Тахнички гледано на крајот сепак се најголемите добитници се САД.Меѓу ЕУ и Русија никогаш немало поголем раздор освен за време на Студената војна.Тоа беше и главната цел на САД и Британците.Сега САД им шиткаат гас на еУпо четири пати повисока цена ,огромни европски фирми своите фабрики ги преместуваат во САД и Кина.Кина и Индија добија огромни количини на Руска евтина нафта.
Засега да, најголеми добитници се САД. Но ништо сеуште не е готово.
Главни губитници се Украина,ЕУ и Русија.За ЕУ и Украина не ми е чудно,нив ги водат платеници на САД,ама русиве како го голтнаа мамецот ,страшна работа.
Не е „голтање мамец“.
Се работи за егзистенција, бранење од агресија.
Не може јас со секира да замавнам кон тебе, и некој да ти кажува „абе лажњак ти прави овој“. Ако не се браниш толку ќе биде од тебе. Кога некој те напаѓа, сите филозофирања паѓаат во вода. Или ќе се одбраниш, или ќе те нема... Тоа им се случи на Русија кога САД направија државен удар и поставија своја власт во Украина. Следеа 8 години изживување врз Русите таму, големи злосторства, мачни убивања цивили, постојано гранатирање на Донбас, итн. Сето тоа е за да се испровоцира Русија и тие тоа го разбираат. Но кога почнаа најавите за членство во НАТО, а потоа и за градење на нуклеарно оружје...
Истовремено се поклопија некои работи. САД се обидуваше (сеуште се обидува) и пазарот за земен/природен гас да го стави под контрола како и пазарите за другите фосилни горива, и како резултат на тоа цените на енергенсите беа скокнати во небеса. Ова уште пред војната и пред било какви најави за неа. Епа тогаш Русите ја дочекаа својата шанса. Како да расчистат со проблемите (американските марионети) во Украина, а истовремено да ги преживеаат предвидливите санкции... И не само да ги преживеат санкциите туку и притоа да профитираат финансиски.
Дека е војна и дека таа чини многу, тоа е точно. Но едноставно не постоеше шанса да нема војна, не без капитулација. Украина ќе влезеше во НАТО, ќе направеше нуклеарно оружје, САД ќе направеа ракетни бази на помалку од минута летање до најголемите руски популациски центри. Тоа е одложена
капитулација катастрофа на кратко време. Вака? Ќе видиме, засега не им оди толку лошо со оглед дека војуваат против САД и цело НАТО/Европа.
Што би рекле Америте not great, but not terrible. A
играта војната сеуште трае. Ќе видиме кој колку и што ќе изгуби, а кој што и колку ќе добие.