Без заебанција ама Челзи изгледа тажно и језиво во исто време. Ок, имаат проблеми и со повреди, ама така изгубено делуваат да тоа е смешно. Скроз небалансиран тим имаат, а згора на све се оставија без класичен шпиц, т.е. само со Обамејанг кој е полуиграч. Ако не се докопаат до ЛШ, а голема е веројатноста за тоа, могуче е да јадат бантер ера неколку години со оглед на јачината на другите клубови.
Во моментов Челзи има 10 повредени играчи. Десет. Не може тоа настрана да се тргне никако. Сите други работи да ги игнорираме, само тоа е доволна причина за актуелната ситуација.
Еден цел тим не може да игра.
Па кај Сити да се повредат неколкумина, клуб кој поседува и квалитет и квантитет, ќе паднат инстантно, а не па овој Челзи. Нека отсуствуваат Де Брујн, Диас, Халанд и Бернардо на одреден период, не мора повеќе и ќе видиш до каде ќе стигнат.
Неколку години за извесен рестарт секако ќе бидат потребни, со ЛШ или без. Бантер ера за неколку години неиграње во ЛШ и послаб пласман во Премиер, не верувам. Мислам, верувам дека би се случило, но сепак за да биде ера би требало мизеријата да потрае.
И да. Челзи до средина на мај не се знаеше дали ќе опстои како клуб. После две децении се смени сопственичката структура и клубот сега е во реална транзиција. Наивно е да се мисли дека може да се случи еден таков голем рез, а тоа да нема влијание на случувањата на терен.