smihajlo
Superposition, Relentless
- Член од
- 11 август 2010
- Мислења
- 3.743
- Поени од реакции
- 4.502
Тоа што дрогата ќе биде легална нема да ја зголеми консумацијата исто како што беше со алкохолот.Глеј што им се има десено таму каде е легализирано. Како Night of the Living Dead се градовите
Автоматски споено мислење:
Ако илегализираш вода, моркови, тоалетна хартија иста приказна има да иде.
Разликата е што дрогата ги прави зомбиња по гетата
Никој не тврди дека дрогата е корисна и дека треба да ја консумираме туку дека криминализацијата прави само штета.
Тие милијарди долари што идат кај картелите ако се легализира дрогата нема да бидат милијарди ама ќе може да се користатат за центри за рехабилитација и други корисни работи.
Освен тоа конкретно Мексико и онака ја извезува дрогата за САД или други западни земји со многу пари.
Друг бенефит е што покрај ниските цени на пазарот ќе се нуди поквалитетна дрога.
Еден од поголемите проблеми со дрога на црн пазар е што луѓето не знаат што консумираат и поради мешавини се случува предозирање и смрт.
П.С На кратко нема буквално никаков бенефит од забрана, а има еден куп бенефити од легализација.
П.С2 Ми се чини 2000 година португалија има најголем проблем со нарко зависници и ХИВ случаеви.
Во тој период се декриминализира се дури и хероин и за само 10 години Португалија има најниска стапка во цела Европа.
Автоматски споено мислење:
Океј е да имаш мислење ама треба и да кажеш кои причини, а не само има причини.Па не се снимаат на смартфон како мексиканскиве картели кога мачат и убиваат.
Тактика на страв и заплашување е тоа со милион снимки на кољење и мачење луѓе по интернет шо кружат.И тоа е нарко мексичка култура.
И не тресете глупости со - легализирај и данок , мисли малце со тоа главата дека ради многу причини нема смисла тоа, тешки дроги да легализираш треба и да произведуваш , како може да легализираш нешто кое пак илегано треба да го шверцнеш кај тебе.. дали цел свет треба фабрички тешка дрога да произведува и сегде да биде легално,земјите неможат да се договорат за ебани маски у ковид време не па за вакви тешки проблеми..
Ако се дозволи негде користење тешки дроги без казна ,тоа ќе биде зомби дрога епидемија и самоуништување како во либералните Портланд - Орегон,Сиетл-Вашинготн,Филаделфија-Пенсилванија и други делови во САД со огромна бездомна наркоманска популација.
Назад на темата - Овие денови треба да дојде Бајден во Мексико на посета со неговите Циа хендлери и таман е погодено ова со апсењево на синот на Чапо кој веќе еднаш беше уапсен па пуштен оти Мексико е пропадната земја ,иначе да се изразам како Голубовиќ во Видимо се у Читуљи " Oni su mogli da ga uapse kad su hteli ...i kako su hteli "
Проблемот со државите што ги наброја е што се либерални, а не либертаријански.
Ако државата ти е комбинација од социјализам/комунизам/бирократија тоа не е пазарна економија.
Нема поента да либерализираш канабис на пример ако легалниот канабис иде во пакет со еден куп бирократија, а воедно е поскап од оној на црниот пазар.
Веќе кажав дека легализација не е магично стапче што ќе ги реши сите проблеми, но е чекор во правилна насока и нормално битно е како ќе се спроведе.
Ти велиш сме трескале глупости ама историјата покажува нешто друго.
Пример ги имаш прохибицијата во УСА и нејзините последици, а подоцна и т.н војна на дрогата.
Друг пример е португалија пред и после легализација.
П.С Јас лично сум против консумација на дрога, алкохол и цигари, но верувам во слобода на избор, а воедно криминализацијата не само што не помогнала на било каков начин туку и причинила непоправлива штета.
Последно уредено: