Setsuko
Модератор
- Член од
- 29 јануари 2006
- Мислења
- 6.403
- Поени од реакции
- 5.957
Добар е и шпанскиот God's Crooked Lines на Пауло. Класична мистерија у негов стил, овојпат без класичен плот твист. Еден куп сплетки, мистерии, не знаеш на кого да веруваш.
Јакото кај неговите филмови е што има многу мистерии и сплетки што е многу тешко да се памтат на долго време и после извесен период можеш да ги репризираш исто како да гледаш нов филм.
Не се од оние мистерии коишто со еден збор може да ти го поебат цел филм. Ќе ти кажам кој е Кајзер Созе и оди после глеј го филмот да те видам.
Мене Invisible Guest сеуште ми е број еден негов филм, пошто во моментот кога го гледав се имав малце тргнато од оние плот твист филмови, па тој ми дојде ко освежување и шок.
The Body е истотака добар филм.
Серијата е океј, само многу развлечена и некако премногу ми се виде целата таа приказна.
Мираж некако сум го испуштил, не знам како и зошто.
Глејте го новиов ај, малце да праиме муабет.
Е оти вака ми напраи? А генерално ги сакам филмовите на Ориол Пауло.
На крај останавме на муабетот „дај ние ќе си одлучиме што е вистина“. Многу мразам вака кога нема комплетен closure, па ај сеа ние ко гледачи ќе одлучуваме на кој да веруваме. Друго, како тоа комплетно се занемари фактот и никој не ја осуди дека се претстави ко форензичар и ја повреди вистинската форензичарка? И која беше поентата воопшто што се врати пак во болницата? И ни го протна онака фактот дека во нејзиниот прибор имаше „случајно“ скршено стакло. На вага ги ставам сите факти, земајќи предвид дека е недоверлив наратор и на крај останав на тоа дека не ѝ верувам. Па ај сподели лично доживување, баш ме интересира.