Premier League - 2021/2023

  • Креатор на темата Креатор на темата Донев
  • Време на започнување Време на започнување

Кои 2 екипи нема да завршат во топ 4?


  • Вкупно гласачи
    91
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
Доказ дека парите не само човека го расипуваат....Вавка срање од екипа немам гледано одамна (Шиткасл). Фудбалот оди во погрешна насока одамна ама веќе се поочигледно е тоа.
 
Како не беше пенал ова за Арсенал?
Чиста рака под аголов кој го дадоа на Арена...

Расипан бил ВАР системот.
Ниту една спорна ситуација не покажаа од повеќе агли.
 
Њукасл си изигра машки. Ја убија цела игра на Арсенал. Сака и Мартинели 60 и кусур минути комплетно ги затворија. Средина ја потепаа. На 2 пати по 10-15 минути беа крајно безобразни, со опасни стартови и задржување на време и го успорија цел моментум. Едина забелешка кон нив е што не можеа истото да го направат во напад. За тоа колку добро се бранеа, ваљда и не беа толку експлозивни во напад како што знае да бидат сезонава ( бар коа сум ги гледал ). Комплетно заслужен бод.

Во однос на судијата и ситуациите... не знам шо да речам искрено... имаше некои ситуации кај што можеше да подели и уште по некој картон, ама ваљда тогаш тек повеќе ќе ескалираше... вака можеби и најдобро

За последниот пенал, искрено не знам веќе како ги проценуваат. Сезонава има исти ситуации и судени и не досудени. Дали му беше во природна позиција и стварно беше неизбежно да го удри е комплетно субјективно. Мене повеќе ме чуди таа ситуацијата со Сака, кога го влечеа во 16ик зошто не дадоа снимка. Мислам дека можно е да беше Сака ( или кој и да играше пред него што му ја подаде ) во офсајд пред тоа, по можеби за тоа, ама безвеза е што не дадоа снимка.

Во секој случај фрустрирачки, што до некаде и им беше тактика на Њукасала. Како и да е, нерешениов резултати сигурно повеќе го повреди Арсенал него ли Њукасал.
 
На мечевите на Јунајтед скоро секој меч има по 1-2 слични ситуации за игра со рака. Пенал не ни суделе заборавив кога последен пат беше. Којзнае какви им се критериумите за игра со рака сезонава
 
Влечењето на Габриел од Барн во 60та минута е толку чист пенал да по чист не може да биде, ама тоа е кога мора да е интересна лигата и арапските нафташи пак да освојат :)

 
На мечевите на Јунајтед скоро секој меч има по 1-2 слични ситуации за игра со рака. Пенал не ни суделе заборавив кога последен пат беше. Којзнае какви им се критериумите за игра со рака сезонава

Проблемот е што ни самите не знаат :)
 
Почнаа премногу да ја тупат со позицијата на раката. Дали раката му била ниско долу веднаш до телото, дали била крената горе ама во природна позиција, или пак паѓал и морало да падне на нешто, како да бараат секакво глупо оправдување за да не се суди пенал кога дефанзивец ќе игра со рака во 16ник.

Без разлика што играта со рака многу често спречува и чист гол.

Од друга страна, на Рашфорд некни му беше буквално на градите раката и да не му удреше во рака секако му удираше топката во гради, ама битно му го поништија голот.
 
Па дискутабилно е за играта со рака, играчот на Њукасл е во таква позиција со раката и кога Џака шутира овој се врти, фактички сака да ја тргни раката и нема намера да спречи удар, кај да ја носи раката ? Плус премногу е блиску Џака до него.
 
Влечењето на Габриел од Барн во 60та минута е толку чист пенал да по чист не може да биде, ама тоа е кога мора да е интересна лигата и арапските нафташи пак да освојат :)

Па не е пенал ова бе што ти е, особено за ПЛ критериуми.
 
Кои критериуми и за помало влечење сезонава се суделе пенали и исти удари во рака се суделе пенали немаат некој утврден критериум судиве. Посебно судијава на овај меч беше изгубен во просторот не знаеше да си воспостави ред на утакмицата различен критериум за слични ситиации.Од старт Нукасл почна остро со многу дуел игра остри стартови што небеа санкционирани со картон кога почна на ист начин да игра Арсенал почна да дава картони да имаше уште 5м од прво ништо чудно и црвен да имаше на утакмицата.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom