Нема оправдување за испадот со интервјуто и тоа е доволно за казнување. Која форма ќе биде казната(раскин на договор, тренирање со резерви...), мора да се случи. Јунајтед е поголем од секој играч, кој и да е.
За клуб како Јунајтед е недозволиво ваков испад од било кој играч и нема потреба за дискусија. Рој Кин како капитен беше избркан од тимот по јавна критика за тимот (незалагање на младите).
За содржината на интервјуто е дискутабилна неговата верзија барајќи алиби за многу работи кои се случуваа летото бидејќи во јавноста циркулираа други информации дека тој турка трансфер, а Тен Хаг секогаш изјавуваше дека Роналдо е во неговите планови. Делот дека не го почитува актуелниот менаџер (кој и да е) во јавно излагање е недозволив. Поготово што Тен Хаг е само неколку месеци со тимот и на виделина се доста позитивни промени.
Околу Глејзери и инфраструктурата може да се согласиме, но и за тоа јавен коментар од играч е непрофесионално.
Околу тоа дека лани бил најдобар поединец и постигнал толку голови како статистика е така, но на терен објективно беше друга слика.
Прво, претходната сезона Јунајтед без него заврши втор зад неприкосновен Сити и пред Челзи кој освои ЛШ и Ливерпул како актуелен бранител на ПЛ. Тимот како колектив функционираше многу добро и си делеа голови и асистенции меѓу Бруно, Марсиал, Рашфорд, Гринвуд и Кавани. Изгледавме тимски на теренот...
Второ, со неговото доаѓање нормално е да се очекуваат 20+ негови голови и дополнително подобрување во тој дел, но играјќи за него во форот го загубивме колективот и мислам од сегашна перспектива дека тоа што претходно го градеше Оле падна во вода баш поради него.
Од тим кој играше еден за друг, се сведе сите да играат за Роналдо.
Факт е дека годините почнуваат да го јадат и максимумот може да го дава со некое негово ротационо користење, но тој не мисли така и лошо влијае за атмосферата на клубот.
Омилен играч ми е од детство, ама неговото однесување е детско во моментов наместо да е зрело и одговорно. После ова интрвју, не знам кој сериозен клуб би ја ризикувал атмосферата во клубот со него.
Sent from my SM-A750FN using Tapatalk