Што ве натера да се иселите од Македонија?

  • Вкупно гласачи
    195

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
16.238
Поени од реакции
36.512
@Lester Freamon влезе во една интересна дискусија па ме интересира, што подразбираш ти под миграција?
Горе доле бев јасен погоре, перманентни визи („иселенички“), и/или овие што се брак/роднинска база прво колено, т.е со сите овие имаш право да работиш што сакаш,колку сакаш, каде сакаш. Другите најчесто се: студентски (лимитиран со време), работна (лимитиран со време и најчесто врзан за фирма), бугарски (веќе не станува збор за Македонец, туку за Бугарин што живеел во Македонија) и најбитно сите освен бугарите може да летаат од таму во прв момент кога нема да и требаат на таа држава/фирма.

Само во првите заминуваш како Македонец и трајно, т.е ти одлучуваш дали ќе се вратиш. Со останатите друг ти кажува до кога смееш, или пак си Бугарин.

Теоретски сите се миграција, статистички мое мислење е дека треба да се водат одделно, особено последната група што преку ноќ може да се откаже од МКД државјанството.
 
Член од
4 јуни 2009
Мислења
11.519
Поени од реакции
29.003

Последнава група не ја дискутирам бидејќи не ги ни рачунам за луѓе, иам такви у фамилија и не ги рачунам веќе како фамилија. Нејсе, не гледам зошто другиве поделби, секое заминување е миграција на еден начин, освен оние студентскине што повеќето се враќаат или одат во друга држава по мастер и слично. Ама оние што се со работна виза не гледам зошто да се третираат одделно. Не знам какви се законите во сите држави, ама повеќето ти даваат одреден "грејс" период од 3-6 месеци да најдеш нова работа, во спротивно врати се од кај што си дошол. Ама човек што успеал на нормален начин да најде работа и да замине во странство, не гледам стварно како би имал проблем да најде нова работа, секако ако е одлучен во тоа да остане во таа држава.
 
wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.631
Поени од реакции
34.019
Вии са Шаше, сички не са како тебе храбри ем способни, да са иселат на слепо и да са ситуират in a very short time. Некои сос послап ајкју и ноухау морат нешо и да испланират: дек ќе спијат, от шо ќе ранат фамилија (додек да са снајдат, нали), and small shit like that.

Он топик: да те питам something, от anythingо шо го понуде. Коо са иселе ут МК на западо, дали си ујде сос повечко багаш? Или па само сос еден ранец? Also, if you don’t mind а follow-up question, коо са симна ут авионо, дали на аердоромо истата ден ти понудија lucrative job? Или им кажа малко да почекат, да помине викендо, да са удмореш од пато?
I thought you have settled down so eftina vizantiska kopija no bizuterija trae kolku sto bizuterija trae
Znaes deka kaj mene sekogas imas mesto bidejki toa mesto nikogas nema da bide popolneto so ljubomora

Коо са иселе ут МК на западо, дали си ујде сос повечко багаш? Или па само сос еден ранец?

Konrektno so eden golem kufer od 20kg poln alista i ranec so playstation. Bez najdeno rabota i bez najdeno stan.

Коо са симна ут авионо, дали на аердоромо истата ден ти понудија lucrative job? Или им кажа малко да почекат, да помине викендо, да са удмореш од пато?

Ka slegnah ud aviono* ne najdov lucrative job istiot den. 2-3 meseci podocna pocnav da rabotam. Od patot masovno odmoriv.

Ask iselenik anything

Dobra tema bi bilo ova ask me anything - AMA ko so vikaat amerikancite na reddit so famous people. Eve sledno moze da bides ti AMA - Tapetar na tapet.
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
16.238
Поени од реакции
36.512
Последнава група не ја дискутирам бидејќи не ги ни рачунам за луѓе, иам такви у фамилија и не ги рачунам веќе како фамилија. Нејсе, не гледам зошто другиве поделби, секое заминување е миграција на еден начин, освен оние студентскине што повеќето се враќаат или одат во друга држава по мастер и слично. Ама оние што се со работна виза не гледам зошто да се третираат одделно. Не знам какви се законите во сите држави, ама повеќето ти даваат одреден "грејс" период од 3-6 месеци да најдеш нова работа, во спротивно врати се од кај што си дошол. Ама човек што успеал на нормален начин да најде работа и да замине во странство, не гледам стварно како би имал проблем да најде нова работа, секако ако е одлучен во тоа да остане во таа држава.
Тоа е мојата гледна точка, мислам дека е битно да има разлика во семантиката, затоа што влијае за подобрување на статистиката и планирањето.

За жал нема интерес за решавање на проблемот, во спротивно сите овие на работни визи не се за отпишување, т.е кога би се подобрила ситуацијата има шанса дел да се вратат назад. Исто и кај студентските. Голем дел од тоа што сум шетал и низ Европа, а и што ги гледам тука, се далеку од ситуирани, и ако се подобрат работите верувам дека дел би се вратиле назад.

3-6 месеци се ништо ако нема побарувачка/има многу кадар во тој период, ретко која фирма ќе се нафати да си игра со визи ако има кадар со сите работни права.
 
Член од
17 август 2011
Мислења
10.256
Поени од реакции
18.205

Збориш за хипотетички ситуации.Во реалност од тие со работни ни 1% се немаат вратено назад. Повеќето од нив се во процес на документи вадење, никој не дреме туку така. Така да не е важно како ќе ги дефинираш, тоа се луѓето што фалат.

У принцип најголем придонес за миграцијата има отварањето на ЕУ пазарот за нас (германија).
Кај другите земји начини на миграција сеуште е истиот, survival of the fittest. Многу пари, исклучителен талент или храброст за пливање на црно. Да го немаше првото, наместо 15 иселени од клас ќе беа еден или двајца.
 
Последно уредено:

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
16.238
Поени од реакции
36.512
Збориш за хипотетички ситуации.Во реалност од тие со работни ни 1% се немаат вратено назад. Повеќето од нив се во процес на документи вадење, никој не дреме туку така. Така да не е важно како ќе ги дефинираш, тоа се луѓето што фалат.

У принцип најголем придонес за миграцијата има отварањето на ЕУ пазарот за нас (германија).
Кај другите земји начини на миграција сеуште е истиот, survival of the fittest. Многу пари, исклучителен талент или храброст за пливање на црно. Да го немаше првото, наместо 15 иселени од клас ќе беа еден или двајца.
Не знаеме што ќе се случува во иднина, секогаш е добро да ги имаш податоците при рака, барем во денешно време има алатки со кои може да направиш анализи и да се обидеш да го спречиш трендот.

Најголем уддел имаат неколку држави и нивните служби, почнувајќи од шиптаpизацијата на државата, па продолжувајќи до поддршката што им се дава на криминалците. Со блокадите што ги прават за во ЕУ, истите тие го предизвикаа и проблемот со татарските пасоши, но ајде да не ти кршам филм дека ни се најдобри пријатели ;)
 
Kadaif

M.D.
Член од
21 јануари 2008
Мислења
6.858
Поени од реакции
8.415
Прво, никој не го спори моментот дека сега е полесно да се излезе од државата, НО, пак е дискутабилно колку заминале како Македонци, а колку ги попишале претците Бугари.

Второ, одење со најдена работа не е класична миграција, туку само менување на работодавец, и во 90% од случаевите речиси се ти е средено од нивна страна ;) И најчесто работодавецот те нашол тебе, а не дека специфично си се закренал да одиш во таа земја поради Х причини.

Трето, студирање на факултет пак не е класична миграција, туку си имал кеш/си нашол стипендија да одиш и да учиш на друго место, период кога сите игравме/играат со отворени карти.

Миграција кога ќе собереш парталите, и ќе кинисаш некаде без да имаш работа/смештај, баш поради што ти се допаѓаат одредени карактеристики на истата, или не ти се допаѓаат условите во твојата. Ете секој што го поминал ова нека ти каже дали имало ризици, и што значело истото, не мора да е преку барата, туку и во Европа.
Јас сретнав многу луѓе кои имаат и банкротирано на овој начин, и работат на неколку пати пониски позииции од тоа што работеле дома. Енигмата тука е што кажуваат по дома, и дали некој сака да ги слуша и таквите приказни, или само успешните.

Инаку и во 90тите години имало такви, имало и во 80ти, имало и во 70ти, само што тогашните побуди биле тотално различни од денешните, а и целиот свет.

Еве ти едно видео што објаснува доста работи зошто многу луѓе решаваат да сменат работи, а во случајов и држави поради друг работодавец.
Добро е што си ги пуштил на видеово овие ромиве шо објаснуваат дека сега сите бараат денешно време куалиТ'и оф лајф. Меѓутоа работиве во последниве 10-15 години драстично се сменија. Зборот куалиТ'и е веќе апстрантна именка во борбата за поголем профит со одење на поголем квантитет. Денешнава генерација треба да работи колку за 4ца работници од првата генерација и колку 2ца од втората за истиот стандард. Квалитетот како таков изумре во оваа мода каде што разликата во квалитет меѓу ефтин и прескап продукт е речиси иста.

Денес работници во вистинска смисла не постовјат. Се се прави во Кина. Во европа останаа само компјутерџии и писари такозвани прематарџии.
 
Член од
4 јуни 2009
Мислења
11.519
Поени од реакции
29.003
Што знам, еве јас сум со работна и од следна година ќе земам документација што не ме врзува со работата. Не ги знам податоците за сите ама од тие што се во ИТ сектор и поготово моја генерација од ФИНКИ/Електро, еве чисто за пример на Мрежни Технологии бевме 100 колеги рамно. До 4та догураа 60тина. Од тие 60, на една рака се бројат тие што останаа во Македонија. Сите заминаа, кој Америка кој Канада, Германија, Скандинавија... буквално никој не остана, и со тие што сум во контакт никој не би се вратил.
 
Член од
12 февруари 2014
Мислења
7.899
Поени од реакции
25.230
Гледам хејт кон тие што се потпишале како Бугари. Од една страна ми е скроз разбирливо зошто, од друга страна пак, научив во животов дека кога станува збор за некаков опстанок, или излегување од таа мизерна дупка, не бираш средства, гледаш само да се избавиш од мизеријата и кога веќе си во таква ситуација, или пак поради било каква причина сакаш да се иселиш, тука веќе нема место за патриотизам. Патриотизмот не ти ги плаќа сметките и не ти ја храни фамилијата.
Автоматски споено мислење:

I thought you have settled down so eftina vizantiska kopija no bizuterija trae kolku sto bizuterija trae
Znaes deka kaj mene sekogas imas mesto bidejki toa mesto nikogas nema da bide popolneto so ljubomora

Коо са иселе ут МК на западо, дали си ујде сос повечко багаш? Или па само сос еден ранец?

Konrektno so eden golem kufer od 20kg poln alista i ranec so playstation. Bez najdeno rabota i bez najdeno stan.

Коо са симна ут авионо, дали на аердоромо истата ден ти понудија lucrative job? Или им кажа малко да почекат, да помине викендо, да са удмореш од пато?

Ka slegnah ud aviono* ne najdov lucrative job istiot den. 2-3 meseci podocna pocnav da rabotam. Od patot masovno odmoriv.

Ask iselenik anything

Dobra tema bi bilo ova ask me anything - AMA ko so vikaat amerikancite na reddit so famous people. Eve sledno moze da bides ti AMA - Tapetar na tapet.
a maceto?
 
Staufer

Драган Богдановски
Член од
17 јануари 2008
Мислења
16.525
Поени од реакции
22.176
Гледам хејт кон тие што се потпишале како Бугари. Од една страна ми е скроз разбирливо зошто, од друга страна пак, научив во животов дека кога станува збор за некаков опстанок, или излегување од таа мизерна дупка, не бираш средства, гледаш само да се избавиш од мизеријата и кога веќе си во таква ситуација, или пак поради било каква причина сакаш да се иселиш, тука веќе нема место за патриотизам. Патриотизмот не ти ги плаќа сметките и не ти ја храни фамилијата.
Автоматски споено мислење:

a maceto?
Tocno taka. Gi osuduvav i ja tie sto zele Bugarski pasos ama sega mislam deka sekoj ima pravo za svoja egzistencija da se bori pa i da zeme drug pasos. Toa na kraj e samo posledica od situacijata vo Makedonija za koja nie kako nacija sme sami krivi. Korenot na problemite e tuka i ne gledam vo idnina podobruvanje, na protiv. Isto taka golema iluzija e znacitelen broj od iselenicite da se vratat, toa od razni pricini moze poedinecno da se desi, ama toa se isklucoci. Koga ke se izboris za egzistencija na drugo mesto, a pocetokot sekogas e tezok, toa ne go frlas taka lesno.
 
Јас ги осудував и партијашите. Растев со невработена самохрана мајка која немаше право на никаков додаток од државата и никогаш не ѝ дозволив да влезе во партија затоа што ја лажеадека ќе ѝ помогнат. Еден ден, најдобра другарка дојде и со полна уста ми кажа дека е член на партија, морав-рече- ме притиснаа од дома ради работата. Другаркава беше човек со кој си правевме спрдња на сметка на партијашите.
Работите не се така црно- бели, јеби га. И јас сакам подобар свет каде никој не витка кичма пред никого, ама нема!
 
Член од
19 ноември 2020
Мислења
2.524
Поени од реакции
9.405
Ова малку бројките ми се сомнителни дека толку многу ИТ се исели. Моја генерација пак е обратно, повеќето се тука. Од тие што си заминаа беа меѓу подобрите, претежно на постдипломски студии во далеку подобри универзитети и си останаа таму. Тоа и лошото, си заминаа и лица со 10+ години искуство овде и беа едни од најдобрите во нивната бранша и со фамилија се спакуваа и си отидоа.
Најверојатно збориме за иселување на генерација што сега се 27-28 години или помлади, а и кога излегоа од факултет се вработуваат и гледаат лесно се сели народ па ајде и тие да се приклучат на трендот. Не сфаќајте погрешно, далеку од тоа дека овде има подобри услови.

Инаку ова со БГ пасоши го осудуваат лица што им е лесно да фатат патот, ИТ сектор претежно и други технички факултети што благодарение на моменталната ситуација со струката малку се занесуваат. Тие што ги знам(а знам многу) со бугарски пасош ниту еден не се чуствува бугарин ниту пак го интересира Бугарија. Некој веќе и го откажаа откако почнаа да земаат германски пасош.
 
Ivica^

Confident Liar
Член од
14 август 2007
Мислења
11.402
Поени од реакции
16.632
Инаку ова со БГ пасоши го осудуваат лица што им е лесно да фатат патот, ИТ сектор претежно и други технички факултети што благодарение на моменталната ситуација со струката малку се занесуваат. Тие што ги знам(а знам многу) со бугарски пасош ниту еден не се чуствува бугарин ниту пак го интересира Бугарија. Некој веќе и го откажаа откако почнаа да земаат германски пасош.
Земаат бугарски и дека е полесно да ја повлечат цела фамилија за три месеци, за разлика од работна виза каде мора да пројдат години за да успеат да го земат семејството.
Коај некој би идел на печалба би земал виза, или на црно, ќе работи од јутра до сутра, ќе живи у ќумез и ќе се врати назад.
Само сега се ретки таквите.
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
16.238
Поени од реакции
36.512
Добро е што си ги пуштил на видеово овие ромиве шо објаснуваат дека сега сите бараат денешно време куалиТ'и оф лајф. Меѓутоа работиве во последниве 10-15 години драстично се сменија. Зборот куалиТ'и е веќе апстрантна именка во борбата за поголем профит со одење на поголем квантитет. Денешнава генерација треба да работи колку за 4ца работници од првата генерација и колку 2ца од втората за истиот стандард. Квалитетот како таков изумре во оваа мода каде што разликата во квалитет меѓу ефтин и прескап продукт е речиси иста.

Денес работници во вистинска смисла не постовјат. Се се прави во Кина. Во европа останаа само компјутерџии и писари такозвани прематарџии.
Абе зависи што сакаат, денес има далеку подобар квалитет на живот ако играш паметно.
Инаку сменети се индустриите, и тие писарите се работници, истите ќе завршат со уште поголеми психофизички проблеми и од тие нивните претци што имаа повеќе физичка работа.

Кина е чудовиште во моментов, многу народ уште не е свесен каква машинерија се станати и дека веќе имаат квалитетни производи на ниво на Западните, прашање на време е кога ќе почнат да го заебаваат светот и да диригираат цени што им одговараат нив.

Што знам, еве јас сум со работна и од следна година ќе земам документација што не ме врзува со работата. Не ги знам податоците за сите ама од тие што се во ИТ сектор и поготово моја генерација од ФИНКИ/Електро, еве чисто за пример на Мрежни Технологии бевме 100 колеги рамно. До 4та догураа 60тина. Од тие 60, на една рака се бројат тие што останаа во Македонија. Сите заминаа, кој Америка кој Канада, Германија, Скандинавија... буквално никој не остана, и со тие што сум во контакт никој не би се вратил.
Јас за ИТ имам друг впечаток, има луѓе што заминаа, а има и многу што останаа.
За добрите кадри во Македонија се повеќе има опции за заработка римоут, се почести се сумите од 40-100к годишно (евра/усд), што ако ги споредиш цените вреди минимум 3 пати повеќе од било која западна земја, и веќе нема смисла да се отселува човек во западните земји.
Далеку е поголем процентот на отселени луѓе во други индустрии, отколку за ИТ.

Ова малку бројките ми се сомнителни дека толку многу ИТ се исели. Моја генерација пак е обратно, повеќето се тука. Од тие што си заминаа беа меѓу подобрите, претежно на постдипломски студии во далеку подобри универзитети и си останаа таму. Тоа и лошото, си заминаа и лица со 10+ години искуство овде и беа едни од најдобрите во нивната бранша и со фамилија се спакуваа и си отидоа.
Најверојатно збориме за иселување на генерација што сега се 27-28 години или помлади, а и кога излегоа од факултет се вработуваат и гледаат лесно се сели народ па ајде и тие да се приклучат на трендот. Не сфаќајте погрешно, далеку од тоа дека овде има подобри услови.

Инаку ова со БГ пасоши го осудуваат лица што им е лесно да фатат патот, ИТ сектор претежно и други технички факултети што благодарение на моменталната ситуација со струката малку се занесуваат. Тие што ги знам(а знам многу) со бугарски пасош ниту еден не се чуствува бугарин ниту пак го интересира Бугарија. Некој веќе и го откажаа откако почнаа да земаат германски пасош.
Абе никој не се чувствува Бугарин, ама би рекол дека Татарите се во право што не заебаваат, сами си го бараме со боринче.
Само пусто Македонче живее тешко, и мора да извади туѓ пасош за да успее, не викаат дека треба да си ги подобрат вештините ако сакаат да им се отворени вратите во цел свет.
 
Член од
17 август 2011
Мислења
10.256
Поени од реакции
18.205
Гледам хејт кон тие што се потпишале како Бугари. Од една страна ми е скроз разбирливо зошто, од друга страна пак, научив во животов дека кога станува збор за некаков опстанок, или излегување од таа мизерна дупка, не бираш средства, гледаш само да се избавиш од мизеријата и кога веќе си во таква ситуација, или пак поради било каква причина сакаш да се иселиш, тука веќе нема место за патриотизам. Патриотизмот не ти ги плаќа сметките и не ти ја храни фамилијата.
Автоматски споено мислење:

a maceto?
Види од една работа ги разбирам, ама од друга страна ни ги отежнуваат животот на нас што останавме тука. Така да не може да ги оправдам кога работат на моја штета. Секој си глеа своја корист ама има линија каде твојата корист проеѓа во туѓ проблем.. Е сеа дали они го сваќаат тој дел е друг муабет.

За другиве иселени апсолутно сеедно ми е, дури би рекол и корисно е за општеството.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom