И да, знам дека е веќе 20 пати спомнато ама дегутантно е коментирањето на оние од Арена. Јас лично на МТВ гледам у глобала, ама низ нетот се вртат клипчиња и исечоци од српскиве коментатори, значи стварно е одвратно она што го прават. Сепак се работи се програма што се емитува во повеќе земји и МОРААТ да бидат објективни и транспарентни во коментирањето, вака поттикнуваат национализам и омраза кога најмалце е потребно. Човече, мрази ги ти Хрватска ама коментирај си како што треба, вака покажуваат дека се обични националистички копита и ништо друго.
Тие имаат проблем со објективноста генерално, нема врска со Хрватска ова и не е некој исклучок.
Кога играат Ѕвезда и Партизан, апсолутно влечат на една страна, кај првиве. Сретен Рашковиќ (кој ептен го почитувам, дебелкото што коментираше Вардар ракомет и аргентински фудбал), на пример, ужасен беше кога пренесуваше Аргентина - Саудиска Арабија. Головите на Саудијциве ги проследи скоро со солзи. Потоп.
И Сериа А кога коментираат си влечат на една или друга страна, ништо ново.
Натпреварите на Хрватска ги гледав на МТВ, знаев каква ќе биде ситуацијата таму. Арно ама, нема потреба да се лажеме. Слично (не исто), натпревари на Србија се коментираат и во Хрватска. Во ненормалноста, тоа е нормално.
Само Босанците ги слушам, тие браќа голот на Влаховиќ го прославија како свој, а и пеналите вчера на Хрватска. Ослободени од тие стеги, барем во тој простор.
Е сега, дека коментатори додека си ја вршеле работата, коментирајќи фудбалски меч, поттикнувале омраза и национализам, нах. На други места тоа, да не предимензионираме.
А и ние да не се правиме многу паметни, нашиве коментатори далеку се од сјајни и објективни. Па оној волон Тони од МТВ, заумре пред натпреварот со Грузија. Од 1455 до 2020 година, сета историја и болка на македонскиот народ во две минути ја прераскажа. Од Блаже Конески, до непријателите името што сакаат да ни го земат и идентитетот, курофмиленче.
Или пред мечот со Косово каква атмосфера се создаваше, па дури и сега против мртвиве Бугари во квалификациите.
Природно, не знам зошто во транс паѓаме сите. Природно во овие околности, да, никако исправно, но тоа е.
п.с скандалозен е ликот од Арена, го слушнав во меѓувреме. Ратко Младиќ повеќе емоција би покажал по голот на Петковиќ.