многу пари.

Друг бенефит е што покрај ниските цени на пазарот ќе се нуди поквалитетна дрога.

Еден од поголемите проблеми со дрога на црн пазар е што луѓето не знаат што консумираат и поради мешавини се случува предозирање и смрт.

П.С На кратко нема буквално никаков бенефит од забрана, а има еден куп бенефити од легализација.

П.С2 Ми се чини 2000 година португалија има најголем проблем со нарко зависници и ХИВ случаеви.

Во тој период се декриминализира се дури и хероин и за само 10 години Португалија има најниска стапка во цела Европа.
Автоматски споено мислење:

Па не се снимаат на смартфон како мексиканскиве картели кога мачат и убиваат.

Тактика на страв и заплашување е тоа со милион снимки на кољење и мачење луѓе по интернет шо кружат.И тоа е нарко мексичка култура.

И не тресете глупости со - легализирај и данок , мисли малце со тоа главата дека ради многу причини нема смисла тоа, тешки дроги да легализираш треба и да произведуваш , како може да легализираш нешто кое пак илегано треба да го шверцнеш кај тебе.. дали цел свет треба фабрички тешка дрога да произведува и сегде да биде легално,земјите неможат да се договорат за ебани маски у ковид време не па за вакви тешки проблеми..

Ако се дозволи негде користење тешки дроги без казна ,тоа ќе биде зомби дрога епидемија и самоуништување како во либералните Портланд - Орегон,Сиетл-Вашинготн,Филаделфија-Пенсилванија и други делови во САД со огромна бездомна наркоманска популација.

Назад на темата - Овие денови треба да дојде Бајден во Мексико на посета со неговите Циа хендлери и таман е погодено ова со апсењево на синот на Чапо кој веќе еднаш беше уапсен па пуштен оти Мексико е пропадната земја ,иначе да се изразам како Голубовиќ во Видимо се у Читуљи " Oni su mogli da ga uapse kad su hteli ...i kako su hteli "
Океј е да имаш мислење ама треба и да кажеш кои причини, а не само има причини.

Проблемот со државите што ги наброја е што се либерални, а не либертаријански.

Ако државата ти е комбинација од социјализам/комунизам/бирократија тоа не е пазарна економија.

Нема поента да либерализираш канабис на пример ако легалниот канабис иде во пакет со еден куп бирократија, а воедно е поскап од оној на црниот пазар.

Веќе кажав дека легализација не е магично стапче што ќе ги реши сите проблеми, но е чекор во правилна насока и нормално битно е како ќе се спроведе.

Ти велиш сме трескале глупости ама историјата покажува нешто друго.

Пример ги имаш прохибицијата во УСА и нејзините последици, а подоцна и т.н војна на дрогата.

Друг пример е португалија пред и после легализација.

П.С Јас лично сум против консумација на дрога, алкохол и цигари, но верувам во слобода на избор, а воедно криминализацијата не само што не помогнала на било каков начин туку и причинила непоправлива штета.
 
Последно уредено:

Стев

Rockscourge Stevahn
Член од
19 декември 2019
Мислења
4.483
Поени од реакции
4.316
Тоа што дрогата ќе биде легална нема да ја зголеми консумацијата исто како што беше со алкохолот.

Никој не тврди дека дрогата е корисна и дека треба да ја консумираме туку дека криминализацијата прави само штета.
Глеј на тоа вака. Во прохибиција, алкохол можеше да купи тој што можеше да дозволи. Исто и дрога. Отсрани го тоа, и секој може да купи. А сметајќи дека нивото на малоумници и поголемо од тогаш...сваќај каде иде. Рестото е дарвинизам.
 
Член од
17 август 2011
Мислења
10.269
Поени од реакции
18.242
Глеј на тоа вака. Во прохибиција, алкохол можеше да купи тој што можеше да дозволи. Исто и дрога. Отсрани го тоа, и секој може да купи. А сметајќи дека нивото на малоумници и поголемо од тогаш...сваќај каде иде. Рестото е дарвинизам.
И сега секој може да купи.
 
Стев

Rockscourge Stevahn
Член од
19 декември 2019
Мислења
4.483
Поени од реакции
4.316
И сега секој може да купи.
Да, ама ако го направи тоа, или ќе го кошта бајѓи повеќе, или ќе добие социјална стигма ако го фатат.
Вака ако легално ќе биде “drug pride „
 
Член од
8 февруари 2020
Мислења
5.305
Поени од реакции
7.661
Глеј на тоа вака. Во прохибиција, алкохол можеше да купи тој што можеше да дозволи. Исто и дрога. Отсрани го тоа, и секој може да купи. А сметајќи дека нивото на малоумници и поголемо од тогаш...сваќај каде иде. Рестото е дарвинизам.
Место да бараш вина кај другите и заштита од докажани државни паразити, работи на себе си и на твоите потомци, па така ќе знаете што е добро за себе.
Гледам се смееш на членот за Португалија, имаш интернет разлистај какво општество се сега.

Да, ама ако го направи тоа, или ќе го кошта бајѓи повеќе, или ќе добие социјална стигма ако го фатат.
Вака ако легално ќе биде “drug pride „
Ти затоа ли не користиш наркотици? Скапи ти се и срам од комшиите....

На некои од твитер сметките пишуваше дека нема ниту едно видео од апсењето на синот, а обично секогаш прикажуваат од апсењата, како што имало и од претходното апсење на синот. :toe:
 
Стев

Rockscourge Stevahn
Член од
19 декември 2019
Мислења
4.483
Поени од реакции
4.316
Место да бараш вина кај другите и заштита од докажани државни паразити, работи на себе си и на твоите потомци, па така ќе знаете што е добро за себе.
Гледам се смееш на членот за Португалија, имаш интернет разлистај какво општество се сега.

Ти затоа ли не користиш наркотици? Скапи ти се и срам од комшиите....

:toe:
Ајде драг прајд. Ај е еј џанки манки.
420 4eвр. сеј ело ту мај литл френд.
Eве ти и знаме
1673117293784.png
еве ти и униформа
1673117314969.png
 
Последно уредено:

smihajlo

Superposition, Relentless
Член од
11 август 2010
Мислења
3.738
Поени од реакции
4.496
Место да бараш вина кај другите и заштита од докажани државни паразити, работи на себе си и на твоите потомци, па така ќе знаете што е добро за себе.
Гледам се смееш на членот за Португалија, имаш интернет разлистај какво општество се сега.

Ти затоа ли не користиш наркотици? Скапи ти се и срам од комшиите....

На некои од твитер сметките пишуваше дека нема ниту едно видео од апсењето на синот, а обично секогаш прикажуваат од апсењата, како што имало и од претходното апсење на синот. :toe:
Кога прочитав што пишал почнав да пишувам реплика и прекинав. :pos: :pos: :pos:
 
Член од
30 јули 2014
Мислења
5.452
Поени од реакции
17.892
па и тие, ваљда амфетаминот и фентанилот праат такви зомби ефекти. Гледав една емисија, тој фентанилот од кина го шверцале у мехико, па после у америка. Збореа како да е најлоша дрога досега општо у поглед на последиците што ги прави врз човекот.
Vo Amerika hara opioidna epidemija poveke od edna dekada, ama radi drugi pricini, zdravstveniot sistem im e krs, opioidi se prepisuvaat kako bonboni, a sekako glavna uloga tuka ima farmacijata koja raboti kako oksikodon gi propagirase kako nesto genijalno i bezopasno. Koga dojde fentanilot uste tolku se vlosija rabotite, sekoja naredna godina im se zgolemuvaat overdozite za preku 50 posto. Kokainot na primer e vitaminski sejk u sporedba so ovie raboti, a i metamfetaminot e prilicno zaebana rabota, ne amfetaminot.
 
smihajlo

Superposition, Relentless
Член од
11 август 2010
Мислења
3.738
Поени од реакции
4.496
Vo Amerika hara opioidna epidemija poveke od edna dekada, ama radi drugi pricini, zdravstveniot sistem im e krs, opioidi se prepisuvaat kako bonboni, a sekako glavna uloga tuka ima farmacijata koja raboti kako oksikodon gi propagirase kako nesto genijalno i bezopasno. Koga dojde fentanilot uste tolku se vlosija rabotite, sekoja naredna godina im se zgolemuvaat overdozite za preku 50 posto. Kokainot na primer e vitaminski sejk u sporedba so ovie raboti, a i metamfetaminot e prilicno zaebana rabota, ne amfetaminot.
Сите се заебани работи, кокаин крева допамин 2.5 пати, амфетаминот преку 10 пати.

Никој не спори дека наркотиците се срање. Муабетот е повеќе која е логиката со забрана да се ставаат пари во џебовите на мафијаши?

Јасно ми е дека голем дел од тие што сакаат забрана имаат добри намери, но во реалноста има последици кои се полоши од самата појава.

Еве да го земеме Мексико за пример дали тоа што дрогата е забранета, а како резултат на ова се јавуваат супер картели е добар резултат/компромис?

Јас би рекол не.
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.524
Поени од реакции
27.342
Еве да го земеме Мексико за пример дали тоа што дрогата е забранета, а како резултат на ова се јавуваат супер картели е добар резултат/компромис?

Јас би рекол не.
Забраната за наркотици во Мексико нема врска со конзумацијата во Мексико, нити пак со појава на картелите.

Како паралела можеш да ја земеш Македонија во 20-30ти од минатиот век. Ниту бил забранет опиумот, ниту пак неговата конзумација била пандемска, а сепак нарко картели постоеле.

Не е проблем забраната како забрана, проблем е што заради корупција законите не функционираат што треба да ја спроведат таа забрана. Бирократијата околу фаќање и казнување на дилерите и наркобосовите во САД го прават своето. Речиси јавно се знае кои се босовите и неретко имаат медиумска покриеност. Па дури и во Мексико, мислиш дека САД нема моќ да ги среди картелите за неколку дена, ако сака.

Приказните за легализација на тешките дроги се нон сенс и на исто рамниште како да се дозволи дечја проституција, за да се добираат даноци.
 
Не би рекол дека е така, а историјата го покажува спротивното. Со тоа што наркотиците се забранети се креираат вештачки монополи бидејќи во такви услови само големи играчи може да произведуваат и дистрибуираат дрога со ова по дифолт се креираат супер банди/мафии/картели.(Кои пак си носат дополонителни проблеми што се значително полоши од самата консумпција на дрога)

Консумацијата на дрога е штетно, но штетни се и цигарите и алкохолот јас би рекол алкохолот причинува повеќе штета од било која друга дрога.

Јас би рекол дека не добиваме ништо значително со криминализација, а имаме еден куп нус појави и ресурси потрошени во борба со нешто што треба да е легално.

Поистоветување на легализација на дрога со дечја проституција е подмолно од твоја страна, а и крајно погрешно.

Никој нема право да прави закони кои ќе те заштитат од самиот себе.

Да дрогата е штетна, но штетни се и цигарите, алкохолот, некои велат штетно било јадење месо, леб, некои велат да сме немале секс пред брак итн.

Каде е тука границата?

Границата е кога твоите постапки ја нарушуваат слободата на трети лица. Ако пиеш алкохол по дома не ми е гајле, ако се опијаниш возиш кола и убиеш цела фамилија тогаш ќе одиш во затвор.

Тука вклучени се појави како тргоција со луѓе, дечја проституција и било која форма на ограничување на слободата на трети лица, тука не може, не треба и не смее да постои компромис.

П.С Како би постоела корупција ако не постојат супер картели со длабоки џебови?
П.С2 Кој е бенефитот од забрана на наркотици?
- Престанок на производство. Не.
- Помала конзумација. Не
- Трошење на ресурси кои би можеле да се искористат за рехабилитација. Да
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
25.730
Поени од реакции
42.318

да се работи за твое дете да го фатиш со шприцот во рака ќе видиме дали ќе збориш така.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom