GLADIATOR II (2024) - Тема за тие што гo гледале филмот! (SPOILERS!)

Setsuko

Модератор
Член од
29 јануари 2006
Мислења
6.403
Поени од реакции
5.957
Добар е и шпанскиот God's Crooked Lines на Пауло. Класична мистерија у негов стил, овојпат без класичен плот твист. Еден куп сплетки, мистерии, не знаеш на кого да веруваш.

Јакото кај неговите филмови е што има многу мистерии и сплетки што е многу тешко да се памтат на долго време и после извесен период можеш да ги репризираш исто како да гледаш нов филм. :D

Не се од оние мистерии коишто со еден збор може да ти го поебат цел филм. Ќе ти кажам кој е Кајзер Созе и оди после глеј го филмот да те видам.

Мене Invisible Guest сеуште ми е број еден негов филм, пошто во моментот кога го гледав се имав малце тргнато од оние плот твист филмови, па тој ми дојде ко освежување и шок.
The Body е истотака добар филм.
Серијата е океј, само многу развлечена и некако премногу ми се виде целата таа приказна.
Мираж некако сум го испуштил, не знам како и зошто.

Глејте го новиов ај, малце да праиме муабет.

Е оти вака ми напраи? А генерално ги сакам филмовите на Ориол Пауло.

На крај останавме на муабетот „дај ние ќе си одлучиме што е вистина“. Многу мразам вака кога нема комплетен closure, па ај сеа ние ко гледачи ќе одлучуваме на кој да веруваме. Друго, како тоа комплетно се занемари фактот и никој не ја осуди дека се претстави ко форензичар и ја повреди вистинската форензичарка? И која беше поентата воопшто што се врати пак во болницата? И ни го протна онака фактот дека во нејзиниот прибор имаше „случајно“ скршено стакло. На вага ги ставам сите факти, земајќи предвид дека е недоверлив наратор и на крај останав на тоа дека не ѝ верувам. Па ај сподели лично доживување, баш ме интересира.
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.164
Поени од реакции
10.129

ја ипак одлучив да и' верувам на Алисија зашто ако сепак го измислила сето тоа, ќе се појавеше и мажот, ќе дадеше објаснување зошто исчезнал и каде се парите.

И донацијата за болницата укажува дека е негово масло, докторов Алвар си добил пари на рака за да тврди дека е луда како и докторов Донадио.

Се појави баш на денот кога требаше да излезе од лудница, ма немоооој, не добил повик или писмото се изгубило по пат.

Не знам дали кажаа дека е семеен доктор со години, мислам не, така што ако е нов матичен на маж и', лесно можел и ја прелажал дека е таткото на Дел Олмо.

А тоа со труењето е измислица од доктор Алвар само да си ја поткрепи теоремата дека е луда.
 
Прво ми отиде паметот на тоа дека маж ѝ смислил сè поради парите. Посебно после сцените дека се обидела да го труе, а он го забележа тоа па ѝ врати на истиот начин. Ама од оваа сцена дефинитивно се забележа и дека меѓу нивниот однос нешто не е во ред, односно дека има она некоја психичка болест, оти не го напушташе само поради тоа што ѝ е убав, а се сметаше себе за попаметна од него и дека ѝ е лесен за манипулација, па си го труеше онака лабаво денсајќи си додека овој добиваше напади.

Со докториве ми беше каша-попара, апсолутно немам поим на кој да верувам.

Ама кога ја врзаа у болница пред да се обиде да избега и овој се праеше дека не знае што му збори она имаше една одлука као „вистина е тоа што ти ќе одлучиш дека е вистина“ во смисла, според фактите сама си бара начини да ја изврти вистината во нејзина полза и да си ја направи приказната ко што ѝ одговара неа. И во последната сцена имаше таква фаца, ко умот да ѝ е зафатен планирајќи ја нејзината вистина, односно извртување на одредени факти.

Плус, типката имаше насилна природа, а цело време потенцираше и нагласуваше колку е интелигентна, на тој начин веројатно и самата си веруваше во своите измислици. Како ги изманипулира сите пациенти да ѝ помогнат да избега, цела ситуација со близнаците да ја сврти ко што ѝ одговара (дефинитивно мислам дека она го уби џуџето силувач, а го намести неговиот заштитник и токму и поради тоа имаше потреба пак да се врати во болницата). Инаку која беше потребата кога веќе избега, а разбра за смртта на близнакот да сака да глуми форензичарка?

Можеби и првичната намера е вистина, влегла ко детектив да истражува убиство, а кога влезе во таква околина сите потсвесни паранои испливаа на површина и прикриената лудост и манипулативноста. А тие се поопасни од очигледните лудаци.

Едгар Алан По има еден расказ (Stonehearst Asylum филмот) кајшто пациентите креваат револт и го преземаат местото на докторите. А докторите ги заробија и станаа пациенти. Кога им влегува посета од страна, не може да открие кој е луд, кој е здрав. Ако те прогласат еднаш за лудак, тешко е да го докажеш спротивното. И да се бунтуваш и да си смирен, сѐ ќе изгледа сомнително.
 
Џ

Џонтра Волта

Гостин
Е оти вака ми напраи? А генерално ги сакам филмовите на Ориол Пауло.

На крај останавме на муабетот „дај ние ќе си одлучиме што е вистина“. Многу мразам вака кога нема комплетен closure, па ај сеа ние ко гледачи ќе одлучуваме на кој да веруваме. Друго, како тоа комплетно се занемари фактот и никој не ја осуди дека се претстави ко форензичар и ја повреди вистинската форензичарка? И која беше поентата воопшто што се врати пак во болницата? И ни го протна онака фактот дека во нејзиниот прибор имаше „случајно“ скршено стакло. На вага ги ставам сите факти, земајќи предвид дека е недоверлив наратор и на крај останав на тоа дека не ѝ верувам. Па ај сподели лично доживување, баш ме интересира.
Што ти напраив? :D Исто го имаме оценето.

На крај одлучуваш на чии лаги повеќе веруваш. Пошто лажеше и директорот, лажеше и оваа а лажеа и надворешните лица.
За првото прашање: Пошто им го реши убиството а нели важеше за приватен детектив па од таму ваљда не и земаа за зло што така постапи и се врати на местото на злосторството.
Ситници се оваквите замерки со оглед на тоа што шпанските мистерии имаат и некои нелогичности со цел за појак дојам и плот твист.
А се врати назад пошто ако не се лажам форензичарката на влезот од капијата и кажа дека има убиство и е дојдена да го истражи, па најверојатно тоа ја заинтригира оваа и одлучи да се врати назад да види што се десило. Мада така остава дупка у нејзиниот план да избега, која и беше целта со бегството не знаеме. Малце е глупо што за 5 секунди го реши убиството ама ајде тоа ќе го препишеме на супер интелигенцијата што ја имаше.
Не ми текнува на каков прибор и скршено стакло мислиш. Стаклото од убиството беше под кревет уште на почетокот кога го најде тој инспекторот.

Мене ме чуди како оваа не го препозна доктор Донадио (кој пак и се имаше претставено како доктор Олмо односно таткото на тој дечкото чие убиство оваа отиде да го решава) со оглед на тоа што нели тој им е семеен доктор.
Е сеа тоа може да се должи на некое нејзино ментално растројство, поима неам, пошто у последната сцена очигледно беше дека го препозна Донадио.

И јас мислам дека лажеше ама се извади со банкарските сметки и тоа и испадна у корист на крај откако претходно го промаши доктор Олмо и почна да и се клати приказната.

Она лажеше дека не го труела сопругот.
Донадио ја лажеше дека е Олмо и дека ја праќа да истражува убиство.
Алвар лажеше дека не е запознаен со такво сценарио и дека парите што ги добил се донација.

Дефинитивно филм што треба да се изгледа повеќе од еднаш за да убаво се размисли и сфати што всушност се дешава.
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.164
Поени од реакции
10.129
Прво ми отиде паметот на тоа дека маж ѝ смислил сè поради парите. Посебно после сцените дека се обидела да го труе, а он го забележа тоа па ѝ врати на истиот начин. Ама од оваа сцена дефинитивно се забележа и дека меѓу нивниот однос нешто не е во ред, односно дека има она некоја психичка болест, оти не го напушташе само поради тоа што ѝ е убав, а се сметаше себе за попаметна од него и дека ѝ е лесен за манипулација, па си го труеше онака лабаво денсајќи си додека овој добиваше напади.

Со докториве ми беше каша-попара, апсолутно немам поим на кој да верувам.

Ама кога ја врзаа у болница пред да се обиде да избега и овој се праеше дека не знае што му збори она имаше една одлука као „вистина е тоа што ти ќе одлучиш дека е вистина“ во смисла, според фактите сама си бара начини да ја изврти вистината во нејзина полза и да си ја направи приказната ко што ѝ одговара неа. И во последната сцена имаше таква фаца, ко умот да ѝ е зафатен планирајќи ја нејзината вистина, односно извртување на одредени факти.

Плус, типката имаше насилна природа, а цело време потенцираше и нагласуваше колку е интелигентна, на тој начин веројатно и самата си веруваше во своите измислици. Како ги изманипулира сите пациенти да ѝ помогнат да избега, цела ситуација со близнаците да ја сврти ко што ѝ одговара (дефинитивно мислам дека она го уби џуџето силувач, а го намести неговиот заштитник и токму и поради тоа имаше потреба пак да се врати во болницата). Инаку која беше потребата кога веќе избега, а разбра за смртта на близнакот да сака да глуми форензичарка?

Можеби и првичната намера е вистина, влегла ко детектив да истражува убиство, а кога влезе во таква околина сите потсвесни паранои испливаа на површина и прикриената лудост и манипулативноста. А тие се поопасни од очигледните лудаци.

Едгар Алан По има еден расказ (Stonehearst Asylum филмот) кајшто пациентите креваат револт и го преземаат местото на докторите. А докторите ги заробија и станаа пациенти. Кога им влегува посета од страна, не може да открие кој е луд, кој е здрав. Ако те прогласат еднаш за лудак, тешко е да го докажеш спротивното. И да се бунтуваш и да си смирен, сѐ ќе изгледа сомнително.
Се сложувам со сè али пак ми е сумњиво зошто мажот не се појави да каже што и како е. Тој имаше најголема полза да докаже дека она е луда, не ни мораше да се појави, ќе одговореше по телефон дека он ја пратил у лудница после труењето, ќе пишеше телеграма, писмо, ама него го нема.

Од една страна нема смисла да го убила и да ја испразнила сметката сама, па да се смести самата у лудница за да не може да биде осомничена дека му направила нешто зашто самата не можеше да се извади од лудницана после. Од друга страна пак и самата си рече дека е преинтелигентна и би можела да го направи тоа за да се ослободи од мажот на чист начин. Рече: „нема да најдете тело во куќата“. Ама не значи дека не би нашле на друго место. :noze:

Луда работа е и мислам нема еден единствен конечен одговор по сите работи што се прикажаа и кажаа.
 
Setsuko

Модератор
Член од
29 јануари 2006
Мислења
6.403
Поени од реакции
5.957
Што ти напраив? :D Исто го имаме оценето.

Дефинитивно филм што треба да се изгледа повеќе од еднаш за да убаво се размисли и сфати што всушност се дешава.
Ми направи да го мислам два дена. :D Ама очекував да го затвори, оти ко што памтам во Contratiempo и El Cuerpo си легна сѐ на крај и сѐ си имаше смисла. Durante la tormenta исто му го хејтав во темава. Со Злате разглабавме тогаш.

Сцената со огледалото мислев, кога се пакуваше она, пред да се одржи „судењето“ кајшто ќе одлучуваат дали е здрава. Она веќе беше сигурна дека ќе си замине. Огледалото беше скршено, што упатува на тоа дека можеби она го уби близнакот, а го намести тој човекот слон или како и да го викаа.

Screenshot 2022-12-13 144555.jpg

Луда работа е и мислам нема еден единствен конечен одговор по сите работи што се прикажаа и кажаа.
Да, конечен одговор е дека е оставено на гледачот да си „креира своја вистина“ ко она што си креираше. Нешто ко во Inception. Мислам дека тоа е и поентата на режисерот, ама мразам вака кога не го затвораат филмот, па да тупам глава тука за секоја ситница. :D
 
Џ

Џонтра Волта

Гостин
Ми направи да го мислам два дена. :D Ама очекував да го затвори, оти ко што памтам во Contratiempo и El Cuerpo си легна сѐ на крај и сѐ си имаше смисла. Durante la tormenta исто му го хејтав во темава. Со Злате разглабавме тогаш.

Сцената со огледалото мислев, кога се пакуваше она, пред да се одржи „судењето“ кајшто ќе одлучуваат дали е здрава. Она веќе беше сигурна дека ќе си замине. Огледалото беше скршено, што упатува на тоа дека можеби она го уби близнакот, а го намести тој човекот слон или како и да го викаа.

Прегледај го приврзокот 358700

Да, конечен одговор е дека е оставено на гледачот да си „креира своја вистина“ ко она што си креираше. Нешто ко во Inception. Мислам дека тоа е и поентата на режисерот, ама мразам вака кога не го затвораат филмот, па да тупам глава тука за секоја ситница. :D
Не знам која е поентата на стакленцево искрено.
Зошто би го убила близнакот и како ќе ги објасниш раните на рацете на човекот слон?
Ако речеме дека го убила за да прикрие потенцијален сведок за убиството на џуџето. Да претпоставиме дека она го скина и џуџето а единствен сведок на тоа е близнакот што збореше. Мада они ја гледаа како мајка и ме верувам дека би ја издале.
Остава сомнеж зошто погрешниот близнак е убиен. Или пак тоа е едноставно грешка на човекот слон.
 
Setsuko

Модератор
Член од
29 јануари 2006
Мислења
6.403
Поени од реакции
5.957
Не знам која е поентата на стакленцево искрено.
Зошто би го убила близнакот и како ќе ги објасниш раните на рацете на човекот слон?
Ако речеме дека го убила за да прикрие потенцијален сведок за убиството на џуџето. Да претпоставиме дека она го скина и џуџето а единствен сведок на тоа е близнакот што збореше. Мада они ја гледаа како мајка и ме верувам дека би ја издале.
Остава сомнеж зошто погрешниот близнак е убиен. Или пак тоа е едноставно грешка на човекот слон.
Тогаш може да претпоставиме дека сцената со нејзиното скршено огледало и нејзината бизарна насмевка е онака ради шмек. Немам објаснување за рацете на човекот слон, можеби и тоа е некоја нејзина манипулација што не ја видовме.
Мислам дека многу битни работи намерно не ни се прикажани, а некои сцени се ставени само за да нè збунат и баш тоа и ми пречи. Ама ете, ефектот му е постигнат чим ја збориме секоја ситница по повеќе од 48 саати откако сме го изгледале, целта е да се изгубиме во комплексноста и недореченоста.
 
Џ

Џонтра Волта

Гостин
Пали Нетфликс после работа и седнувај му. 2 и пол саати е. :D
Па да ги насочиме мислите кон 2026та година коа ќе дојде Комита и ќе рече уаааууу каков филм, не знам како не сум го изгледал до сега.
 
Член од
4 јуни 2009
Мислења
11.530
Поени од реакции
29.058
Па да ги насочиме мислите кон 2026та година коа ќе дојде Комита и ќе рече уаааууу каков филм, не знам како не сум го изгледал до сега.
Сеа за инат ќе го глеам викендов и ќе се убацам со твој коментар :D
209. Amsterdam (2022) - 2
Дно допре филмов. Мрш.

210. Bourek (2015) - 2
Прескокни.
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.164
Поени од реакции
10.129
Per FlixPatrol, Oriol Paulo’s psychological thriller has become a Top 10 hit in 64 countries around the world, good enough to see it secure fourth place on the worldwide rankings.

Дајте му Нетфликс на човеков секоја година да снима по еден филм. (y)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom