Ме мрзи да барам по YouTube, има еден јак момент во подоцните сезони, кога Кармела наводно ќе се разведува и дискутираат со Медоу во која насока ќе се движи животот на Кармела по разводот. Медоу сугерираше нешто од типот: You gotta have options (во смисла работни места, доквалификации и сл.), одговорот на Кармела беше: No, Meadow. You have options, I have my lawyers.
Како бел ден ѝ беше јасно дека муабетот со опциите е боранија и дека е апсолутно неспособна да работи нешто, да се бори со рутината и притисоците. Единствено решение ако се одвои од Тони би било да го одере финансиски, така што целиот живот би го осигурала...