Пресвртница за Украина

Дали ја оправдувате воената агресија на Русија над Украина?


  • Вкупно гласачи
    716
Член од
20 септември 2022
Мислења
1.874
Поени од реакции
7.138
Кои мои Укроси?Кај виде дека ги величам?Ако ги критикувам Русиве не значи дека ги подржувам Укросите.Камо да изреагираа русиве поинаку до сега војната ќе беше завршена.А вака агонијата продолжува и за Русија и Украина и ЕУ.Ако економски пропадни ЕУ има да им завидуваме и на Шри Ланка.Корења од гавез ќе јајме.
Агонијата продолжува само за ЕУ и Украина. А да, во право си, требаше порано Русија да изреагира. Во 2014 требаше и повеќе од Крим да земат.
 
Член од
22 ноември 2022
Мислења
170
Поени од реакции
506
Баш дека војната беше неизбежна Русија требаше подобро да се подготви.А не дури сега да вршат мобилизација.Мобилизацијата требало да ја извршат многу порано.Сега мислат дека овие 300000 резервисти со двенеделна обука ќе се претворат во страшни воени машини?Исто и нападот на Киев беше тешко хазардерство.Авијацијата им доживеа фиајско.Некако влегоја во целава работа со преголем оптимизам.
Русија напарави, по мое мислење, три погрешни проценки, повеќе политички отколку воени. Прво, не го процени добро расположението на Украинците, сметаше дека самото нејзино појавување воено во Украина ќе биде доволно да падне власта на Зеленски. Декларираните цели на специјалната операција, денацификација и демилитаризација значеа всушност свргнување на Зеленски, носење нова власт која ќе се оддалечи од профашистичките струи во Украина, која ќе потпише автономија за Донбас, признавање на Крим како Руски и ќе прогласи неутралност. Тоа мислам дека беше како Путин го посакуваше исходот на операцијата.
Втора погрешна проценка беше до која сума САД е решен да потроши за да го одржува Зеленски. Мислам дека ни на сон не помислуваа дека САД се спремни да потрошат 100 милијарди долари на тоа.
Трета погрешна проценка беше до кој степен Европските држави се вазалски, и се спремни да извршат економски самоубиства, без да се спротивстават на господарите од преку океанот. Ова посебно се однесува на Германија, и затоа најжестоките критике кои доаѓаат од Кремљ се насочени токму кон Германија. Русите ја гледаат Германија како нивни главен бизнис партнер, и иден политички сојузник во Европа.

Грешките се направени, и Русија се вовлече во вистинска војна. Украинците се фанатизириани, оружје стига во изобилство и спремни се да гинат. Затоа сега Русија ќе турка друга тактика. Повеќе не смее да си дозволи големи човечки загуби, и ќе ја бомбардираат Украина се додека навистина не ја срамнат со земјата. Очекувам зимава да купат големи количини на ирански балистички проектили за кои Украина нема одбрана, и да уништуваат дел по дел од инфраструктурата. Струјата, железницата, мостовите, се додека САД не му каже на Зеленски дека оружјето што го праќа е џабе, и дека ќе мора да се преговара.
 
Последно уредено:

Klinton

wanna BOMB?
Член од
11 април 2010
Мислења
2.826
Поени од реакции
4.532
Ги напаѓаш Русите кои во војнава си бранат егзистенција на државата, со некој момент дека ~300К граѓани им стануваат економски непродуктивни.
Тоа истовремено додека го игнорираш фактот дека во САД и целиот запад континуирано иде хорда од паразити кои не само што се непродуктивни, туку се и целосно штетни.

Ти посочувам колку си необјективен.
Повели и другпат.
Автоматски споено мислење:


Замисли да те имаа Русите во генералштаб, се ќе беше поинаку. :unsure:
Другар тебе тешко ти е да направиш анализа за Русија без да дефокусира кон америте и нивните срања. Никако не смее прашина да падне на Русија, се им е оправдано оти америте се бетер во нешто слично на некој начин.
Според тебе мобилизација во Русија е удар за руската економија или не е?
Автоматски споено мислење:

Еве да речеме дека видеово ги опишува баш настаните што се случиле, знаеш дека со тоа што победиле една битка ја изгубија војната?
Ако им успеело изненадувањето на овие, ќе им направеа само промена на влада и ќе го тргнеа кловнот, и пак ќе имаа 10+ милиони народ во државата што сега го немаат, плус немаше да им се отцепува територија.
Веројатно ќе имаше праќање во гулаг на водачите во Азов, ќе им ја растуреа таа организација, НО НАЈБИТНО, ќе имаа далеку помало тероризирање врз цивилите, инфраструктурата, и гинење на недолжна војска (и на двете страни).
Сега пак ќе завршат со мировен договор, ќе изгубат територија, државата им е направена за садење на компири, камен на камен не остана од ракетирање.
Кој нормален ќе сака да живее во Украина во наредните 20-30 години?
Не реков никогаш дека Украина има светла иднина. Не ми е јасно што цело време дискутирате за нешто што се слагаме.

Не ја изгубија војната, само ја изгубија шансата брзо да ја добијат. А факт е дека после 9 месеци не само што не ја победија војната туку губат претходно освоени територии. Иницијативата одамна премина на страна на Украина.
 
Член од
1 февруари 2005
Мислења
1.299
Поени од реакции
1.806
Подобро од ова неможеше, Путин гради многуполарност, така да мора да има огради меѓу макро реоните. Место да удира санкции ембраго на западот, дојде обратното кое е исто, башка западот го покажа вистинското лице на колонизатор, мародер, империјалист, ѓубре, недоговороспосопбен. Украина е еден од фронтовите, другите фронтови не се војни а економски, финансиски идеолошки.
Дали Путин можеше подобро, не знам, неможеше, битката е многуваријантна, со силен противник, неможеш да го предвидиш секој чекор на НАТО, сепак и таму има генерали. Дури и за недела дена да го земеа Киев и убиеја Зеленски, едноставно ќе го преместеа главниот град во Лавов и ќе најдеа заменик на зеленски. Пак ќе имаше војна, ембарго санкции, сличен случај беше Либија со два главни града, две влади...
Запад сеуште не е официјално страна во војната, така да на Владимир му е лесно. Не сакат со добро и нормално да капитулират им гаси струја, вчера ја почнаа и железницата големиот чвор во Крив Рог, уште десетина такви места нема да има и дизел локомотиви кај да одат.
 

Klinton

wanna BOMB?
Член од
11 април 2010
Мислења
2.826
Поени од реакции
4.532
Не постои сценарио во кое САД ја губи оваа војна. Сите стратешки цели практично им се остварени, секој ден плус војна им е бонус. Европа е на колена, донесена во комплетно вазалска зависност. Воената индустрија им процвета, и ја задолжија Украина да не може 4 века да се раздолжи. Она што ќе остане од Украина практично ќе биде нивна сопственост. Ја натераа Русија да се испука поприлично, за нешта што веќе ги имаше. Крим беше под нејзина контрола de jure, а Донбас de facto. Она што Русија ќе го ќари од војната ќе биде Запорожје и копнениот пат до Крим, и питката вода за Крим. Тоа не е којзнае колку ако се види која цена Русија ја плаќа за тоа.
токму така

Ако победи Украина, изгубила Русија, победила САД
Ако победи Русија, изгубила Украина. САД ќе исперат раце на брзинка
Автоматски споено мислење:

Замисли каков feint било ова. Да ја жртвуваш елитата на руската армија како диверзија.

Ова е 4Д шах, не можеме ние вакви феитнови да разбереме, само ептен генијални умови вакви гимнастики може да смислат. Наше е само да гледаме и да уживаме во уметноста на руската воена команда.
Според видеото, ИЛ76 биле на пат ама свртеле назад оти не било безбедно.
Замисли кој покољ ќе било ако продолжете. Ако паднеле 2-3 авиони полни со елитна војска, какви ли приказни тогаш ќе продаваа...
 

Klinton

wanna BOMB?
Член од
11 април 2010
Мислења
2.826
Поени од реакции
4.532
Интересно видео за гледање. Четвртина нека е вистина, пак е ужас
 
Член од
17 август 2011
Мислења
10.234
Поени од реакции
18.150
Не постои сценарио во кое САД ја губи оваа војна. Сите стратешки цели практично им се остварени, секој ден плус војна им е бонус. Европа е на колена, донесена во комплетно вазалска зависност. Воената индустрија им процвета, и ја задолжија Украина да не може 4 века да се раздолжи. Она што ќе остане од Украина практично ќе биде нивна сопственост. Ја натераа Русија да се испука поприлично, за нешта што веќе ги имаше. Крим беше под нејзина контрола de jure, а Донбас de facto. Она што Русија ќе го ќари од војната ќе биде Запорожје и копнениот пат до Крим, и питката вода за Крим. Тоа не е којзнае колку ако се види која цена Русија ја плаќа за тоа.
алал некој разумен пост. Дискутабилно е и колку од тој ќар (запоржје и крајбрежјето) ќе им остане на крај.
 

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
18.779
Поени од реакции
23.096
Интересно видео за гледање. Четвртина нека е вистина, пак е ужас
Da se krstime vo Kinezite ko taka, tie izgleda se posledniot bastion na odbrana od zapadnata demokratija :cautious: .
Vaka sto mislenje imas za nivnata armija, gi biva za nesto ili ...:cautious:
 
Член од
17 август 2011
Мислења
10.234
Поени од реакции
18.150
Епа тоа е она што му го пишав и на @Menethil, не се химарсите гејм чејнџер, туку шпиунажата/сателитите/дроновите кои вртат цело време.
Скоро секој напад им е снимен претходно, и целиот команден Украински центар не е во Украина, туку римоут од каде што НАТО им диригира стратегии и каде да одат/бомбардираат/или ако влезе авион е детектиран уште додека е на територија на Русија. Ако ги оставеа сами, овие ќе беа капитулирани уште првиот месец.

Друга работа што мене ме чуди е зошто Русите му ги оставија сателитите на Илон, т.е зошто воопшто дозволија Старлинк да заживее, ваљда не се толку глупави да веруваат дека целта е интернет за пределите кои се во недојдија, и дека ги гради приватно лице, а не владата на САД за шпиунажа? Овие сателити требаше да бидат гаѓани уште првите 2 часови од нападот, без разлика што се во сопственост на компанија од друга земја. Индиректно истата помагаше на Украинската војска што значи дека се легитимна цел.
Мислам дека не се до толку наивни за потезите што ги прават, само од сам почеток ми мириса дека се игра и друга игра со која и двете страни ја ебаваат Европа.
Мене ми е јасно дека разознавањето им е најголемата предност (веќе и спомнав во темата), меѓутоа факт е дека америка се возджува да им даде модерно оружје од нивно производство. Од иста причина и Русија не ги мава сателитите. Така би влегле во непозната територија а никој не сака да почне нуклеарна војна тука.
Автоматски споено мислење:

Da se krstime vo Kinezite ko taka, tie izgleda se posledniot bastion na odbrana od zapadnata demokratija :cautious: .
Vaka sto mislenje imas za nivnata armija, gi biva za nesto ili ...:cautious:
Кина е фабрика на светот. Можат да произведат поише дронови, ракети, што било од остатокот од светот комбинирано. Ваква прокси војна за нив е идеално сценарио.
 
Член од
22 ноември 2022
Мислења
170
Поени од реакции
506
алал некој разумен пост. Дискутабилно е и колку од тој ќар (запоржје и крајбрежјето) ќе им остане на крај.
Тоа воопшто не е дискутабилно. Русија не излегува од ова клање со празни раце.
 

Vartolu

1897 Fighter
Член од
29 декември 2007
Мислења
14.969
Поени од реакции
5.589
Тахнички гледано на крајот сепак се најголемите добитници се САД.Меѓу ЕУ и Русија никогаш немало поголем раздор освен за време на Студената војна.Тоа беше и главната цел на САД и Британците.Сега САД им шиткаат гас на еУпо четири пати повисока цена ,огромни европски фирми своите фабрики ги преместуваат во САД и Кина.Кина и Индија добија огромни количини на Руска евтина нафта.Главни губитници се Украина,ЕУ и Русија.За ЕУ и Украина не ми е чудно,нив ги водат платеници на САД,ама русиве како го голтнаа мамецот ,страшна работа.
Јас тоа го викам од самиот старт на војната. Најголем добитник од конфликтот е САД. Колку подолго трае војната, толку подобро е за САД
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.434
Поени од реакции
18.404
И повторно да ве предупредам, да не се нервирате многу, затоа што за една недела ќе замрзни земјата на фронтот во Украина.

Winter is coming :D
 
Член од
22 ноември 2022
Мислења
170
Поени од реакции
506
Јас тоа го викам од самиот старт на војната. Најголем добитник од конфликтот е САД. Колку подолго трае војната, толку подобро е за САД
Секој различно ќе си го дефинира крајот. Ако Русија остане со ова што го има, тоа значи дека дефинитивно за век и веков си го решила проблемот со Крим. Тоа Путин ќе го продаде како огромна победа. Единствени губитници од оваа војна ќе бидат Украина и Европа.
 
Член од
26 септември 2012
Мислења
8.278
Поени од реакции
6.998
Интересно видео за гледање. Четвртина нека е вистина, пак е ужас
па не знам стварно како русите успеваат да ги избркаат европјаните од африка,американците од блискиот исток и азија

Божја воља сигурно
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom