- Член од
- 10 октомври 2011
- Мислења
- 6.168
- Поени од реакции
- 10.136
Ја изгледав не само првата епизода туку цела прва и втора сезона. 6/10Вреди. Ќе мрдне, има муабети.
Лабава серија, не е нешто уау, а очекував да биде пошто налетав на некој коментар дека била „сериска верзија“ од Triangle of Sadness. Колку само погрешен коментар.
Првата сезона имаше повеќе смешни сцени и поинтересни ликови. Арманд (Армонд) ми беше најјак лик, цело време шашардисан. Па ко почна да го „дупи“ оној иритантниот со собата, па делот со романтичната вечера, па муабетите со богаташов што беше шокиран за татко му. Штета што заврши како што заврши, очекував и во втора сезона да биде на Хаваи, али...
Тања алијас Stifler's mom уште си е у таа улога изгледа. Кај досадна у прва сезона, па и у втора смараше.
Едино што ми остана у сеќавање дека ме насмеа у втора сезона е кога беше целата у розево и ја праша менаџеркана на кого личела и оваа ни А, ни Б ѝ рече Пепа Пиг.
Додека ја чекав последната епизода од Лотус, ја изгледав и минисеријата Normal People. Лабава романтика. Мислам генерално првите 3 епизоди беа ок и можев да сфатам и постапки и ликови и сè остало, али после тоа генерално забегаа ликовите и ич не можев да ги разберам зошто постапуваат такааа. Оцена: 6/10, на Летер и дадов 7 ради одредени сцени, али реално повеќе од 6 не заслужува, камоли 8 на ИМДБ.
И пред некој ден ја почнав турската Hot Skull на Нетфликс. Дистопија во која се појавил вирус кој се пренесува преку говор и заразените трескаат неповрзани работи. По 2 епизоди делува доста интересно, ќе видиме како ќе се развие.