Хелиоцентризмот, како и многу нешта кои ни се нудат под фирмата „...Научно е докажано дека...„, со својот зачеток е само идеја, изнесена од сега веќе легендарниот лик, кој своевремено немал технички можности за поубедливо поткрепување на таквата идеја.Треба на пример низ експерименти да се утврди што спроведува а што не. Воопшто хелиоцентризмот треба добро да се прочешла и повторно да се преиспита и ако има барем 5% вистина од целата таа наука јас ќе сум презадоволен. Затоа се восхитувам на тврдењата и доказите за рамна земја затоа што секое тврдење може лесно да се провери на пример дека водата секогаш го наоѓа своето ниво и е рамна, дека земјата е стационарна и неподвижна, дека лицето на месечината не се менува, дека месечевата светлина има пониска температура од надворешната,дека не постои физичко закривување на земјата или водата и многу други нешта кои МОЖАТ ВО СЕКОЕ ВРЕМЕ ДА СЕ ПРОВЕРАТ И ПОВТОРАТ.
Таа (хелиоцентрична) идеја до ден-денес е надградувана, доказите за нејзината точност фрчат на сите страни, и, како и во случајот со еволуцијата, сите научни докази, види чудо, се во функција на нејзината точност! Сите докази напросто самите од себе влетуваат во корист на точноста од таа идеја!
Е, ама ако некој се осуди да се посомнева (а сомнежот е корисен дури и во склоп од научните истражувања), тогаш таквиот лик се дисквалификува на најблаго речено, нечесен начин...