Тајни Служби во Македонија

Член од
8 јануари 2012
Мислења
9.906
Поени од реакции
14.598
Значи... можеш да си изнајмиш владина агенција за разузнавање, не мора да бидат приватни детективи па да ги ставиш под договор. Дури и како клиент се јавува влада на друга земја. :cenzura:
Site službi vo svetot znaat da odrabotuvaat za nekoj drug, a za vozvrat dobivaat drugi uslugi.
Daj mi -na ti vsušnost
 
Член од
13 јуни 2022
Мислења
58
Поени од реакции
105
Да ја надополнуваме темава со податоци

Неџат Аголи : емигрант од Албанија , престојувал долги години во Германија , каде што бил ангажиран од СДБ во мрежите на агентура за завршување на операции . Следење на лица од Тетово , Гостивар , Дебар , Струга , Кичево и Куманово . Овие операции се одвивале од 1969 до 1978 година , каде што следел лица кои му биле дадени со име презиме и лични слики . Неџат Аголи добивал за тие операции сума на пари , отприлика од 1000 до 3000 марки . Имал сличности како познатиот Драган Малешевиќ Тапи , така што средувал документи на емиграцијата во германската полиција , каде што од тоа и заработувал од 200 до 1000 марки . Тие документи Аголи ги добиваше бесплатно , и во некои случаи за средување на документи добивал и 2000 до 3000 марки , кои ги делел со шефот на полицијата од Гостивар - Трифе Матевски и заменикот Живко Митевски . Документите кои ги правел и ги праќал и на газдите од СДБ во територија на Македонија , преку негова мрежа која идеше - Урош Милошевски .

Следењето на СДБ Београд ( операција на III и V сектор ) 27.07.1971 година

Врска : Наш Телеграм бр.405

- Во состав на мерките што се превземаат во врска со акцијата “ Пластика “ обавени се разговори со двајца наши граѓани од струшко на договорна работа во СРГерманија , кои изјавија дека во јули дека пред доаѓање на одмор во земјата , контактирале со емигрантот Шамбевски Благоја , потпретседател на ОКМ , кој им предложил илегално да внесат пратки адресирани до одредени лица , по влегувањето во СФРЈ да ги испратат преку пошта . Илегално да внесат летоци и да се растуат во Охрид и Струга . Зборувал и за тоа дека организирале мрежа за растурање на летоци во повеќе градови , а испратиле порано и летоци во Турција и Грција . За Илинден во 2 август подготвувале изведување диверзија во Скопје .

Добиените податоци ги потвдрдуваат сознанијата за вршење “ субверзивни акции од страна на екстремни македонски емигранти “ - 24.08.1971 година .
 
Последно уредено:

Ivan898

they see you, but you don't see them!
Член од
3 јуни 2020
Мислења
368
Поени од реакции
688
Да ја надополнуваме темава со податоци

Неџат Аголи : емигрант од Албанија , престојувал долги години во Германија , каде што бил ангажиран од СДБ во мрежите на агентура за завршување на операции . Следење на лица од Тетово , Гостивар , Дебар , Струга , Кичево и Куманово . Овие операции се одвивале од 1969 до 1978 година , каде што следел лица кои му биле дадени со име презиме и лични слики . Неџат Аголи добивал за тие операции сума на пари , отприлика од 1000 до 3000 марки . Имал сличности како познатиот Драган Малешевиќ Тапи , така што средувал документи на емиграцијата во германската полиција , каде што од тоа и заработувал од 200 до 1000 марки . Тие документи Аголи ги добиваше бесплатно , и во некои случаи за средување на документи добивал и 2000 до 3000 марки , кои ги делел со шефот на полицијата од Гостивар - Трифе Матевски и заменикот Живко Митевски . Документите кои ги правел и ги праќал и на газдите од СДБ во територија на Македонија , преку негова мрежа која идеше - Урош Милошевски .

Следењето на СДБ Београд ( операција на III и V сектор ) 27.07.1971 година

Врска : Наш Телеграм бр.405

- Во состав на мерките што се превземаат во врска со акцијата “ Пластика “ обавени се разговори со двајца наши граѓани од струшко на договорна работа во СРГерманија , кои изјавија дека во јули дека пред доаѓање на одмор во земјата , контактирале со емигрантот Шамбевски Благоја , потпретседател на ОКМ , кој им предложил илегално да внесат пратки адресирани до одредени лица , по влегувањето во СФРЈ да ги испратат преку пошта . Илегално да внесат летоци и да се растуат во Охрид и Струга . Зборувал и за тоа дека организирале мрежа за растурање на летоци во повеќе градови , а испратиле порано и летоци во Турција и Грција . За Илинден во 2 август подготвувале изведување диверзија во Скопје .

Добиените податоци ги потвдрдуваат сознанијата за вршење “ субверзивни акции од страна на екстремни македонски емигранти “ - 24.08.1971 година .
Како што сум читал за Шамбевски, се тврди дека умрел од природна смрт, барем така има на форумот на Котле во врска со таа мистерија која му ја објаснил Сашо Узунов, која Узунов ја добил од германската полиција.Исто еден лик во неговиот форум имаше пишано дека имале испратено луѓе кои биле пријатели на Шамбевски и Богдановски за да добијат детаљи за нивни дејствија во емиграцијата.Исто имаше пишано дека во Минхен кога се сретнале се Шамбевски дека требало да го ликвидира, но после тој му рекол на Шамбевски дека попрво би се убил себеси отколку него, па после кога се вратил му пресудиле 20 години затвор.Исто и имало дилеми дека Шамбевски бил соработнк на Бнд, така што во Минхен бил трениран во Компанијата 400, која служела за тренирање на американската, француската и италијанската тајна служба за воени акции и шпиунуажи на Балканот.
 
Член од
24 мај 2014
Мислења
5.295
Поени од реакции
5.856
Интересен текст поврзан со Убк и тогашни проблеми во службата.

Од мониторингот на Зелена Лупа
Случај "СПЕЦ КАСА НА УБК“
28.09.2020/10 часот

ОБВИНИТЕЛСТВОТО СО ОПОМЕНА ДО АДВОКАТИТЕ НА ОДБРАНАТА ЧИИ ИМИЊА НЕ ГИ ОБЕЛОДЕНИ ДА НЕ ВРШАТ ВЛИЈАНИЕ ВРЗ СВЕДОЦИТЕ ПРЕКУ ТЕЛЕФОНСКИ ПОВИЦИ И ПОРАКИ

 
Член од
6 декември 2022
Мислења
960
Поени од реакции
1.455
Аииии, здружение за истражување, анализи и развој... тоест think tank. Има ли натаму што да се објаснува. Како обид да се освои доверба од јавноста се копа низ судските записници и се презентира резимирана содржина од она што го нашле- е многу јако знање. Во еден од коментарите го видов името на Јордан Петровски, тој сеуште има нешто да каже...
А кој ја прислушкувал оваја, рака да му се позлати:
Четвртиот оштетен
кој пристапи кон Судот беше лицето Александра поранешна вработена во НВО „МОФ“ и активист во Студентски Пленум.
Таа имала поднесено барање до СЈО за кое денес доби одговор од обвинителот Пеливанов дека нејзините разговори биле незаконски следени во месеците декември 2011 година и февруари 2012 година додека СМС комуникациите и биле следени во месец мај 2011 година.
Антидржавните елементи се штитат еден со друг.
 
Член од
11 октомври 2014
Мислења
1.861
Поени од реакции
1.680
Интересен текст превземен од ФБ:


#Досие Карангелевски: Ликвидацијата на Генерал Карангелевски
Генералот што сакаше македонска територијална одбрана
#УДБА Васко Карангелевски (Брусник, Битолско, 7 јули 1921 - Македонски Брод, 3 февруари 1977) бил народен херој на Македонија, првоборец и генерал-полковник на ЈНА.
Васко Карангелевски (1921-1977) е македонски воин, генерал-полковник и народен херој. Роден е во битолското село Брусник, каде што многу рано активно се вклучил и станал член на СКОЈ (Сојуз на комунистичката младина на Југославија). Кога се формирал првиот Партизански одред во брусничкиот регион, во 1942 година, Карангелевски веднаш се вклучил во него. Одредот најпрво изведувал помали диверзантски акции снабдувајќи се на тој начин со оружје и со муниција. Младиот Карангелевски посебно се истакнал со својата храброст, па станал командир на чета. Во текот на зимата во 1943 година со баталјонот „Стив Наумов” учествувал во партизанските акции од Егејска Македонија, па сѐ до Козјак. Повторно како истакнат борец и офицер, во февруари 1944 година добил командна функција овојпат како командант на баталјон во Третата ударна бригада. Оваа бригада учествувала во пролетната офанзива по која значително се зголемила слободната територија во Македонија. Од Третата ударна бригада се одделил еден баталјон, кој заминал во источна Македонија. Наскоро на тој терен се формирала Четвртата бригада, a Карангелевски станал заменик-командант. Подоцна истата должност ја вршел и во Петтата и во Седмата македонска народно ослободителна бригада. Крајот на војната го дочекал како командант на Четириесет и деветтата македонска дивизија. По ослободувањето бил офицер со чин генерал во ЈНА. Стигнал до највисокиот воен чин генерал-полковник.
Генерал Карангелевски важел за еден од најспособните офицери во ЈНА (за време на војната, единиците под негова команда ги добиле речиси сите битки). По првиот и единствен Македонец началник на Генералштабот на ЈНА, Михајло Апостолски, генерал Карангелевски бил единствениот македонски кандидат за највисоката команда врз југословенската војска (според тогашниот систем на ротација). Но, не го поставиле. Наместо тоа, бил долго време командант на Скопската армиска област (подоцна преименувана како Трета армиска област).
Карангелевски е офицер кој забележал како ЈНА сѐ повеќе претставува српска армија бидејќи огромното мнозинство офицери (дури две третини) биле Срби. Како реакција на тоа, тој барал единиците на Територијална одбрана да бидат составени само од припадници на републиките во кои се наоѓаат тие единици. Тоа би значело во македонската територијална одбрана да служат само Македонци, идеја која воопшто не му се допаднала на раководството во Белград. Тајно-воената команда на ЈНА (веќе комплетно во рацете на Србите) го поставува Ратко Младиќ, денес добро познатиот српски националист и воен злосторник од босанската војна, за неофицијален командант на Скопската армиска област, кој има сопствена екипа на агенти на КОС во Македонија.
Карангелевски е убиен во 1977 година на падините на планината Караџица додека со пријателите бил на лов. Токму еден од нив по грешка, како што е официјално соопштено, пукал во него и го убил. Интересно е тоа што по истрагата воопшто не е извршено балистичко вештачење на орудијата. Бидејќи убиството го направил близок пријател на Карангелевски, јавноста лесно била убедена дека станува збор за несреќен случај. Околностите на случајот се мошне сомнителни, особено што дел од ловците подоцна се осудени на долгогодишни затворски казни за други убиства. Сепак, до денес нема најави за отворање нова истрага.
По неговата смрт, Младиќ е поставен за командант на Скопската армиска област. Кога избија војните во Југославија, Младиќ беше прекомандуван во Босна. Неговите злодела таму се добро познати.

......................... Досие Карангелевски: Ликвидацијата на Генерал Карангелевски 4
Карангелевски бил запознаен од Тасески за намерите за негова ликвидација, но иако тоа го сваќа сериозно, сепак одлучува да тоа јавно не го манифестира. Водел редовен живот како и дотогаш, бил во постојана комуникација со истите луѓе од неговото опкружување, со единствена намера да војната безбедност открие суштината за неговата ликвидација.

Од страна на Тасески бил предупреден да не се однесува така лабаво и да нема голема верба во безбедносните структури на КОС, од причина што тие во последните неколку месеци, поточно од Јуни месец 1976 година во Македонија поставуваат паралелен Командант на КОС за Македонија, тоа го прави српското генералско крило на ЈНА. Најголема верба српските окупатосрки власти полагаат во Ратко Младиќ кој има поставено добра агентура во Македонија, ги знаел сите слабости на својата агентурска мрежа, а која воедно била блиска и до Карангелевски, и тоа добро го користи. Карангелевски на десетина дена во 1976 година патува за Љублјана во Клиничкиот центар во посета на свои пријатели, и во тој вакум простор на неговото отсуство се донесува одлука за операцијата „РУДИШТЕ 2“, или во превод, Рудиште војно име за Охрид на бивша СФРЈ, а 2-ка, има значение за ликвидација на две личности,Тасески и Карангелевски.

Знаеќи да Карангелевски бил голем љубител на Ловот, паѓа одлука да истата ликвидација се спроведе на Лов, а сето тоа да наликува на несреќен случај, а за се заташка целата работа потребно била соработката на Полицијата и одредени Судии кои трабало да ја потврдат приказната са самоубиство или несреќен случај. Ги користат ресурсите на нивната поставена агентура, олицетворена во тогашни Управници на Угостителски претпријатија во Охрид, како и докажани шпиуни –оперативци, кој биле спремни за одредена парична надохнада и братот да го жртвуваат. Таквата операција на крај ќе се покаже како успешна.
За случајот Васко К. имаше и друга варијанта дека серискиот У го средил.....колку е точно никогаш нема да дознаеме дали е несрекен случај или нешто друго,од сите шо сум слушнал тој бил најспособниот генерал во тогашна ЈНА.
Неговата сестра беше мажена во Охрид и пред мене ја имаат прашано за случајот ....немаше одговор само солзи.
Ако не сте знаеле благодарение на Васко К во 1976 г е изграден прекрасниот спортскиот центар Билјанини извори кога се одржа се армиско такмичење (ако напишав точно )и имаше и други фудбалски натпревари помеѓу републиките.
 
Член од
24 мај 2014
Мислења
5.295
Поени од реакции
5.856
Список на истакнати оперативци и соработници на Удба и Озна од Македонија во своето време.

Ова биле дел од имињата и презимињата кои се чувале во архивите на досиеата.

Трифун Матевски (шеф на Удба во Гостивар) во седумдесетите години, имал улога во споделување информации од негови луге во неколку градови во Македонија.

Беџет Беџети (агент на Удба во Скопје и Кичево) кој после успешните акции добил директорско место за шеф на Удба во Скопје, покасно во деведесетите станал близок со Слободан Богоевски и Муса Џафери.

Вулнет Прешева (агент на Удба во Скопје) кој после успешна агентура станал амбасадор на Југославија во Турција.

Неџат Голи (агент на Удба и близок човек на Трифун Матевски) имал задачи во Тетово, Гостивар, Кичево, Струга, Куманово и Дебар, за неговите информации добивал од 500 до 1500 германски марки, кога отишол во Германија со задача следење на емиграцијата за разни информации добивал и по 3000 германски марки.

Хисен Муслиу (шеф на Удба во Тетово) во осумдесетите години, после неговата функција во деведесетите година станал пријател со Зоран Верушевски а подоцна во двеилјадитите и со Доста Димовска.

Стојче Ѓорѓиевски (човек на Удба во надворешниот кадар кои после тоа добил директорско место од Удба во Македонија) на функција бил од 1968 до 1971 година, во извесен случај на при следење на човек интересен за службата на жената негова која работела во Тетекс фирмата, Стојче Ѓорѓиевски и дал понуда од 500 до 800 марки за информации и потоа неа ја следеле за увид дали правилно играла за нив.

Џемаил Шефи (агент на Удба во Германија и Швајцарија) кој бил човек на Стојче Ѓорѓиевски испратен за шпионирање и земање информации за тоа кои лица учествуваат во разни организации во тие држави.

Славчо Васовски (оперативец на Удба) кој бил испратен кон надворешна акција во Швајцарија во градот Луцерн за следење на луѓе кои се во организацијата “Треска”.

Хашим Зекири и Африм Зекири (агенти на удба) кои во 1971 година се запознале со главните играчи на Удба, имале учествувано во окупација на познат бенд во осумдесетите години во Гостивар.

Димитрија Ѓорѓиев (Началник на милицијата во седумдесетите години во населба Ѓорче Петров) им дал предлог на Удба дека имал свој агент кои има потенцијал, предлогот го дал на Илија Блажевски.

Живко Митевски (Шеф на јавна безбедност) денес имал државна директорска функција.

Деспот Алексовски (Началник на полициска станица во Гостивар) во осумдесетите години кој во 2012 година добил финаниска помош за одружување на негова фарма.

Темелко Бошковски (Инспектор на Удба и потоа заменик директор во службата) извршил задача успешно следење на 3,4 лица поточно браќата Незири во седумдесетите години преку негови агенти.

Мурат Исаковски (Инспектор на Удба во Тетово и човек на Темелко Бошковски) учестувал во разни случаи меѓу кои и убиство кое останало мистериозно и ден денес.

Душко Трајковски (Шеф на разузнување и контразузнување на Удба во Македонија) во 2017 година бил исчезнат и потоа 10 дена после пронаоѓањето починал на клиника како последица од собраќајна несреќа.

Никола Илиевски (оперативец па потоа заменик директор на вториот сектор на Удба) учестувал во шпионажа на одредено лице во Америка.

Евзи Мемети (заменик помошник на министер и командир на полицијата) кој после во пензија станал потпретседател на сојузот на борци во Македонија.

Рауф Ќазими (Полициски инспектор во Скопје) кој учестувувал во разни активности меѓу кои и две убиства извршени во Куманово наредени од Ј. Богдановски (човек на Озна во Куманово).

Сакиб Кепташи (агент на Удба) и човек од групата на Славчо Васовски викана “Бомбашите”, оваа група го добила името по инсценираниот терористичкиот акт од Озна во 1970 година за манипулација со јавноста, кога на Бит Пазар имало неколку ранети а бомбата била фрлена од Славко Васовски, учество во тоа имале Рауф Ќазими и Сакиб Кепташи исто така.

Сомнителна е причината зошто кај нас се избегнува објавување на документите од Удба и Озна, во директиви на Белград стоело дека член на Вмро со помош на хрват по наредба на Тито го убил српскиот крал Александар во Париз, најпрвите главни луѓе на Удба кај нас биле Елисие Поповски и Цветко Узуновски што е интересен и таен факт, исто така клучни играчи во тоа време биле и Матеја Матевски, Лазар Мојсов, Кочо Поповски и Боро Чушкар.

Ова се примери за функционирањето на службата во тоа време.

Веднаш од кога се створила Удба во Македонија почнале со операции и акции за историски случувања во 1947 година, некоја од операциите во тој период им била во Кичево каде што земале историски документи од извесен наставник во врска со исторски случување од 1926 година, потоа акција имало и во 1965 година, кога група на четници била активна во Македонија, набрзо од Удба биле следени па преку фотографот кои ги фотографирал четниците ги добиле фотографиите, имињата и презимињата на лицата од групата.

Битен случај бил и организираното убиство од Озна во Гостивар по совршен план за ликвидација, имало тамошна група викана “Горњани” во неа главни биле 4,5 лица од кои четворица браќа сите познати по кривични дела, во собата за состаноци на Озна овие лица добиле ветување дека кривичните дела ќе им бидат наметнати кај нивниот пријател Џемо, но под услов ако дадат информации Џемо што бил во таа група инаку лик кој веќе бил запишан во службата за кривични дела како (кражби, тепачки и киднапирање) они пристапиле по тоа зошто покрај останатото им било ветено дека ќе добијат сума на пари и офицерски места, потоа поради тоа што Џемо имал киднапирано сестра на извесен Ремзи Ѓурѓиевски и он сакал одмазда со убиство која завршила без успех, по резервен план Озна на Џемо му ставила псевдоним “Петла” по баба му инаку настапиле така што во јадењето му ставиле отров и така ја извеле таа ликвидација.
 
Член од
6 декември 2022
Мислења
960
Поени од реакции
1.455
. . .
Сомнителна е причината зошто кај нас се избегнува објавување на документите од Удба и Озна, во директиви на Белград стоело дека член на Вмро со помош на хрват по наредба на Тито го убил српскиот крал Александар во Париз, најпрвите главни луѓе на Удба кај нас биле Елисие Поповски и Цветко Узуновски што е интересен и таен факт, исто така клучни играчи во тоа време биле и Матеја Матевски, Лазар Мојсов, Кочо Поповски и Боро Чушкар.

. . .
Интересен напис кој дефинитивно заслужува да се препрочита неколку пати, меѓутоа ова отскокнува како нелогично: атентатот врз српскиот крал Александар, ако во твојот пост мислеше на кралот на СХС Александар Караѓорѓевиќ, е изведен во Марсеј 1934, а не во Париз. Лазар Мојсов меѓу другите, по наредба на Тито учествувале во подготвувањето на тој атентат?! Лазар Мојсов е роден 1920, значи во времето на атентатот тој е дете со неполни 14 години возраст. Нешто не штима тука.
 
Член од
11 октомври 2014
Мислења
1.861
Поени од реакции
1.680
Интересен напис кој дефинитивно заслужува да се препрочита неколку пати, меѓутоа ова отскокнува како нелогично: атентатот врз српскиот крал Александар, ако во твојот пост мислеше на кралот на СХС Александар Караѓорѓевиќ, е изведен во Марсеј 1934, а не во Париз. Лазар Мојсов меѓу другите, по наредба на Тито учествувале во подготвувањето на тој атентат?! Лазар Мојсов е роден 1920, значи во времето на атентатот тој е дете со неполни 14 години возраст. Нешто не штима тука.
Матеја Матевски роден 1929г....
 
Член од
24 мај 2014
Мислења
5.295
Поени од реакции
5.856
Интересен напис кој дефинитивно заслужува да се препрочита неколку пати, меѓутоа ова отскокнува како нелогично: атентатот врз српскиот крал Александар, ако во твојот пост мислеше на кралот на СХС Александар Караѓорѓевиќ, е изведен во Марсеј 1934, а не во Париз. Лазар Мојсов меѓу другите, по наредба на Тито учествувале во подготвувањето на тој атентат?! Лазар Мојсов е роден 1920, значи во времето на атентатот тој е дете со неполни 14 години возраст. Нешто не штима тука.
Локацијата на атентатот е згрешена а останатите ликови се самостојна приказна во текстот.
 

Ivan898

they see you, but you don't see them!
Член од
3 јуни 2020
Мислења
368
Поени од реакции
688
Интересен напис кој дефинитивно заслужува да се препрочита неколку пати, меѓутоа ова отскокнува како нелогично: атентатот врз српскиот крал Александар, ако во твојот пост мислеше на кралот на СХС Александар Караѓорѓевиќ, е изведен во Марсеј 1934, а не во Париз. Лазар Мојсов меѓу другите, по наредба на Тито учествувале во подготвувањето на тој атентат?! Лазар Мојсов е роден 1920, значи во времето на атентатот тој е дете со неполни 14 години возраст. Нешто не штима тука.
Не си го прочитал убаво текстот.Кључни играчи на Удба во Македонија биле Лазар Мојсов, Матевски и други споменатите.На Црноризец не беше поентата дека Мојсов учествувал во атентатот на кралот Александар, туку дека бил од првите редици на Удба во Македонија.
 

Ivan898

they see you, but you don't see them!
Член од
3 јуни 2020
Мислења
368
Поени од реакции
688
Интересни детаљи за Удба, кои се надвор од Македонија, но текстов е само ставен поради интересантните факти.

Едни од најголеми сораборувачи на Удба е познатиот Илих Рамирез Санчез Карлос (агент-теорисист), кој бил роден во Венецуела, и која негова oзначена омилена идеологија била Марксизмот, и како негов идол бил Че Гевара.Прво почнува со мисија во Куба, каде што почнува да биде обучуван од инструктори на Кгб во Куба.Во 1980, Карлос го праќаат со директива да оди во Шпанија, да биде дел на една терористичка организација, така што Удба преку нивниот агент во Шпанија, викан Илија Стошиќ, стапуваат во контакт со Карлос.Од Јовица Станишиќ било наредено да се убиен тогашниот амбасадор на Југославија во Шпанија-Реџеп Сурои.Во 10 часот во Барселона, 1984 година, бил убиен Реџеп Сурои од страна на споменатиот Карлос.
6BE575D1-46BD-4F34-8878-DBA2EC2F17D5.jpeg
Илих Рамирез Санчез-Карлос

Во истата година, со дозвола од Јовица Станишиќ, со оперативци на Кос бил донесен Карлос во Србија, поточно во Белград во Хотел Интерконтинентал, каде што престојувал скоро месец дена со неговата жена.За ова завршена мисија имал добиено и лажен пасош.


Втор текст:

Интересно е што преку соработката на Кгб-Удба, Осама Бил Ладен бил донесен во Србија, со барање од Кгб, што таа соработка ја прифатиле Стане Доланц и Здравко Мустаќ.Во кариерата на Ладен, прво бил обучуван во 70тите години од страна на Циа, потоа со неговите ставови и одлуки во иднината се борел против нив.Во 1980 година, Осама Бил Ладен бил во Белград, каде што престојувал во Хотелот Славија, и каде што му биле дадени лажни документи, црн блиндиран мерцедес од генерали на Кос, со дозвола од Стане Доланц.Со директива на Кгб, инструкторите и генералите на Кос, му посочувале на Ладен за идна негова мисија, така што ќе мора да стане член во една одредена терористичка организација, која е со наоѓалиште во Пакистан, која што регрутира пакистанци во Авганистан.
 
Последно уредено:
Член од
24 мај 2014
Мислења
5.295
Поени од реакции
5.856
322F5C55-1D7B-49FC-8016-DD76BC010229.jpeg

Проверки на досиеа во Дбк извадок од документ, предмет се податоци на лица.

"Во врска со вашето барање од 16.03.2001 година за податоци на лица, од член 11 став 1 од Законот за постапување со досиеја за лица водени од СДБ ве известуваме за следното.

На формирање на личното досие учествувале следните службеници на Сдб односно Дбк.

Атанас Забазвовска, М. Димковски, Петар Костовски, Чедо Најдовски, Насте Николовски, Мишо Софевски, Бошко Богоевски, А. Танчевски, Лупчо Танчевски, Марко Симјановски, Данчо Павловски, Крсте Рајчевски, Беџет Беџети, Вангел Митревски, Стојан Танасовски, Ајрун Тоско, Иван Бабамовски, Никола Радиноски, Божидар Кулески, Васко Костојчиновски, Свето Митревски, Ристо Ристевски и Киро Крстевски.

При формирање на личното досие на Сдб односно Дбк, давале информации следните лица.

Зијадин Кирз, Нурлај Бајруш, Марко Муса, Тефик Кула, Муса Муча, Азиз Хани, Коста Цветковски, Адем Полиси, Тодор Трајановски, Ибраими Бајрам.

Даден потпис од претседател на комисија за спроведување на постапката за пристап и увид во личните досиеја во Дбк."
 
Член од
24 мај 2014
Мислења
5.295
Поени од реакции
5.856
FB_IMG_1673326221746.jpg

"Ликвидацијата на Благој Шамбевски од страна на УДБА, било заради што е еден од воскреснувачите за идеалите на ВМРО надвор од границите на поробена Македонија и неговите посебни националистички активности поврзани со ДООМ.

Цитиран од рефератот на Благој Шамбевски кои било прифатено во програмската декларација на ДООМ:

“Во Пиринска и Егејска Македонија, ДООМ ќе ги буди и организира масите за извојување на национални права, за признавање на националната самобитност на Македонскиот народ од страна на бугарија и грција, за осамостојување на Пиринска и Егејска Македонија во автономни Македонски републики, како подготвителна етапа за обединување на трите дела од Македонската татковина.”

Благој Шамбевски 1921-1974

(Македонска Нација, год lV, бр.21, 1974, стр. 4-5)"

Превземена содржина изработена од Доом профилот.
 
Член од
24 мај 2014
Мислења
5.295
Поени од реакции
5.856
Дејствувањето и врските на Јордан Мијалков и што од тоа искористиле наследниците.

Познато е тоа дека Јордан имал поголемо досие од неговиот живот, тоа го имал кажано и оперативецот на Сдб Ванчо Џамбаски, и работниците во Макотекс знаеле дека Јордан пред функционерското место на фирма во Прага, му доаѓале во неговиот кабинет оперативци на Сдб, инаку човекот си правел зделки со продавање валути во странство на црн пазар, но тоа го толерирале бидејќи немало тука штета за државата, според многумина нашата служба сторила се за убивањето на Јордан преку атентат, наводно луѓе кои биле јаки во време на Киро Глигоров ја решиле таа мисија, доколку се направел претрес во куќата на Јордан којзнае колку разузнавачки и воени документи чувани во тајност ќе се пронашле.
Спојување на работите, во Македонија уништените банки како Македонска Банка, Алмако Банка, Радо Банка покасно бугарската служба ги искористила за преместување на капиталот, после намерно пропаднатите македонски банки главните ликови на претходната власт систематски ги менувале своите средства преку Еуро Аксис Банка која имала руски ентитет и главно седиште во Белград, а банката ја држел извесен бизнисмен од Србија, со овие потези нивната партија дошла во партнерство со српска служба, поради таа причина биле дојдени српски агенти на упадот во собрание на 27ми април 2017 година.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom