Општи дискусии за ТВ серии

Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.168
Поени од реакции
10.136
Вреди. Ќе мрдне, има муабети.
Ја изгледав не само првата епизода туку цела прва и втора сезона. 6/10 :D

Лабава серија, не е нешто уау, а очекував да биде пошто налетав на некој коментар дека била „сериска верзија“ од Triangle of Sadness. Колку само погрешен коментар.

Првата сезона имаше повеќе смешни сцени и поинтересни ликови. Арманд (Армонд) ми беше најјак лик, цело време шашардисан. Па ко почна да го „дупи“ оној иритантниот со собата, па делот со романтичната вечера, па муабетите со богаташов што беше шокиран за татко му. Штета што заврши како што заврши, очекував и во втора сезона да биде на Хаваи, али...

Тања алијас Stifler's mom уште си е у таа улога изгледа. Кај досадна у прва сезона, па и у втора смараше.
Едино што ми остана у сеќавање дека ме насмеа у втора сезона е кога беше целата у розево и ја праша менаџеркана на кого личела и оваа ни А, ни Б ѝ рече Пепа Пиг. :pos::pos::pos:

Додека ја чекав последната епизода од Лотус, ја изгледав и минисеријата Normal People. Лабава романтика. Мислам генерално првите 3 епизоди беа ок и можев да сфатам и постапки и ликови и сè остало, али после тоа генерално забегаа ликовите и ич не можев да ги разберам зошто постапуваат такааа. Оцена: 6/10, на Летер и дадов 7 ради одредени сцени, али реално повеќе од 6 не заслужува, камоли 8 на ИМДБ.

И пред некој ден ја почнав турската Hot Skull на Нетфликс. Дистопија во која се појавил вирус кој се пренесува преку говор и заразените трескаат неповрзани работи. По 2 епизоди делува доста интересно, ќе видиме како ќе се развие.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
15.020
Поени од реакции
37.362
Проверете ја "The OA", интересанта приказна е, со елементи на натприродно и мистерија.
Ја прекинаа, заврши со клифхенгер, една од сериите кои имаа потенцијал, ама не правеа пари и завршија на пола пат до никаде. Затоа јас не би ја препорачал никому, зашто ќе остане разочаран. Carnivale е друга таква на која ми текнува.
 
Член од
14 август 2006
Мислења
45.268
Поени од реакции
84.374
Конечно некој да го посочи главниот проблем на Rings of Power.
Само три дена по излегувањето на овој текст горе, излезе у јавност веста за новиот режисерски тим на серијата за втора сезона.
Злите јазици би рекле дека на обелоденувањето на веста за новиот режисерски тим, му претходеле нарачани текстови за наводната оскудација на жени во RoP.
 

dantemkd

demon hunter
Член од
5 јануари 2013
Мислења
10.693
Поени од реакции
9.974
Убаво си направи виде Вичер пропаѓа си отиде на Ворхамер, тремкиве од Нетфликс ќе плачат следната сезона. :D
 
Член од
14 август 2006
Мислења
45.268
Поени од реакции
84.374
Ме боли кур за Хенри Кавил. Не сум го сакал, не сум го мрзел. Лепушкаст е, жени го сакаат. Ок е тоа. И ја сум лепушкаст и жени ме сакаат. Не би му се љутел за тоа, сигурно.
Ама признавам дека Супермен и Вичер му стојат. И до сеа стварно, освен тоа, кур ме болеше за него.
Но, морам да признам дека у задње време, доста скокна у мои очи. Човекот докажа дека е искрен и посветен на тоа што го прави, до таа мера што мораше да пркоси на гадниот јавен наратив, дури можеби и на штета на својата кариера.

Нетфликс направија чуден избор, според мене. Дури и во рамки нивното дејствување според идеолошката премиса. Дури и од тој аспект, пак е чудна нивната одлука.

Серијата, буквално не нудеше ништо освен главниот лик. Оноа, нула.
Шепртљаво го изложи плотот невешто манипулирајки со хронологијата, неразбирливо за регулар џое. Вичерот беше целата серија, со мали повремени изблици на луцидност на други места.

И сега, да си речат, чекај побитна ни е нас идеолошката исправка на изврониот материјал од Хенри Кавил (пошто нели Хенри Кавил рече - ако мењате изворен материјал многу - ја си идам).
Значи, нив им беше побитно да го "адаптираат изворниот материјал за модерната публика" (како што милуваат да го нарекуваат касапењето на делата преку идеолошката контаминација), отколку Хенри Кавил да биде Вичер.
Стварно?
До толку не контате каде ви е вредноста на серијата за да се одречете од рецимо, 100 милиони долари? (лупам сума на рандом, инаку кога ќе заврши со емитување овој Блад Ориџин ќе може отприлика да се прерачуна зијанот)
Значи, Нетфликс (а ова го прави и Дизни и други) унапред се спремни на зијан, свесно идат со зијан, само за нивните производи бидат носачи на идеологија. Само за да се пренесе "пораката".
Смандрљале нешто со три главни женски лика и пак истата глупа приказна од Стар Трек и други дела "адаптирани за модерната публика". Пак ќе има некоја централна женска божествена фигура која да ти била одговорна за све што се дешавало и ќе се дешава у универзумот, франшизата.
Мора да се мења, не може да биде како што е у оригинал, пошто изворниот материјал, на активистите од Нетфликс (привремено вработени у телевизија, како сценаристи или режисери или глумци), им бил срање и стално се подбивале со него.
И не можат нешто друго да смислат, толку им сече и нон-стоп истото ќе ни го нудат, како мене како мал кога ме тераа да јадам џигер, да ти го ебам гадното јадење. Ние нема да сакаме да јадеме и тогаш ќе не обвинат дека сме против нашето лично добро, ако не сакаме тоа срање да го конзумираме, пошто, не заебавај, џигерот ти е гаден, ама имал железо, добар бил за крвта. ОК, не мора џигер да јадам, ќе пијам ако треба Флорадикс.

Спаднаа на тоа, буквално да молат некој да ја гледа трета сезона.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom