Зашто мислам дека за беспари ќе го земеше некој, затоа протестираше. Не би протестирал за џабе.
Тоа е Роналдо, секад си бил препотентен циган. Ништо се нема сменето. Факт е дека ви ја ебе екипата, не требаше да го земат. Ама Јунајтед го довлечка и требаше да го испоштева ако не го планираат у прв тим. Ова со глумењево строгост и палењето како Рагник имал муда е смешно. Братот нема ни 1 посто од него постигнато, глупо е да гради репутација на ваков начин.
Тен Хаг е тренер на Јунајтед моментално, Рагник одамна не е. Овој истиот Роналдо, уште пред да го има првиот муабет со Тен Хаг, одлучи самиот да не се појави на закажаниот датум за претсезоната. Значи, уште пред да има прилика било што да му каже Тен Хаг или да не го испочитува. 2 недели не се знаеше зошто не доаѓа во Манчестер. Па дојде и самиот објави на инстаграм кога ке игра, откако Мендеш го нудеше наоколу, па добри корпи од Атлетико, Спортинг, Челси, Баерн Минхен, клубови кои мораа јавно да кажат, фала друже, ама не сме спремни да те носиме тебе цел тим, за да може ти да билдаш статистика.
Тен Хаг, како за играч кој има 38 години, и нема ни еден меч изиграно во претсезона, му даде цело полувреме. Примадонава навредена дека не го оставил да игра до крај тотално физички неспремен, веројатно за да не се повреди, го напушти стадионот на полувреме. Одби 2 пати да влезе во игра, уште еднаш си замина пред крај на меч. На крај, како капак на се, се дрзнал во интервјуто да збори дека не бил испочитуван од Јунајтед.
Така да, не знам како Тен Хаг гради репутација на него. Се што му следува на Роналдо е од негови постапки, без било кој да го испровоцира. 6 години играше со Гери Невил, му се налутил што кажал дека Јунајтед игра подобро без него, што е очигледен факт. Исто и со Руни, кој од сегашна перспектива, можеше да го има рекордот на Ширер за најдобар стрелец во историјата на ПЛ, фатил да се фали дека подобро изгледа од Руни. Друже, ако не си Шрек, нормално ке изгледаш подобро од Руни. Егоцентричен, самобендисан, арогантен. Одлепен од реалноста.
Мене само жал ми падна дека вели дека Јунајтед нема разбирање кога останал во Португалија летово, кога не се појави на претсезонската тура. Сега тврди дека детето му било болно. Во тој период, немаше никаква вест, ниту пак најава дека нема да се појави на закажаниот термин, ниту пак се до сега се знаеше што е причината за непојавувањето. Ако лаже и за ова, стварно е болен во мозокот.