Колонијализам, пљачкање, робови (фриленсери слушнав ги викале по ново), рекет
Ти си барем по математиката, 70+ милијарди во оружје само за Украина (купено од амерички фирми, значи пак парите во систем), шиткање на гас по неколку пати повисока цена (додека има овци ќе има и волна, околу 100 милки на еден танкер прават), страв од „баба рога“ т.е Русија и повторно вооружување на големите Европски сили/Канада/Австралија (само кенгуриве оптегнаа околу 30-40 милијарди амерички долари за ф35ки и останати орудија) и тн.
Еве ти и едно бонус видео за дополнителните глупости што ги прават.
Секако дека има и тоа врска, но не е пресудниот фактор зошто овие држави се богати, Европа целосно беше преорана во 20ти век па пак имаат развиена индустрија и јака економија, Германија како пример може да ја земеме.
Тука се тврди дека стандардот бил напумпан поради принтање пари што е целосно неточно, дури во 19ти и почеток на 20ти век кога валутите ги врзувале за злато пак имале подобар стандард од други држави, зошто го спомнувам ова е поради тоа што е невозможно да принташ повеќе пари од колку што имаш злато ако валутата ти е врзана за злато т.е не е фиат.
Испаѓа дека едниве можат да принтаат пари и да се богатат, а другиве не можат, со принтањето пари се кревала привидно куповната моќ според некој експерти тука
. Се знае што се случува ако имаш многу неоправдани пари во оптек а слаба економија.
Еве и Господинот "Во Русија е забрането лобирањето со закон" дава значење на тоа што имало држави што биле врзани за доларот па со принтањето на долари се девалвирале тие валути, а пак тие валути што немале врзани валути за нив неможеле да принтаат пари, не знам од каде го извадол заклучокот ама океј.
Причината која што САД може да избегне со принтање на многу пари а други држави не толку, е тоа што, принтањето на пари генерално е врзано со U.S Treasuries или други државни обврзници кои историски а и до ден денес се атрактивни и неризични инвестиции за приватни инвеститори а и државни, голем удел купувани од Кина, Јапонија и сл. Дефицит трошењето на САД или принтањето на пари што го викаат тука, го плаќаат држави кои што имаат државен сурплус како Кина, не дека Кина сака да им ги финансира војните, туку сурплусот што го генерира со производство го враќа назад на најголемиот нивни муштерија. Ова се случува не само за државните финансиски инструменти, туку и за приватни, голем удел од сурплусот на Кина оди на рециклирање на Wall Street.
Историски гледано за моќта на доларот има влијание и периодот после ВСВ до 70тите т.е Бретон Вудс системот кој е и една од причините зошто доларот е reserve currency.
Никсон го погреба Бретон Вудс но до ден денес се чувствуваат последиците(тоа што го зборував погоре).
Зависи како го дефинираш тоа напумпан, ти пишав и минатиот пат, реалноста е дека споредено со Кина овие немаат никаква реална индустрија, само додека ја имаат воената моќ ќе продадат и гомно замотано со панделка.
Bold statement е да речеш дека немаат индустрија, ама во право си за тоа дека споредено со Кина економијата на САД и грубо кажано на ЕУ е во фаза на тоа што економистите го викаат се
секуларна стагнација или со други зборови економијата им е на животна подршка (зборувам за вистинската економија, на тоа што мислиш и ти). Што значи ова е тоа што го гледаме барем во Западниот Свет после 2008 т.е кога заврши бизнис циклусот, високо ниво на заштеди, ниски каматни стапки за да се соочат со високиот процент на заштеди т.е да ги раздвижат тие пари, и покрај голем оптек на пари до пред некоја година ниска инфлација, голем дел од сурплусот т.е зачуваните пари заминаа да ги пумпаат цените на недвижнините и на финансиските инструменти на берзите, ги зголемија непродуктивни работни дејности како маркетинг, HR и слични дејности(напомена дека тука мислам зголемениот обем од економијата што го содржат), додека реалната економија е на животна поддршка.
И поради ова,
стандардот во Западниот Свет не е напумпан, туку е на животна поддршка, спротивно од што го тврдат тука, и ова се влечи уште од 70тите но е далеку поизразито последниве 20тина години. Средната класа ја нема таа купувачка моќ што ја имала порано а за сиромаштијата да не зборуваме, образованието е направено екслузивно за богаташи и сл.
Disclaimer: Те цитирав само тебе пошто сум од телефон не можам да ги цитирам сите посебно, така да голем дел од постов има и што не е поврзан со твојов цитат, ама пошто најзаслужен си за цитат и дискусија затоа се надоврзав на тебе